Balon Tvister кај Гове студентскиот. Ама не е со хелиум, обичен е и залепен на кутиите. Сите др со хелиум што ги најдов беа преголеми. Од али Овие и happy birthday ми стигнаа, др работи што нарачував уште ги нема.
Нека стои тука знам многу баравте, а и јас, кому му треба еве кај има и цени како што ми пишаа. Ако знаете поевтини кажете да нарачам со време..
Еве ги сликите од роденденот Спојлер: Слики Спојлер: Торта од роденден Спојлер: Слатка маса Спојлер: Мезето Мезето е специјално за @FreeMind Заборавив да пишам,се е моја изработка,освен тортата.
Темава ти е фацка невидена вери енгри ептен ги сакам фациве на птичкиве. Тортата ти е многу убава и убаво си ги наполнила масите. Ептен батко Ѓорѓија сте се напраиле колку ракија се испи? Од се морам салфетите да ти ги исфалам, ем убави ем декоративно завиткани. И на тоа време што го имаш неспана без помош ова се сама си направила
Среќен Роденден на Јаков! Многу убаво. Браво за трудот и трпеливоста за спремање дома. Се е многу убаво.
Ви благодарам Слатко- солената маса ја спремав јас и украсував со помош на мм и сестра ми. Колачињата сите јас ги правев,кутиичките,подлогитеза колачи,стапчињата. Масата за гостите не е мое дело,си викнав и платив човек да ми сервира и да ги направи салфетките,уште тоа фалеше јас да правам. Сликичките на салфетките беа моја идеја и отпосле само ги вметнав. Правев и посна торта баш за денот,која откако ја пробавме излезе дека не е баш посна . Спојлер: Торта бај ми Не е профи,ама со мноооооогу љубов е правена. Потрошив добри 2 недели за да биде се како треба,ниту одмарање,ниту јадење како човек. И она малку време кое ми беше слободно,го вложив се да биде убаво. И не се каам воопшто. Фри се изеде и испи многу. Јас скоро и да не пробав дента ништо,се најадов од гледање. Не ме остави бебе на раат,лепенка за мене цела вечер
@hello-kitty.90 , среќен роденден на Јаков, голем да расти . За тебе едно големо браво, се е прекрасно, особено тортата што си ја направила .
Браво за се а посебно за оваа торта, преубо ти испаднала пиличи омилени и на синко му се Уште еднаш Среќен роденден на батко Јаков
@hello-kitty.90 извини, со задоцнување.. Среќен роденден на баткото наш, да е жив, здрав, среќен најсреќен и галеник да ви е. Прекрасно спремано, декорирано.. Прекрасно!
Камо да бев волку надарена Kara cookies,нема промашај жената @FreeMind утре Спиди па јас. Се надевам беба ќе биде умна и послушна да извадиме некоја слика
Еве ме. Само што ги испративме гостите, кумовите и бабите. Уште две тури гости ме чекаат во сабота и недела. Битно дома наполнив балони. И тортата беше хит. За викендов имам уште реквизити за децата што ќе дојдат. Јас лично мојот роденден многу си го сакам, ама нејзиниот дефинитивно ќе го сакам уште повеќе.
Среќен да е роденденот,да расте голема куклата и да биде решителна и амбициозна на мама. Балоните многу ми се допаѓаат, тортата кокомелонска ептен цакана.