Среќен роденден Ме интересира каде е локацијава или не станува збор за Македонија бидејќи прашав неколку локали не дозволуваат украсување и слатки маси ниту објавување на слики
Во Вила Рагуза правевме, на Водно што е , не дозволуваат мислам повеќе од 15-20 луѓе и на маса по 4ца.
Здраво мајки Уште еден месец мојата пеперутка полни годинка. Роденденот ќе го одбележиме со најблиските со оглед на ситуацијава. Но секако сакам да порачам фустанчиња за мајки и ќерки но да биде нешто поедноставно ,убаво и да одговара со декорацијата . Незнам каква боја да одберам. Дајте некој предлог за овој период од годината. Несакам розе или некои дречави бои.
Лаванда боја? Тема Пеперутки или Донатс/Капкекјс. Да биде се со пепњрутки или ете разни бој такви блакца, сладоледчиња..
Мајки како ви личи дека ќе биде ситуацијата со корона во мај? Тешко за славење нели? Генерацијо, какви ви се плановите, каде, што, како? @babyboy1 @lavinija28 @Veki4kaa @0ли и другите што сте близу?
Јас искрено многу се возбудувам кога ќе ми текни дека се ближи првиот роденден и истовремено се прашувам кога летна времево... Засега не размислувам нешто посебно за дали и каква прослава ќе се прави поради состојбава со вирусов. Плус, малиот е роден на 2ри мај, а оваа година мислам и Велигден тогаш се паѓа и многу се плашам да не воведат некој карантин како лани. Доколку ситуацијата е како во моментов, тогаш можеби ќе ги викнам само бабите/дедовците , сестра ми и деверот и така една домашна седенка/вечера што и да е. Да одбележиме, да му се порадуваме на малиот, да се посмееме, да дуваме свеќички....Уфф, преубаво чувство, да размислувам за роденденот на МОЕТО детенце....Но, ќе видиме како ќе се одвиваат работите, да се надеваме дека нешто ќе се подобри.
Уште не сме дефинирале, но со оглед на тоа што не се гледаме со никого, најверојатно ќе го прославиме сами ние тројца. Уште не сум смислила на кој начин, но ќе му одбележиме некако. Торта, колачи, балони, подароци, дотерување, сликање на разни локации и во разни ситуации. Не верувам дека нешто на подобро ќе се смени ситуацијата, дури и мислам дека ќе се зголемува бројот на заболени поради ширење на мутацијата, еве нема ни вакцини, па и не е баш паметно да се прославува со луѓе. Ќе надокнадиме кога ќе се среди ситуацијата. Вие што планирате?
Женски, Каде да најдам хартиени тањирчиња , чашки и капи ама еднобојни розеви , лилакови? Секаде се шарении
И ние го прославивме само ние 3ца, на 18ти му беше овој месец. Во четврток падна, си дувавме свеќа, во саботата имаше фотосесија и неделата со мајка ми и брат ми бевме на ручек ептен дека антитела имаат. Понатаму ако се потсмири би праеле крштевка со драги луѓе. Искрено наидов на доста осудувачки погледи кога кажав дека само ние 3ца ќе си славиме ама не ме засегаат. Ретко кој не слави, а мене тоа ми е за осуда. Ќе ставам и сликички. Правевме и cake smash ама уште не се готови сликите. Тие што имаа желба му донесоа подарок до врата и така поминавме. Здравје ќе има прилики за повеќе.
Баш е убаво, верувам дека дечкото бил среќен Сигурно според некои си претерувала и глупости е да не прославиш роденден на дете со луѓе. Ич не ми е гајле ако осудува некој што не се гледаме со никого и што сами ќе го прославиме овој роденден. Да беше нормална ситуацијата, ќе викавме и луѓе, сигурно немаше и тогаш да сме сами. Не верувам дека некој ќе се лути, сите знаат дека не се гледаме со никого и никој досега не форсирал средби или да ме убедува дека не треба до толку со никого да не се гледаме или дека не треба да прославуваме сами. Ќе честита кој сака, ќе донесе што велиш подарок до врата или со достава. И јас сакам смеш торта, ќе смислам нешто да направам. Треба да почнам да мислам и смислувам, помалку од 3 месеци имам за да се организирам.
Па јас кога видов дека бројките паѓаат се израдував дека ќе можам нешто да организирам во ресторан ама сега пак ситуацијата излезе од контрола. Секако дека дома ќе прославиме ако остане вака ама искрено се надевам дека нешто ќе се смени. Декорацијата и тортата ќе бидат исти како и да е, и дома да останеме пак ќе прославиме ама ќе ги викнам моите и на мм, со нив секако се гледаме. Моите имаат голем двор, па може и таму нешто да се организира и таа варијанта ми е најприфатлива засега каква и да биде ситуацијата. Во меѓувреме некоја да пише која фирма ви декорирале и по која цена?
@Jana06 Јас веќе си порачав од али експрес балони и еден куп декорации... Имаме голем двор па ако го средиме до мај таму ќе ги соберам децата од маало, деуги деца немаме во фамилијата, освен малиот од деверми.. планирав да му направам како мали поклончиња и слатка маса.. А моиве, светковци и деверми ќе дојдат вечерта.. Сега за сега тоа само, ама ќе видиме како ќе биди дотогаш со бројкиве на заразени
И јас се приклучувам, баш тоа размислувам деновиве. Дали да биде дома, дали во кафанче/ресторанче. Дома ако правиме ќе треба чистење пред, чистење после роденден, нарачки за јадења, пијалоци, маси распослани, а просторот ми е мал со оглед на тоа што сме во стан. Во кафанче мислам дека е подобра идеа затоа што нема да се замарам за ништо, освен за украсување (или ќе си платам да ми украсат) , некое масиче кај што ќе ја ставиме тортата, а тоа ќе биде и како простор за сликање.
Некаде на отворено? Ако имате дворче е идеално! А за прв роденден знам колку сте возбудени, но верувајте на детето не му менува ништо дали ќе бидете само 3ца, 10 или 50 души. Дури и поубаво во помал круг да прославите, полесно е за детето, без многу тормозење. Ние прославивме прв роденден пред пандемијата па пак решив да бидеме само 10 души и дома. Подароци не добив од никој друг што не го поканив. Чисто да знаете дека и ова може да го очекувате, да не се разочарате Искрено, многу порелаксирачки роденден отколку првиот роденден на поголемата ќерка што го правевме во игротека со речиси 50 души.
Се согласувам ама не знаеш колку ми фалат луѓе Во дворче ќе биде најверојатно, имаме пријатели со ресторан, па ќе ги викнам на лице место скара да се прави, место за сликање со балони и неколку високи кутии за колачиња и торта, високи маси и шведска маса (да речеме некој амерички стил). Е сега, колку гости и што како ќе видиме. Тие што јас планирам (најблиските) се околу 20 души и тоа ќе треба да скратам доста. Веќе имав проблем со некои за регистрација што не ги поканив, па сега ќе ми биде уште полесно да ги скратам
Одличен план имаш И сега ќе видиш со родендените на децата од година во година како стално по некој нов ќе отпаѓа