Значи не сум била само јас “необожавател” на Делиција. Сите се воодушевени , па и уште кога ќе речам премногу маргарин , очи копаат Романса некако последен пат ме разочараа, ко да им е сменет вкусот. А и за нашиов роденден се секогаш на колективен башка. Секогаш Канела нарачувам за синко. Ок било. Ајде пробај тоа Ла Крем па сподели да смениме и ние следна година
вчера им гледав избор и многу на романса ме потсетуваат. Не знам дали копираат или некој бивш од таму отворил стварно?? А што убави џиџе торти има
Перфето лешник ми е врв од торта, ама не знам за декорации, немам баш искуство. Се слагам и јас за маргаринот во Делиција, убави на вкус ама премногу се осеќа.
Не знам дали се сите вкусови тскви. Јас имав порачано од таму за свадбата и баш се зачудив дека не се осеќа маргаринот, ама може така се погодило нз. Инаку моцарт ја имам пробано гријажот, претешка торта, маргарин тон, не е по мој вкус, јас сакам шлагести, лесни се е супер ама ако не затворат и пропадне роденденот во септември ќе се утепам, готово
Баш прегледав што сум барала, за 80парчиња, на 2спрата, 20 и 60 и многу фигури. Они ми понудиле дека подобро е на 3торти да поделат и како композиција да биде, цена од 11-13. Јас се шокирав и ги оставив на сиин @kukla21 баш кажи какви се на Ла крем, сум јадела и ми биле вкусни.
Cake factory имаат убави торти, а нормални цени имаат и достава. Само летно време не работеле од Септември натака. Канела ми се убави стандарт, Зафир се добри малце поскапи, исто и Моцарт се добри ама цена како од злато да ја прават за прв роденден на малото бидејќи заради ситуацијата бевме домашните и кумот немав голема торта и декорацијата беше едноставна. Спојлер: Торта за таа со декорација one ми побараа 4800ден. Ја порачав од Канела за 2000 ден.
Може така ми се погодило. Не верувам ни дека другиве саде путер ставаат Веројатно нашле некоја рамнотежа каде помалку се осеќа Мислам нема да не затворат. Јас секако само домашните ги планирам па некоја собиранка (па и на рати) ќе бидне
И мене Делиција не ми се свиѓаат,Моцарт се скапи,море сите се скапџии ко ќе видиш. Јас се од Аромати и Канела порачував,ама последен роденден за големата сакав да сменам и нарачав од Cake factory и преубава торта ,полно фил како домашна беше 35 парчиња ама тешка ја јадевме цел месец оти не славевме за 1500 ден ,иста како на сликата ми ја направија. Исто и Перфето се преубави и со ок цена,имаат нова декоратерка и ги прават на изглед многу поубави од порано,а за вкус нема збор,потазе торта нема на друго место,лешник и жарбо.
Значи да сумираме, која слаткара ќе ми напраи највкусна и најубава на изглед торта за синко? Ги тагнувам @kukla21 и @emkaemka како најексперти Едит: И колачиња
романса за мене нема утка. Што сум им побарала, реализирале одлично. Тортите ми се стандардни во квалитет.
Моцарт украсувањето топ, вкус Романса преубаво ни ја украсија роденденската ама вкусот онака 3ка да речеме. Мене најубава торта онака за прослави ми беше од Ла крем орео тортата, братучед ми што не јаде благо ме праша од каде е, исто и многу убаво ја украсија. Е сега ствар вкус е, а за вкусови не се дискутира.
Пробај Не знам дали имаат парчиња да си земеш за дома за генерална проба. Јас тогаш првпат нарачав за регистрацијата и ги прашав кои им се најнарачувани, ми кажаа две и ја избрав орео. Не сум толку по благото и не сум некој репер ама многу ми беше мило за реакцијата на гостите. Од таму ја нарачав и smash cake и ми рекоа поубава била од роденденската
Романса и за мене 3ка за вкус. @kukla21 нека каже што вкус имав, средно жалосна беше, ниту доволно блага, буквално на никој не му се допадна, а околу сите сме по благо. А нека каже и Дунде што имаше, е таа на Дунде беше баш торта, содржајна, да се облажиш, ама строго на шеќераши би им се допаднала Декорација како посакав таква искочи. Јас сум задоволна од Аромати, везе немам која ја нарачувам, некои се жалат дека замрзнати им ги носат, лично не ми се десило. Декорација каква сум посакала. Тука и путерки и мафини имав нарачано, супер беа, со фондан, наџиџани.. Канела на вкус ептен ми се допаѓаат (да ми текна една "вечна" на вкус што ја порачувам и ќе пишам) ама декорацијата им е неспоредлива со Романса, Аромати. Секако убава е, може да мине, а и поевтина е. Колачиња сега за мојот бдеј порачав од тука.. https://www.facebook.com/Sweet-things-1505286136250127/ Ептен ги бендисав, еве ги Тоа разлеаното е што мене ми ги фати вода во фриж Спојлер: Колачиња Имам порачано и од тука, врв се и тие. https://instagram.com/thecookiefactory.mk?utm_medium=copy_link За шарени колачиња, бомбици и што ти не, гледам и путерки прави, од овде, вкусовите и се сон https://instagram.com/dolcididani?utm_medium=copy_link А нај нај торти има во Охрид, Дела роса, па тоа се баш торти, многу потсеќаат на домашни, содржајни Ама и скапи им се. Се фалат ептен на деко, но во живо не сум видела, лани порачав обична и сама изведував одозгора. Делиција и некои што ги спомнуваат сум ги јадела, ама не, Ла крем ми се допаднала и вкус и деко, Фактори не ги знам.
Мене 'вечната' од Канела ми е нутела и малина, тужна претужна ама секако ја нарачувам кога имам потреба да се удавам во благо, па врши одлична работа.