Мене ми е многу јасно дека не е време за тоа.бремена сум со високоризична бременост,цело време мирувам, неможам ни да спремам ништо, ке украсиме секако, уште од 01 дек ни е украсена елката ке до украсиме плус посебно за роденденот, побара торта патролни шепи, 3 дена ја биравме на интернет каква да биде и ја порачав.Мн е напредн синчето, мн збори, разговара,не е фалба да неме сватите погрешно, мн разбира, ми вика ти мамо седи чувај го бебето тато све ке среди, да ни дојдат гости, да има музика, да направиме забава, ми вика ти само седи ја и татосве ке средиме, мене срце ми се кине како да му речам не.Имам 2 сестри, маж ми 1, си ги бара братучедите. За дедо мраз не е толку страшно колку што инсистира да ни дојдат гости. Маж ми се нафаќа се сам да среди ама јас уште не давам зелено светло. Ама ако ги викнам само внуците, која е поентата да не ги викам сестрите, контактот е тој, мајка ми секако доаѓа постојано, исто и маж ми се гледа со неговите. @BabyT* i @FreeMind баш ме насмеавте, има шанси тоа да се случи.
На 3 години веќе разбираат сите деца. И мојава ќе канеше и другарчиња/комшичиња, раскажуваше како ќе и е роденден и се, дури памети и лани каде славела и каква торта имала. Јас баталив такви ќејфови. И стокмив се како за роденден, само без луѓе. Пресреќна беше. Јас брат ми не сум го видела од март месец. Внуците исто. Само ги бара малава. Се гледаат на вибер и тоа е. Здравјето пред се. Подобро така, него после една недела да се тресам за корона. Ептен да знам некој да нема контакти, ко ние што сме, ќе ги викнам. Ќе има време за славење, само да сме сите живи и здрави.
Мајки, ве молам за совет, што да купам за прв роденден на внук ми? Сестра ми ми нема идеја што да му купам. На што се радуваа вашите малечки?
Здраво мајки, пред се Среќна Нова година, да сме живи и здрави, другото ќе си дојде Откако дојде новата година се повеќе размислувам за роденденот едвај чекам да дојде март се радувам како мало дете дека прв роденден му е не знам каква ќе биде состојбата тогаш ама јас ќе си го направам меракот. Се сама ќе си украсам уште сега имам замисла, кај и да е ќе почнам да се припремам ме интересира каде можам да најдам масички за декорација по пристојна цена?
Мислиш некој да ти декорира? Сестра ми испопорача се од алиекспрес плати третина од тоа што наплаќаат Ако имаш желба да се тракаташкаш имаш таман време да се спремиш
Сама ќе си декорирам, само не знам што да употребам како масички на кои би стоеле тортата, мафини и сл. Несакам маса голема за вака нешто мислев
Мајки, со оглед на ситуацијата незнам како да се обележи роденденот на ќерка ми. Уште еден месец имам фора.. кажете добра декорација и слаткара ?
За прв роденден реално не се радуваат на ништо Ниту нешто се многу по играчки, по гардероба па ич! Најдобро договори се со сестра ти што ѝ е потребно, не мора во моментот, нешто таму за лето. Може некое точаче и слично.
Здраво мајки, јас и бебушко само што оздравевме од корона. Поминавме низ пекол, пред се психички, иако цело време почитувавме мерки, првиот ден кога тргнав на работа, сестра ми го чуваше и нареден ден она доби симптоми.. Чувајте се. Околу темата, во февруари моето синче ќе слави прв роденден, секако само ние дома фамилијарно. Се мислам можеби на тема Кралот Лав или нешто од baby tv Доколку не ви е мака, би сакала ваши предлози околу се, фотосесија, колачи, торта, украсување.. Не планирам сама да правам ништо бидејќи одам на работа и навистина немам време Иако многу би ми било мерак, за мојата свадба голем дел од украсувањето направив сама. Мнооогу ќе ви сум благодарна на предлозите и искуствата споделени. Гушки
Од Ск ако си, secrets wedding planer за декорација или пак обиди се сама за поефтино, имаш време, купи балони, купи теглички, стави внатре бонбони, машнички, налепници испечати со темата што ја сакаш, нареди слики со стопки малечки од бебе до сега.. нарачај торта и некој мафини нешто, колачи во вид на сладоледчиња ии тоа е тоа, ако имаш гости дома 5-10 не битно колку, ибав чаршав, убави салфетки во тон со балоните, јадење.. иначе ние нарачавме од Моцарт торта и колачи. Романса исто прават убави и префкусни.
Картони можда ? Поцврсти обложи ги со оние како платно што се ,што ги користат за виткање сега место целофан - знаеш кои така?
под твојот пост коментирав за украсување и торти од каде, е сега за фотосесија за новогодишна правевме во Перфекта студио, а за роденден во Fairytale_ photography se podpisani na Insta.
Моцарт е поскапичко ама за вкус се и двете преедобри. Обично земаме ние шнит за дома, прв пат сега нарачав роденденска торта и не знам точно за цена. Во сабота е роденденот, па ќе то пишам. За проба можете да земете мал шнит и ќе видите дека им се и на двете врв.