Ќе му речам така ти сакаше, што да не ќе се сеќава Може така да ти рече и за нешто што сам одбрал па по некоја година да се срами од изборот
На мојава и е за еден месец роденден. Закажавме неколку дена покасно, бидејќи во сред недела и се паѓа, а стварно не можам така. Па и на ново работно место нема шанси. Торта со мајка ми сами ќе првиме. Сакав од Делиција да си порачам, грчка, проверени ми се, ама мајка ми баш таа торта феноменално ја прави. И онака сакав да биде "гола", да се гледаат пандишпаните, па мислам ќе ја средиме. Мама ќе ја среди, јас само ќе матам . Деновиве да изнакупам хамери за да правам цветови, ленти за машнички, и најверојатно ќе ја крадам идејата на @FreeMind со големите тегли со чоколадо. На крај решив да правам слатка маса, иако бев баш против, ама цилиндрите што ги зборам цело време многу скапо ми излегуваат. Битно кондурки и купив на девојката. И не знам за кафана. Вчера прашував во Старо Буре во Кучково, ама 1000 денари од човек фаќа. Градина ми е досадна некако. Лира посебно ни значи на мене и маж ми, многу битни работи прославивме таму, многу интимни разговори под огромните дрва, ама и таму е огин мислам. И се надевам нема да ме извиси али, уште бајаги ситници треба да стигнат.
Што ти фали од Али веднаш прај алтернатива со гаранција 50% дека нема да стасаат. Ајде возбуда на макс убави денови пред себе имаш, динамични
Мајки битолчанки што сте нарачувале торти од ММ Sweet мислам го погодив,може од прилика цени да ми пишете како се движат,и достава во друг град дали вршат. До сега фаворити ми се за убаво украсени торти...
Јас ти ги препорачувам Мариели кејкс, најдобри се, а за вкус посебно, од секаде имам пробано, дефф највкусни се.
@AlicaInWonderland мислам дека ти имаше нарачано торта од Моцарт. Како им е по вкус, цена,на изглед се феноменални знам?Вршат ли достава по градови, пошто не сум од Скопје прашувам? На Медена како се движат цените околу колачињата? Деновиве ќе им пишам но сакав за мислење да те прашам
Да од Моцард имавме торта, изгледот феноменален, ми ја погодија повеќе од што очекував. Вкус исто преубав. Скоро сите гости побараа второ парче, не остана ништо за дома и сите ме прашуваа од каде е и ги пофалија дека се преубави. Цената изгледа им зависи и од изгледот, пред да ми кажат цена сакаа да видат каква барам. Мојата беше 70 парчиња, 8.500 денари. Не вршат достава по други градови. Јас испратив човек да ми ја подигне. Беше супер спакувана за транспорт. Од медена зимав колачиња за запче и први чекорчиња. 60 денари е парче. Чекорчињата ми беа плус спакувани секое посебно и тие беа 80 денари парче Јас сум презадоволна и од Моцарт и од Медена. Комуникацијата им е одлична. Само Моцарт имаат тешка комуникација првично. Прво им пишав на фб ама не враќаат редовно. Отидов на лице место и жената ми објасни дека имале 3 профили, а премногу работа и не можеле да стасаат и затоа перферираат договарање на лице место и да може да се направи убав муабет што сака клиентот. Од коа се договоривме таму на лице место ми даде број и на вибер постојано беше достапна и за се нешто што имаше идеа или сакаше да промени од мојата првична идеа обавезно ќе ми пишеше што и како мисли она дека е подобро. Јас комплетно оставив на неа и излезе поубава од што ја побарав
Хмм значи послабо комуникација преку социјалниве мрежи, али ај ќе се обидам. Поентава ми што ние си одиме Мкд 10 дена пред роденденот па да не ми е касно ако треба да одам до Скопје да се договорам на лице место? Фала за инфо сепак
Нема да е касно. Јас кога им пишав на фб дека ќе дојдам да се договориме и да оставам капар, само да ми кажат кога да идам да се организирам со време бидејќи сум со бебе ми рекоа може една недела пред роденденот. Ти секако пиши им на фб чисто за општи информации. Ако правиш кај нив кажи им да ти чуваат термин мада они сериозно ќе те сфатат после капарот Сигурно имаат многу што само прашуваат, се договараат па нема да отидат па сигурно си заштедуваат време при целата работа која ја имаат. Али сепак основни информации како дали може да се направи, која ќе биде цената и колку време унапред треба да идам ми пишаа и на фб
Некоја идеја за прв роденден ама дома...со коронава тешко игротека..ма да за месец здравје е.. со мики нешто...мојт хелп
Мики Маус така? Повели: https://www.pinterest.com/search/pins/?rs=ac&len=2&q=miki maus birthday party ideas
Да да , на мики маус мислев Фала ти А во ск некаде има од сетовите како што се на алиекспрес? Се продаваат некаде?
Мајки кои имате роденден летово, ќе правите баш роденден или по дома или со намален број гости? Немсм прашувано по ресторани како ќе биде.
Имам слики ставено поназад во темава, само балоните и тие книжните ми беа од али, др се сама направив.
Од алиекспрес ги нарачав, ми се чини 6-7$ беше една. Супер се, ги спакувавме па здравје догодина може пак ќе се најдат.