Среќен роденден на куклата! Голема да расти, гордост да ви носи. Се е пре пренајубаво! @BabyT* А какви се на вкус? Мене таа што ми ги прави ептен ми ги погаѓа на лик, ама имаат вкус на цимет кој не го поднесувам и се преблаги. Сигурно сите колачи од овој тип имаат таков вкус.
@Spidy тортата ти е закон! Кокомелонка до крај, браво. Среќен нека е на малата и да биде остра како мама. И може од ладнокрвноста да ти земе дел, приземноста и стабилноста. Ма нека земе се од тебе заеби машки гени
Еј плукната е татко и, не ми скоривај јадови. Како покажува и карактер, и тоа се е на него. Мајка ми вчера збореше дека јас не сум била вака итра како бебе. Од личење на мене, само кога ќе ја облечам во исто За тортава, од Шарлота ја нарачав, јас сум презадоволна, иста ко што побарав е, и на вкус е преубава, па да ги препорачам на мајкиве што се спремаат за роденден. Мораше да биде Кокомелон, ништо друго не ја радува како лубенчево. Пошо не и давав да ја пипа, само се тегнеше некој да ја крене да ја гледа на маса
Среќен Роденден на малата @Spidy , да е жива и здрава и голема да расте! Преубаво е украсено и тортата ви е закон.
Мене ми се преубави и на вкус. Цимет многу не осетив и ми се допаѓа што и горниот дел, боеното е многу вкусно. Е сега ствар на вкус ама вреди да се пробаат.
@Spidy Најсреќна да е принцезата. Прекрасна торта. Ти и фри најголеми фанови на кокомелон. Патем, на кој начин го правевте списокот на гости? Роднини/пријатели?
Правевме посебно крштевка и роденденот требаше да биде во игротека. Проблемот е што маж ми нема другари со деца и стасавме до список со 50 возрасни и 10 деца и затоа се откажав од таа идеја. Вчера славевме со кумовите и бабите, сабота ќе ми дојдат старосватовите и 2 другарки, и недела кумашините. Сите со деца се, само не знам дали сите ќе ги донесат, нешто болежливи се сите периодов. Значи најблиските со деца по дома, околу 25 луге излегуваат вкупно (поделени во 3 дена зошто мал ни е станот). Да беше и крштевката сега сигурно ќе беа 60+ и ќе правевме во кафана.
Многу убаво девојченцево, кукличка Најсреќна нека е Кутиите се закон! Браво мајка, како се убаво си наредила и подредила, секоја чест, а пак тортата ти е совршена, абе браво, браво Најсреќен да е дечкото Најсреќен, многу убаво На пола и повеќе бебчиња хит на 1год им е Кокомелом
Додека можам да ставам детали подоцна сигурно ќе ги заборавам: -поклон за гостите готов -вината залепени со посебна етикета за денот -наместо слики и направив лајф проџект со писмо од мене -временска капсула