@emkaemka thank you на долго и опширно. Ме шашардиса уште толку Поише од еден ипол предлог ме зашеметува Биди другарка кажи нарачај од таму и таму, нема утка. Па утре да имам кого да обвинам ако не чини Ми се качи шеќеров гледајќи торти цел ден.
Ла крем, јас од таму се токмам да нарачам за мојов. Само треба да препрашам што вкус имаа кај што бев, со бели филови беше и полно јатки, блага, содржајна, а не претешка, торта Имаа и колачиња, мафини, на изглед убави, за вкус не пробав.
Каква ви беше смаш тортата? Тие со чеканче што се чукаат или стандард бебе да се валка во неа Во план сум за истото ама малата кога ја сликав со колачиња за забите, стави едно во уста на секунда и се исфрли цела околу уста и на стомак. Алергија од боја рекоа ваљда
Оние стандардните за лом праење Им кажав што не јаде и им реков да направат нешто по нивно, не знам ни која торта беше точно.
Женски фустанчиња за роденден кај да барам? По продавнициве нема нешто посвеченко како што барам..не премногу спаркли ама сепак е да не е обично..
Зависи од буџет. Лапин во Сити мол имаат убави фустанчиња ама скапички се. Види и на апликацијата Зара
Многу се нервирам! Се надевам некаде на отворено ама ние сме тек во октомври.. до тогаш којзнае што ќе не снајде, и да останат истите мерки, ќе порасне бројот на случаевите
За крштевка пред два месеци земав од Окаиди,бело плисирано со златни точки.Таман ми беше,ни обично ни пресвечено. И во Лапин бев,цени по 6-7000 ден а апла со години стојат,исфаќани,ко second hand Софиленд во Лептокарија ѕирни исто. Штета што нема Манго кидс во Мк,какви фустани свечени имаат,бохо стил
Каква среќа сум јас. Како тргнала работава нема ни за малово прв роденден да се слави. Не се израдував како што треба за прв роденден и не. Џабе две родив ај барем нема да се караат кога ке пораснат мене ваков прв проденден ми правеа тебе ваков. . нема за двајцата и готово
Седи мирна... каква среќа сум,нова мерка ке воведат дома да се порајѓаме. Се во време на епидемии и пандемии рајѓав