@FreeMind, ти кажав ли дека декорацијата е топ Ако сум кажала, еве да се повторам. Топ е. Стварно одлично сработено.Секој детал, одлично осмислено и реализирано Бравоо цуро
Ех блокирана. Па главна фаца е. Што има вие со слики да ја замарате Слаткишу најпрекрасен. А декорацииве ти е бајка. Прекрасно направено.
Не лажи заглави кај алкохолот гледајќи го... @Emma2 i @Мариаа. со нас во Наџак планирајте ја ќе заборавев да споменам Среќата коловоџа со бело шамивче и @Happyinlove со 3/4 такт. Тоа би било средба на годината После ќе ве спојам со мојата екипа дел е и овде @Miss.Sweet и тргаме у Аеродром у кафана. Елеци за спасување само земете.
@FreeMind време ти е за нова професија Среќен роденден на Емили Нека животот и’ биде бајка ко оваа од тебе направената
Сами си спремавме. Малата од 18h издржа до 00. Се изнајаде смоки. Душата од сабајле ми е со температура рацете во уста нон стоп, непцата жешки. Се надевам до тоа ќе биде.
Среќен да е роденденот да и се множат годинките. Многу убаво спремено. Не се секирај мајка, ќе пројде.
Убаво си искомбинирала црвено со розово бои кои во принцип не се мешаат си ги искомбинирала перфектно баш како целина изгледа интересно. @Bubce38 ќе прашував кај си по темиве те немам оддамна видено од кога стана главна на форумов и оп се појави
Балоните пред да се надуват изгледаа црвени и оп, накај розе.. Се изнервирав, ама се уклопува. Бтв само што дојдоа деца се направија хаос.
Здраво женски, ако може предлог за ресторан за прв роденден. Ке се слави во месец април. Што би ми предложиле вие? Нема да има многу деца ( само две ) другите се возрасни. Фала ви
И нашиот 1ви роденден се ближи, 28ми март. Закажав во кафана, сега следно морам да смислам тема. Најмногу се радува на Кокомелон, друго ништо не гледа и не ја интересира, па се мислам дали тоа да биде. Торти има преубави, на Спиди исто многу ми се допадна, но идеи за декорации ептен слабо, речиси ништо. Нема ни на пинтерест, ниту на Али нешто да порачаш, верувам дека и жената која планирам да ми украсува нема такво нешто правено....
Исто, само Кокомелон гледаме. Ако имаш некоја идеја за торта од цртанот предложи ми. И ако може да ми кажеш во која кафана закажавте?
Не сум од Скопје, па нема да ти значи кафаната, а торти има на гугл еден куп, си симнав повеќе, се немам одлучено за која се уште.
Зошто тортата мора да биде нешто што на бебето му се свиѓа? Мислите на годиначе изгледот на тортата му прави разлика? Бирајте си сами изглед на торта дур можете