Околу 50€ како на членката погоре. Плус коштаат др работи тие креват за една слатка маса . Торта , мафини , колачи , слатки др. Иначе само декорација е толку , останато е со што ќе има на неа и тогаш мења и на лик и сумата оде нагоре ко што кажа Катерина 150-200€ целосно фиксно ќе ти е.
Конкретно за сликата, мечињата, балоните, масите… само декорот е толку, плус за тортите и колачиња и слично.
Колку чини нешто вакво? Ориентационо барем, затоа што немам воопшто претстава За кругот со балони прашувам, без дополнителните декорации.
Да да Изнакупив триста работи од Али и си викам кај ќе стигнеш да средишт се. Мора помош. Прва слика пред очи @emkaemka
Дали некој знае кај може да се најдат кутивчиња украсни со детски мотиви во кои може да се стави чоколадче нешто такво за роденден, конкретно барам за да си направам за другарчињата во градинка.
Од каде имаше нарачано ако не е тајна? Барам и јас, па досега кај што се јавив за слично ми бараат по 6000
да видиш во Џамбо. Имаше кутивчиња, ама беа неутрални. Можеш да си залепиш сама некоја сликичка со мотив.
Договорено Ако има на слатката маса и путерки да го донесам и бебе, вчера не можеше да се изнајаде Жално, прв пат иде на бдеј, со слатка маса, џиџе торте
Ништо. 'Во мое време' немаше 'слатка маса' и триесет и пет милиони китенки. Според мене тоа е непотребно трошење пари.
Личен избор. Некои ставаат се и сешто, од макаронс, колачиња, тортата главна, оние на стапчиња cake pops, мафини имам видено. врв беше вчера на моцарт на инстаграм две торти за повод: бебето направило два месеци И она половин торта за 6 месеци превртував очи ама ова па ептен…
Прво и основно бираш тема За темата наоѓаш тракатанци - кутивчиња, салфетки, цефки, путер колачиња, теглички китиш во духот на темата После можеш мафини пак во духот на темата, чоко бонбони пакувани… ехеее ти реши ја темата, после се само ќе ти иде
Темата е решена, чичко Али се испорача ама пак вие сте повеќе упатени, што се да има. Не знам за ставот на другите, ама јас го правам за наш мерак, за спомени, така да апсолутно сакам да има такво нешто
На не цел месец од роденденот на тема unicorn се спремаме за вториот роденден. Порачани џиџиња од али Експрес, тањирчиња, чаши, украси, салфетки...од џамбо. Исто и фустан купен, уште Мама тато и Бато да се дотераат. Генерацио како одат подготовките?
Дали само јас не сакам слатки маси? И за првото здравје и за бебка, балони торта и мезе.. слатка маса според мене е непотребна