Ние ќе имаме роденден баш на Велики Четврток, моите ќе дојдат и кумовите само, ги прашав сите ќе постат така да пастмка некоја свежа салата,компир салата и една крем салата со туна и торта подна си нарачав. Некако и мене ми беше грев на таков ден мрсно дс принесам
Некако не ми се допадна составот на посна торта(сок од портокал, ореви, посна чоколада) па нарачавме мрсна. Сакав убава торта, прв роденден е, големиве имаа убави торти со фондан. Храната ќе биде посна, нема да готвиме дома мрсно. Ќе спржам риба, грав, компир салата, сезонски салати, ако имам време и посна сарма ќе направам, ќе купам посни колачи можеби од Вемикс, имаат добри. Пред некоја недела правевме крштевка, имаше и прасе и пастрмки печени, па кој што сакаше. Сега само со риба. Ќе бидат истите мал број гости. Ако некој пости, нека дојде по Велигден за торта, ќе замрзнам и тоа би било.
Ние си го прославивме првиот роденден на 2ри Мај, баш за Велигден Прославата беше во домашен амбиент, само во кругот на потесното семејство. Баш ми беше убаво со тоа што беше и празник па си се видов со моите, си ручавме и убаво си поседивме. Малиот беше супер, во центарот на вниманието хахаха. Немав некои обилни украсувања, само лента со среќен род., Неколку балони и тоа. Тортата баш ме бендиса, на почеток бев скептик бидејќи не беше од таму каде што сакав. Во себе цело време си враќав спомени како си поминував лани овој период, се прашував кога помина една година и му се заблагодарував на Бога што ми го овозможи најубавиот подарок Се' на се' , преубав спомен ќе остани овој прв роденден
Ние си го прославивме 1виот Роденден во игротека.Но со оглед на ситуацијава не правевме голем.Се собравме околу 35луѓе.Дојдоа моите,на мм родителите,кумовците и неколку пријатели со кој сме во секојдневна комуникација. Декорацијата на масата си ја направив сама.Имавме две торти една на 3 спрата јас си ја порачив,и една мајка ми и направи во облик на бројот 1. Си викнавме сликар си направивме една добра фото сесија. Сепак Прв Роденден секогаш останува како најголем спомен. И свеќичките ги со ќере ги дувнавме баш во 19:15 (часот кога дојде на свет) Му благодарам на Бог што ме дарува со најубавиот дар.
Не е баш може за тука прашањето, ама предложете ми студио за фотосесија и сликање прв роденден и крштевка?
Nie go proslavivme samo so kumovite, roditelite, babi i dedovci eve ti idea za ukrasuvanje i torta. Bese vo restoran pa hranata bese od tamu
Дечки знаете ли каде има хартиени тањирчиња, чашки? Пред некој ден бев во Џамбо, се разочарав од изборот, земав нешто ама не ми се свиѓа како да го искомбинирам. Веро, Рамсторот тука во Н.Лисиче имаше еден, два вида на тањирчиња со астрономски цени
Завршив работа, земав од Анаконда. Првпат влегувам не ни знаев дека постои продавницата ама битно земав што фалеше Фала многу @kukla21 @Sofi.ja
Зависи какво украсување. Види погоре М.D.L што постира слики од родендем, тоа кошта околу 10 000 во Источна