Како планирате да прославите родендем во пандемија? Ние живееме во стан, ете да викнам да го украсат со балони и масички ама за кого? Ајде ние ќе го сликаме, ама не може ни фотограф убави слики да направи И семејствава не би ги мешала ако не се вакцинираме до тогаш Дајте идеа, што ќе правите
Балоните и масичките се за бебето и вие да се радувате на нив. Ако не направиш ништо, да не ти биде криво многу покасно.. И за слики ич да не се секираш, битно е да ги има за спомен, не мора да се направени од професионалец. Здравје, му следуваат на детето уште мнооооогу родендени па ќе имаш можност секоја замисла да ја оствариш. За сега гледај да му го направиш денот најпосебен, не дека ќе се сеќава ама ќе се радува сигурно, а и вие со него.
Јас имав неколку опции ама на крај ќе биде кај нас во стан изгледа (доколку не воведат построги мерки). Ќе бидеме само моите и неговите, ќе му украсам со балони, торта, smash cake и имам уште неколку идеи за украсување, ќе видиме уште разгледувам. Моите веќе прележаа, свеки исто прележа иако не сака да си признае, така да тие ќе бидеме. Зошто да не се направат убави фотки? Само светлото погодено да биде, поубава камера и супер фотки ќе извадиш. Што да правиме, немаме баш некој избор.
Секако ќе му го направам најпосебен. Него муабетот ми беше следнот, ќе дојдат, ќе украсат, ќе го сликаме и толку од балоните @Jana06 кај мене мајка ми ја прими првата доза спутник. И зетот од на маж ми страната ќе оди да се вакцинира следна недела иако прележа во ноември. Сите други сме пријавени и во Србија и во Мк и чекаме да не викнат. Не би ги спојувала сега двете семејства, не сакам не дај Боже несакајќи меѓу себе да се разболат. Имав некоја идеа као во ресторан на отворено на посебни маси да бидат и таму да биде и украсувањето. Ама ќе видиме како ќе биде.
Те разбирам скроз, кај мене ситуацијата се смени во последен момент, секако не се разбира свеки да не ми доаѓа на гости, вака во ист ден ќе дојдат и готово, да не славам 2 дена.
Јас закажав фото сесија во студио,cake smash+Бањање во млеко,и искрено на тоа најмногу се радувам,оти ке остане. За дома торта и балони,уште единичка да купам голема и по нешто ситно,доста е.Нема да биде класична прослава,па му се радувам на самиот ден,околу декор и слатки маси не се замарам нешто особено,секако е мала.Има лом да ги направи балоните. Гости ке дојдат 5мина изгледа,од кои 3 прележани.Не верувам ни дек ке ја видат салам,среда паѓа роденденот,работен ден,дур дојдат после работа,таа заспива кај 20-20:30 макс.
Ние правиме понеделник роденден... Балони и торта порачани... Ќе дојдат прво моите а потоа родителите на мм за да нема мешање на фамилии. Колку да се одбележи денот. Крштевката ја планиравме заедно со роденденот ама ја откажавме за подобри времиња.
Јас нарачав балони од Алиекспрес,торта,smack cake имам многу идеа што да купам сама ќе си украсан секако само домашните ќе бидеме,а крстевка ќе правиме на 5ти Јуни исто домашните со кумовите
Украси, торта нарачај, сликај го малечкото, дај му да се чепне тортата, дај му да лижне, сето тоа снимај и сликај, имај спомен, без разлика дали ќе има некој гостин или не. А воопшто не се гледате со баба и дедо?
Да да обавезно, се гледаме ние, но не ги мешаме двете фамилии. Ама ми текна готово, ќе правиме во една винарија надвор од ск. Само нашите семејства, надвор на отворено на различни маси. Ќе му нарачам балони, веќе прашував за цени, и се разбира се залетав по едни и ми рекоа 15 000 денари Најдов и торта, чим ќе бидеме на отворено може и фотограв да дојде набрзинка да не сликне
Најди на интернет животно арт слатко, испринтај во боја, купи подебела хартија како картон исечи како таа форма на животното купи стапчиња за р'жничи и тоа е тоа
Можеш и да порачаш од страните каде што прават украсни колачиња cake toppers. Еве ми излезе на фејзбук кај девојкава што ги прави на профил, ќе споделам слика да видиш. Повеќето што прават украсни колачиња, прават и топери, распрашај се ако ти се допаѓа идејата.
Доколку имаш 5 минути слободни можеш сама да си направиш. Јас купив еден Куглоф колач, и готов шлаг во шише. Го пресеков на три дела и потоа го украсив со шлаг, ептен брзо и економично. Можеш било каков колач да купиш ќе ти заврши работа.
Дали има некој што на дете прославил прв роденден во пости пред Велигден. Каква торта купивте, посна или мрсна?