Бев пред некој ден во Аромати. Таму нема торта,ролатче да си купиш. Имавме повод,викам ај ќе купам од таму да пробам за роденден за малиот,па немале готова,па за 30мин па не знам што. Ме разочараа малку. После отидов во Аеродром во Канела прима, земав фереро роше вкус, катастрофа воопшто не беше тазе,премногу блага...а претходно не била таква. Уште вика од 1 септември ќе ги качуваме цените за роденденските за 200-300 ден. И сега од каде да порачам за роденденот (иако имам време)...лани по грешка од канела плавата порачав,крш беше декорацијата...
исто и во ла крем. Морав да нарачам за да пробам. Немаа никаква готова им пишав на Зафир да видам што понуда ќе добијам
Зафир се најскапи мислам. Имаат декорација и се али се скапи птен. Јас за свадбата бев да прашам за капкејкс и торта ѓавол и пол испадна 200 евра и затоа нарачав од Њу Јорк имаат и декорација и на вкус се убави.
Од работа соработувавме со нив, имаа работа секој ден по 3-4 торти од нас, некогаш и повеќе, за настани ситни колачи, излегоа многу непрофесионални Нарачан еден вкус, носеле друг. Врв беше летото кога на точак ги доставувале растечени. А лажеа дека со комбе со фрижидер И ред други работи
Порачав бела грчка од Делициа за проба и Сахара. И ситни колачи. Во понеделник ќе ги земам и ќе ве известам. Инаку за торта на два спрата со 4 фигури од Делициа 5500, Моцарт 8500. Моцарт макаронс 85 денари парче, 160 денари фигури внатре изрсботени од чоколадна торта за слатка маса, лижавчиња со тесто од орев и фил 120 денари парче, путер колачиња 1800 ден/ кг
Прескапи се Моцарт, ама немаат конкуренција. Види им ја декорацијата каква е , перфекција. Тортите се перверзија колку се добри. Држат цена ама и квалитет. Неспоредливи се. Ама стварно е многу.
Даа, имам пробано 3 вида торти од таму. Едната за нас што беше навистина немам зборови за декорацијата. Сакам и Делициа да ги пробам сега па ќе видиме.
Како што ве читам и јас само барам барам и некоја ако има да пише од тетово за јулијана . На инстаграм на најдов julijana_cakes на изглед се совршени да пише за вкус и уште една од битола mm_sweets_bitola. Како се движат цените. И може ли да ги убедиме за достава