Нема веќе мерки за рестораните. Кај нас на велико се прават родендено, крштевки и се по ред. А како што слушам секаде е така.
Бев ограничена со простор, средства и време, ама аматерски океј е. Бохо чик беше темата, немам во мобилен слика од знаменцата на кои тоа беше напишано...
Браво,секој детал запазен особено ми се допаѓа идејата со отпечатоците Среќен роденден,да е здрава и жива женската,пораснала голема
@Yowannty прекрасно, супер оригинална идеја, браво за мама. Среќен роденден на малата, гооолема да расте
DINE мислам дека се незаменливи, е сега цените не знам колку им се нормални , најдобро е да им пишеш на фб.
Среќен нека е роденденот на сите другарчиња , полека почнавме за денес и ние да се спремаме. Нема да имаме многу декорации со оглед на тоа што внуците ни се големи, но сепак нели мајка се потруди.
@Yowannty преубаво е декорирано, здрава и жива да е Малку офф топик, од каде можам да најдам материјал за отпечатоци, и како ги правеше? И шаторчето од каде е?
Фала ти. Живеам во Грција, па материјал за отпечатоци земав овде. Заедно во пакет беа и двете лентички за стопалчето и дланкичето. Стопалчето од втор пат излезе ок, ама рачето нон стоп го мрдаше едвај еден отпечаток поасолен излезе, а и материјалот се потроши. Иначе можеш со темперна боичка да го изведеш истото. А земав исто и друг вид на отпечаток, прашкаст е, мислам дека вода се додава и потоа се стиска смесата да се остави отпечаток, плус доаѓа заедно со рамка, уште не стасавме да го направиме тоа. Мислам дека не беше поише од 3-4 евра, од Џамбо. Шаторче нарачав од Македонија. Поточно шаторчето со карнери од Матра. Па ќе биде задоцнет подарок. Ѕирни ги Матра на фб, имаат многу убави шаторчиња, плус се нетипично многу љубезни.