Правевме и крштевка и роденден со кумовите неделата. Покрај облеката за во црква, свеќи, крпа, и донесоа цела бовча. Навистина убави работи од окаиди и Дизни, златно ланче со крсте,чевлиња цицибан и два комплети од Бенетон настрана како за роденден. Плус торта.
Ваучер за да купиме што сакаме од Молот во рок од 3м, во секоја продавница каде има детски играчки и облека може да се искористи. Полн погодок, купи и ти и ич не се замарај со бирање и погаѓање вкусови. Отвори на сајтот на Сити и види од колку ти одговара да зедеш ваучер. Мислам од Комерцијална се купуваа.
Крштевката помина, само роденденот ќе се слави, за девојче се работи и навистина немам никаква идеја...
Мајки од кои слаткари во ск порачувате торти? Би сакала да ја направат како што ќе пратам слика, да не чини цело богатство и да е вкусна?
Аромати не се скапи а ги прават на изглед баш како што сакаш плус и вкусот не име лош. Исто Канела и Романса,ама малку поскапички се од другите. Делиција убави на изглед ама мене лично не ми се свиѓаат многу на вкус ,ми мирисаат на маргарин ,а на некои им се многу убави пак. Е исто и Њу Јорк види ги многу се вкусни,ептен. Прати им на сите слики и види отприлика што ќе ти кажат.
Добро од каде порачувате торта за smash cake? Се сложив сликарката да порача (испадна дека порачува од Аромати) и пак истиот проблем. Шлаг колку да се рече, дете пипка и таман ќе се залаже да брцне подлабоко одма плачки. Внатре баш торта, претходно замрзната
Нашата беше од ве-микс, само ми направија утка сликата што им ја пратив беше со црвена торта и јас им нагласив да биде како на сликата само место црвена сина, и тие ми ја направиле црвена, и им ја вратив да ја преправат.2000денари беше, со фондан и околу 30тина парчиња, а мајка ми исто торта порача од таму 500денари со слика од бебка, без фондан, околу 20-25парчиња. Вкусни беа и двете.
Каде се сликавте? Роденденот е на 20 Септември па да знам од прилика за цена ? А торта мислев од ве микс да нарачам
Делиција. Конечно најдов нешто со нормални цени а декорација без утка! Препорака за состав е домашната торта. Ги имам пробано повеќето. Не се сложувам за маргаринот со @azelea
До вкус е веројатно. Мене не ми се нешто аууу ама за тие пари добри се. Инаку на вкус совршени ми се на Зафир ама скапички се,а исто има една слаткарница одКуманово Грими ,поубава торта не сум пробала
Се сложувам дека е до вкус, а може било и до составот на тортата, баш последнава грчка што ја јадевме заедно (а ја утепуваа од фалење) беше баш ко што ја опиша. Мене не ме бендиса. Ни малина не ми се свиѓаше иако имаше изобилство од лешници, но најважното-малината не се осеќаше како онаа на ЊуЈорк слаткарницата Но овошната, Шварцвалд, домашна, шери и киндер им се одлични. Зафир се одлични, но како се со цени? Си купувала?
Мајки дали украсувавте за првиот роденден на вашето малечко и како? Јас сакам да си украсам сама дома ама не сеуште не сум одлучила како, па ако може да ми дадете некоја идеја. И дали знаете некоја онлајн продавница за порачување на роденденски декорации?
Гледам со ќерката што сум пишала. И овој пат беше супер прослава, taking into consideration the circumstances. Отидовме во Македонија, се тестиравме негативни, па решивме ќе прославиме во поширок состав. Се собравме ние и нашите родители, и плус сестра ми и брат му на маж ми. Славевме кај нас во викендица. Ручек (пици, скара, компири, погачици и кифлички со освежителна салата, јатки...) и плус благо (торта и мафини). Тортата беше со Big bugs band (цела година само тоа се слушаше), и исто чоколадна. Декориравме сами со декорации од тука земени. За децата имаше и лулашка, и секакви играчки. Сѐ на сѐ, супер си поминавме. Јас сум задоволна што во ова време најдовме начин да се собереме (иако масите беа на растојание).
Крајот на јануари славиме прв роденден многу сакам да го прославиме некаде ,не знам како ќе биди со вирусот, рано ни е знам ама каква идеја вие што славите во зима роденден а немате услови дома??