Perfeto немам пробано, Kuvertira се одлични ама и соленки, а и романса сум пробала добри се но незнам какви им се цените. Јас сега за роденден од Шарлота ќе нарачам
Јас од романса сум презадоволна, и од вкус и декорација и цена. Од перфето торта немам земено, за вкусот нема да згрешат ама мислам дека поскапи за декорирање. Кувертира за роденден никако. Најефтини да, вкус катастрофа, ефтини маргарини, преблаго....а за декорација со фондан се уште немаат искуство. Им дадов три пати шанса за др.поводи и не ги бива. Канела- се мрднале со цените. Тоа што беше пред две години за 2300 сега 3000???
За торта 60 парчиња Шарлота 2250, Романса 2750-3150, Станислава 3000, Кувертира 2850, Перфето 2350-2500. Најверојатно од перфето ке порачам, само сега мислата е дали маша и медвед или пепа пиг. Help
Јас имам нарачувано од Кувертира неколку пати, за прослави дома, и за други прослави, секогаш сум била задоволна од вкус ( ги имам нарачувано вкусовите Комбинирана и Царска), испорака, цена и број на парчиња. Секој што ги пробал нивните торти ги пофалил, и на кој и да сум ги препорачала биле задоволни. Чудно ми што го читам ова за нив. Еднаш дури и ми излегоа во пресрет ( итно ми требаше торта, заборавив да ја нарачам на време и ми направија торта истиот ден, по мој избор на вкус и форма/изглед и ми ја испорачаа дома за неколку часа. Од Перфето ја имам нарачувано Баунти, исто така нема грешка со овој избор. Една од најубавите торти што сум ги пробала.
Е па мене не ми се погодија, може вкус е во прашање. Исто така и јас имам три пати порачано, царска, комбинирана и шпански ветер ама секогаш ми доставуваа торта со ист состав? Викам ај еднаш да погрешат ама три пати....искрено веќе две години немам порачано, може сега се подобриле. А од романса влашката е непогрешлива.
Многу скапо ги плаќате тортите. Јас нарачувам секоја година од кај иста жена и тоа феноменална декорација и 60 парчиња се 1700 денари. Јас нарачувам од таа со помалку парчиња за 1200. Јас мислев дека Ск тортите се поевтини
Скапи се....2300 за 50-55 парчиња, а 2700 за 65-70 е во романса. Канела лани ми побараа 3000 за 50 парчиња а декорацијата не беше кој знае што ( сината канела). Црвената мислам дека е малку поефтина.
За првиот роденден на син ми, тортата беше брод кој се лизга на сино желе. И тоа буквално се движеше по желето. Феноменално изведено. Алал да и е на жената. Таа декорација се наплаќаше плус. 70 парчиња торта и декорацијата ги платив 2000 ден. Ова што го читам е претерано
Јас крштевката ја правев Охрид, маж ми е охриѓанец, имавме порачано торта тука одма кај Монтенегрин беше многу убава 60 парчиња со фондан 2000 ден.
Јас за роденденот мм пред некоја година порачав чоколадна торта од оваа жена. Не се сеќавам колку ме чинеше, ама алал да и е какви торти прави. Сам си кажуваш каков состав да е тортата и ти формира цена. https://www.facebook.com/suzana.stoimirova?fref=ts Не сакам да правам реклама, само сакам да помогнам некому во изборот доколку можам.
Да, имаше една слаткара тука ама мислам дека ја затворија. Не сум нарачала ама имам слушнато дека имале убава декорација
Mamicki nas ni e rano za rodenden ama za tie majki sto se od bt.ili blisku do bt, Gi preporacuvam slatka kuka zenata fenomenalno gi pravi tortite na vnuk mi sekoj rodenden mu se od tamu, I vkusni i polni epten I za dzabe pari 50 -55 parcinja 1500 den.posledniot pat mu besee spajdermen so fondan,prethodno cars I sungerot bob no coment se, osobeno svaler torta I kinderot se izv za lat od mob sum od sk.od amarena sum zadovolna do sea I sharlota
Јас од Кувертира имав нервен слом. Нарачав торта која кај нив ја видов на слика во фото албум. Кога отидовме тортата да ја земеме, се шокирав. Аматеризам невиден. Ја побарав сликата и прашав - иста ли е? Добив одговор - ееепа тоа е од интернет (?) Ова беше пред неколку години. Во меѓувреме можеби го научиле занаетот Од Шарлота сум задоволна. Нарачуваш торта во 12, ја имаш испорачано во 18 часот. Алал да им е. (единствено тортите кои не се со фондан, подлежни се на претерано китење , но и за тоа има лек - укажете им дека не сакате да има цела цвеќара на тортата) Да не бидам офф. Првиот роденден ..аххх ги поканивме сите што ги познаваме , славевме три дена. Поминавме најубаво и најуморно. Детево од што му се смачи да биде штафета, прооде
Јас за роденденот на синко нарачав од Аромати чоколатерија. За 80 парчиња, на два спрата, со 4 фигури од фондан и велата со фондан, 3500.