Ние правевме во ресторан. Правевмр и роденден и крштевка. Имавме торта со Minnie Mouse, имавме покани, маса со балони, со чоколадца со ликот на Minnie, имавме украсена маса ми земаа 2 200 за украсување на масата. Плус торти добивме од кумовите, кумашините и од деверот. Вториот роденден планирам ако пуштат ради вирусов да биде во игротека
Утре славиме 1 роденден.. Од кога се роди си замислував голем прв роденден со многу гости и голема торта и се случи пандемија. Епа затоа не славиме никаде, ама земавме ден од одмор и јас и маж ми и ќе бидеме цел ден заедно. Уплатив за фотосесија, ќе го сликаме во парк, нарачав многу балони и убава торта, па ќе го сликаме со балоните и сите бои на есента. Попладне ќе прави cake smash ао торта направена од состојки што може да ги јаде, баба му му прави, сигурно многу ќе се радува. Ќе пишам утре впечатоци. Многу многу се радувам. Некако неверојатно ми е дека помина цела година.
Ние ќе славиме на 14ти јануар, добивме инфо дека до 40 души ќе смее ама ете вчера одлучиле да нема никакви прослави.. а толку многу сакам да и направам нешто. За дома исто немаме многу услови како ја што замислувам ама ќе икрасам, торта нарачав, сега сакам да прашам пошо не сум од Ск, а тука живеам, кој убаво прави јадење и декорира јадење во Ск? Најблислите ќе сме ама сакам пак да е се перфектно, сама немам врмее да прааам ни кифли.
Ти на сред пандемија планираш со 40 души роденден??? А, најблиските колку се? 20 души?? Епа алал да ти е на мозокот што го имаш
https://ketering.com.mk/ Види ги овие ми ги имаат препорачано како добри. Ако сакаш малку полуксузно да не е класична даска сувомеснато налупано туку нешто интересно би ти препорачала да користиш услуги “ин лајф кетеринг” односно ви готват на лице место специјалитети за кои ќе се договорите нели. https://instagram.com/cookingwithbranko?igshid=1gefz48hjjhyc Разгледај го дечково ако ти се допаѓа како личи можеш да се договориш и за цена и за мени. Јас така би замислила ако веќе е дома и сте ограничени, а имате можности да си дозволите малку луксуз на тој ден.
И јас сум 31ви Јануари и размислувам на темава Што можам ќе фрлам идеја. На крајот се зависи од џебот и желбата. Али радо би. Само смисли тема Сега тоа размислував. Толку лоша година имавме и децата ќе ни слават родендени ете така изолирани да речам од свет. И за нас треба да направиме да се чувствуваме добро тој ден оти е сепак и наш празник.
Најголем и најубав празник е. И да сме сами дома си реков ќе уредиме. Затоа што е прв роденден и мали не гледа ни цртани, ни па има нешто да сака посебно, освен јадење далинска, јас сакам тема со диносауруси. Лелеее и Емили била водолија. Затоа има таква енергија, привлечна. Дури и преку слика. П.С и мм ја знае, кога и да ја објавиш го викам да ја види каква прекрасница е.
Прво види боја каква сакаш да ти биде и некоја идеја за масата: https://www.pinterest.com/pin/330873903869057744/ Потоа детали: https://www.pinterest.com/pin/330873903869057744/ Ваква бројка ќе му направиш кај женава: https://www.facebook.com/inbloommk/ Исто и топер за тортата специјално за него. И за на ѕид хепи брдеј И тортава на која налетав успат Ит вил би меџик Благодарам за комплиментот. Колачиња кај оваа жена: https://www.facebook.com/topkolacinja/
На моето дете му е роденден на 30.12,ке полни 3 год, цело време си зборува за роденденот, ке имал мн гости, ке дошол дедо мраз ке има супер забава вика. Јас си мислам како да прославиме, најблиски сме 12 возрасни, 4 поголеми деца од 9-13 г и 2мали 2и3 год. Дали да ги соберам дома. Порачав торта. Лани викнавме д. Мраз му донесе кфрачкиама сега мие страв ради ковид да викам некој што шета по др.. Куќи. Во игротека ми е шубе исто. А детето си разбира и жал ми е па да не му прославам. Во голема дилема сум
Разбира/неразбира не е време за собиранки. Ти украси му дома, балони, декорации на се што се радува и прославете си вие. Мојава беше пресреќна иако немаше деца и други луѓе. Торта, околу торта, џиџе, балони, дотерана, сепак се почувствува посебно!
Или тој Дедо Мраз на врата ќе му го даде поклончето. Може и така годинава нема што да влага дома. Или направете цел филм како ја отвара вратата и Дедо Мраз заминува, поклонот пред врата со машна и му мафта охоохо Ем дете пресреќно ем вие сигурни. Мора модификации годинава да измислувате. Ама пак не се откажувајте од убавите нешта е мој совет. Се може да биде во игра. Може и од роднините некој да биде дедо мраз преправен тоа дете нема ни да познае кој е. Мене така чичко ми секоја година ми даваше пакетче како дете.
Ако видиш дека почнува одма се фрлаш да го стасаш Дедо Мраз и онака на клоци го враќаш пред дете. Он ќе бегал лигуш еден.