Ние ќе славиме сега, сами, ние тројца. Ќе си направиме торта, со мм, чоколадна фрноменално ја правиме, сами ќе си ја украсуваме. Ќе си надуваме балони, и ќе си го обележиме денот со поклони и изненадувања. Така одлучивме без мешање, ради ситуацијава, имаме хронично болни и стари најблиска фамилија, кои ќе дојдат понатака без да се заедно. Мама му купи облека, го дотера ќе си прошетаме на отворено. Тоа е што е, догодина во игротека.
Нешто што ми поминува низ мозок во моментов е шатор за деца со топки мали внатре како во игротека што ги има да го ставиш на ќош, во позадина некој вез со балони и бројки и хепи брдеј детска на тв. И да му шлакате рачиња додека го оставате во шаторот со топки. Сето тоа на тел снимано за да си помни како било Ковид 19 роденден. Во зависност дали лази или оди од овој тип игри ќе опремите.
Мајки кај да најдам 100 балони бели и во боја по нормална цена? На бебе планирам да му правам hot air balloon па ми требаат повеќе. Ако знае некој со цена нека пише.
На битпазар во тој магацинот имам зимано ја пред две години за свадбата, 100 балони околу 100 денари беа, ама не беа многу квалитетни, пукаа лесно.
Зависи, немам правено роденден на малава ама од свадбата зна дека убаво се изгорев.. за ништо како што имав јас замислено, а беше кажано вака сакам како на слика, ни цена прашав. 1000 евра да ми речеа ќе беше по фер. Ако си негде страдтво по муабетов, Амазон барај и наоѓај се што сакаш.
Декорација од 4000 па нагоре, најевтина опција е тоа. Не е лошо ама не е ни нај нај. Торта зависи од бр на парчиња, украсување итн. Покани се од 30 ден па нагоре.
Ние си направивме како замисливме. Бевме на викенд, дете беше пресреќно прв пат на плажа. Ние си се потсетивме на сите работи годинава. Дувавме свеќи, на најблиските слики им пративме и се видовме спонтано без мешање наредните денови. Сите не поддржаа во идејата, имавме роденден за памтење, за нас, без стресови, без организација некоја посебна. Сакав да споделам радост со фамилијата поширока, но во склоп на ситуацијата и колку се пазиме, вака ми беше спокојна душата и тројцата поминавме феноменално.
Среќен роденден! Баш фино сте прославиле како што налагаат условите. Нека се здраво и живи ќе има доста родендени и прогоди за славење.
Идеја за тема за првиот роденден на синко? За поголемиот беше twinkle twinkle little star ама во малку поелегантна варијанта, на најголемиот снег. На бумбарчево му е во лето. Се мислам за варијанта од истата тема (опседната сум исто да им удоволам ) или за некоја шарена, детска, летна со риби на пример. Он ги сака биби, боби... baby shark royal famiy, животни... Не планирам да славиме, освен бабите и во најдобра варијанта тетките, братучедите ама секако сакам да биде совршено спремено макар и за нас само
Јас би за морски свет, таман ја сака бејби шарк. А и нема да е интересно иста декорација како бато Има многу убави идеи на пинтерест:
Женски, за 11дена славиме прв роденден, ќе бидеме само домашните ама јас сакам да си украсам малце. Е сега, сакам да си направам некоја мала слатка маса. Дајте ми идеи што може да ставам на маса а, гледав на нет мафини, пуканки.. Каде да најдам такви хартиени за пуканки, за мафини, чаршавче, нешто друго што би ми затребало?
Со ситуацијава колку е безбедно да се оди во џамбо? Ниту еднаш од како се отворија моловите не сум била..
Avgust ke go prajme rodendenot Nekoj idei za masa kaj si ke bidat decinata nesto interesno nekoja tema ako mozi sliki , sakam da mu napram interesno I na decinata sakam da mu dAm po nesto, nekoj idei nekoj skoro so praese rodenden???
По вашите постови, гледам дека повеќето ќе славите роденден во оваа ситуација. Каде ќе прославите? Ние живееме во стан, немаме двор, а рестораните до 10 души примаат. Многу сакам да прославам 1 роденден на малиот, само баби дедовци тетки со кумовите, ама ми се фаќа бројка 25 до со се нас 2. Сакам да порачам слатка маса нешто едноставно и торта. Ако не славиме така пола од гостите ќе ни дојдат после дома на торта, пак мораш да спремаш и ќе се измориме уште повеќе, секој ден по едни гости. Мислење? Убава е идејата на членката што си биле на одмор, ама ние кога ќе де вратиме, пак ќе ни дојдат дома на торта )