Јулијана Тетово немаат достава, а инаку на изглед се преубави тортите. За торта од 40 парчиња мислам дека беше ми побара 2500ден.
@kukla21 братучеткава везе нема која била на вкус од Ла крем, ама гледам и се откажа од кај нив. Зафир како ќе ти се падне, ова што сум зимала од Веро, некогаш сув пандишпан, некогаш преблаги, некогаш куп маргарин.. Блиска се од таму зима, најчесто чоколадна и ми е една од најглупите торти што сум ги јадела по вкус. Мојов сакал торта со шарени пандишпани, бел фил измеѓу и одозгора лижавчиња Има време до бдејот, ама ако си стои на желбата сама ќе му сплескам тоа Ене каде е Тетово, може да се земе чим вредат тортите @Happyinlove
@kukla21 убава е од Зафир грчката бела со плазма е внатре ,лани пробав на венчавка, а мене и егзотикот ми е убава.Комшика стално зема од нив за роденден на децата и секогаш биле тазе,во Веро се посуви. Ако не види Перфето и Кејк фактори,со нив нема утка на вкус,а и на изглед не се лоши Лани за големава порачав од cake factory,преубава беше евтина и тешка од фил,мислам Рустика беше вкусот.Евентуално од Њујорк,исто добри се ,тазе секогаш. Има една слаткарница од Куманово ,абе каква торта пробав со три филма внатре,врв,најдете ги на ФБ Грими слаткарница , мислам носат и во Ск ,ги прашував одамна.
Таа со три фила т.е тој состав им се вика исто Грими и со тој вкус се малце поскапи тортите, ја имавме за првиот роденден на синко. Лани земавме пак од нив но друг вкус Фереро и беше ужас на сечење се распаѓаше цела, а тортите на изглед им се перфекција.
Мене Њујорк ми се топ, секогаш тазе и не ме разочарал ниту вкус ниту изглед, а и со цени се ок. Омилена ми е нутела со малина, кремаста препрекраасна гледам не ги спомнувате како избор а баш се топ
Мајки за декорации за роденден, крштевка со балони колку пари ви бараат, јас се шокирав од сумата ама ја па и немам некоја орентација колку чини...Како на сликите пример Не конкретно ова студио, сликите се пример...мене 12500 за нешто слично (источна мк) како на првата слика
За поголемото си украсува сама дома правевме од Али балони нарачува, околу 1000 ми беа максимум а имав над 100 балони...Сега ај за крштевка за малото викам ај да прашам, се шокирав Оваа сума не ми беше нормална пошто ај 1000ка балоните,овие не се со хелиум па толку да дига цена, изнајмување на реквизитите и работна рака мислев докај 100 евра ќе биде how foolish I was па 250 евра за свежо цвеќе платив за свадбата... Ова е преценето искрено... Ништо ќе преживеам без професионално украсување
Јас се договорив за 4000 да има позадина со балони и масичка. Нешто во овој стил како на сликата. Темата и бојата на балоните си ја бираш, дополнително на позадината може да пишува нешто или слика да се стави. Колачи/украси за масата дополнително си земав, само ќе ми наредат..
Ова е нормално веќе...немам многу избор кај нас една е што поубаво прави па си наплаќа...секако има побарувачка посебно периодов
И јас за прв роденден кога пратив слики да прашам се шокирав кога кажа 200 евра па нагоре. И кажав кој ми е буџетот да прати слика како изгледа тоа. И супер беше како што се договоривме. За свадба сами украсувавме и веќе никогаш. Одзема многу време, јас сама не умеам па мора да ми помагаат, а не сакам да ангажирам цела фамилија.
Мајки, ние роденденот ќе го славиме дома со најблиските. Е сега да ми препорачате некој добар кетеринг?? За торта веројатно ќе земеме од Ла крем, многу беше убава за крштевката земавме од таму. Декорации имам од Али. Не знам што да правам за фотосесија. Дали да викнеме некој дома да не слика или да одиме во студио?
Мајки тие што имате пробано торта од Моцарт која им е најубава?? јас немам пробано ама за роденденот сакам од таму да нарачам
Полека се спремаме за роденден и размислувам од каде да порачам торта. Ја прелистав темата и не можам да се одлучам. Се мислам помеѓу Канела црвената, Романса и Делиција. Ваш предлог?
Jas imav na svadba nekoja cokoladna...probuvavne tamu i taa najvise mi se svigase ama ova pred 8+god bess