Јас почнав да правам вакви кутии, само се мислам дали да го пишува името или ONE. Ќе направам и вакви балони слично нешто горе 1 бројка Исто за на ѕид вакво нешто ќе направам Топери за торта и мафини (ќе имам и smash cake, тоа може ќе е ден пред роденден) 300 идеи имам затоа уште сега ќе си почнам со припреми за да постигнам
И јас ги сакав коцкиве ама името на синче е долго и некако многу ќе дојдат натрупани. А ептен ми се допаѓаат
Иначе, колку од прилика земаат за декорирање? За свадба само имав јас ангажирано, за роденден уште за цена не сме договорени и појма немам која е реалната цена.
Претеруваат со цените. Тие истите декорации ги користат на повеќе родендени само докупуваат балони што реално прескапо е и затоа решив сама да си правам
Леле ваша ли е баш ја видов на страната и си реков браво преубаво!! Нека и е среќен роденденот, голема да расте
Мајќи среќен роденден на бебушките, да винсе живи и здрави и големи да растат. Многу убаво декорирано кај сите. Поради корона не смееме да се збираме ништо да организираме, ќе си славиме домашна атмосфера.