Здраво на сите ! Идеа за темава ми дојде од моето 5месечно бебе прв Божиќ ке ни биде годинава па сакам да си направиме некоја наша мала традиција . Ги обожавам традициите што ги имаат фамилиите низ светот со поклони под елка,чекање на дедо мраз доцна во ноќта, отварањето на подароци рано изутрина итн.. Дали вие имате некоја ваша мала традиција ? Споделете искуства ,идеи Среќни Празници
Ние (протестантските христијани) го прославуваме Божиќ на долго и широко Бидејќи Божиќ се прославува на 25ти Декември во поголемиот дел од светот, со христијаните кои што се надвор од Македонија го прославуваме Божиќ во Декември. Има различни предбожиќни собиранки во фамилијарна средини со различни друштва, со многу вкусна храна, божиќно декорирани колачи, топли напитоци, Божиќна музика, уште ако има и камин и пиано - совршенство! Доколку дозволува приликата, има и прикладна Божиќна порака од Библијата. А кога ќе дојде нашиот Божиќ на 7ми Јануари, е за тоа се спремаме уште од Декември. Се договараат фамилијарни ручеци. Се спрема програма за Божиќната богослужба. Музичкиот дел посебно е спремен со добри Божиќни песни. Децата спремаат или некоја мини драма поврзана со Божиќ или некоја нивна музичка изведба. Проповедта е исто така опфаќа некој дел од Божиќ. Потоа луѓето остануваат на дружење, чај кафе. Во атачмент на постов прикачив неколку слики од последната Божиќна забава каде што бев A eве и неколку од моите омилени Божиќни песни:
Божиќ е прекрасен ден и мој омилен христијански празник. Сите се поздравуваме со насмевки и со зборовите ,,Христос се роди". После богослужбата и причесната со која завршува постот, одиме дома и се подготвуваме за божиќниот ручек кога треба сите да седнеме заедно на трпеза. Доаѓаат гости, а мене како студент кој често е отсутен од дома, ова ми е посебен ден, заради неговото значење и заради близината на луѓето кои ги сакам. Се чувствува посебно смирение и топлина. Се делат и подароци, особено за најмладите членови, децата. Елка, насмевки, прегратки... Запознај го бебенцето со Дедо Мраз, стави му подарок под елката. Моите родители, кога бевме мали јас и сестра ми, фрлаа памук покрај вратата и викаа тоа било од брадата на Дедо Мраз, како доказ дека дошол и подароците навистина ги донел тој.
Ти благодарам @Ketchup! Ти посакувам и тебе среќен Божиќ и убави празнични денови и ноќи Сте размислиле ли колку ќе беше сив и мрачен овој студен и загаден период од годинава ако не беше Нова година и Божиќ да го осветлат малку со празнично расположение? Ќе беше монотоно од доцна есен до почетокот на пролетта. Уште снегче фали, ама суво така, да не се раскашува. Се надевам околу нова година
Воглавно со повеќе храна ко што вика Кеч, и со по некое божиќно филмче И секако со собирање на цела фамилија, вечерта на Бадник и на божиќниот ручек. Сум пишала и порано, многу ми се oнака warm, идилични обичаите во западните земји @EvAngelos, среќен Божиќ и на сите останати тука што го слават денес
@Someonespecial нели ? и мене ми ептен cozy затоа сакам нешто слично ... Али кај нас мислам дека многу постои љубомора,дволичност,неискреност кај луѓето и сето добро што беше веке како навика станува за жал ...
Кај нас ако практикуваш некои странски обичаи, одма си предавник, секташ, неверник... Ко демек тие ги практикуваат нашите обичаи... Најчесто ќе сретнеш вакви коментари од нашиов народ. Секој нека си слави онака како што сака и мисли. Мислам, што ти менува на тебе во животот начинот на кој јас си славам одреден празник? Само не очекувај голема поддршка од постарите и некои други личности околу тебе.
значи мислам на традиции интересни за децата како за нас што било интересно ,оставено кесе над глава демек ноќта дедо мраз ти го оставил , дедо ми преправен во дедо мраз и тн. не мислам на менување на нашите традиции ,се знае семејството на прво место ,смеа ,среќа ...
Бадник: - Рано утрото на богослужба: утрена, царски часови и вечерна со света литургија на која се читаат старозаветни пророштва и се пеат псалмите со кои се навестува рождеството од Дјева на Нашиот Спасител, Богомладенецот Господ наш Иисус Христос. Потоа продолжуваме со трпеза на љубовта во храмот. - На пладне: посета на гробовите на нашите предци каде им ја навестуваме радоста за Христовото раѓање. - Вечерта во домот скромна бадникова вечера и подготовка за пречек на Богомладенецот во нашиот дом на која ги пееме тропарот „Рождество Твоје“ и кондакот „Дјева днес“. Утрото на Божик, рана утринска богослужба и света литургија. Потоа време за слободни активности. Руска салата, кифлички, пилешко... Посета на блиски роднини... ПС: Божик без Христос не е ништо друго туку само продолжение на прославата од Новата Година, а Христос знаеме дека се наоѓа во Црквата.
Баш така, indeed Кечо знаеш дека ептен се слагам со тебе (мислам дека сме збореле со тебе за ова ) Мене ич не ми се свиѓаат ниту коментари од типот американски/западњачки глупости/помодарство и слично, за овие епитети ти што си ги спомнал па и да не зборам Не гледам причина да ти смета нешто што предизвикува радост кај некого.
Во мојот дом нема некое припотресување за тој ден. Се готви ручек малку пообилен од секојдневниот, секако ќе има повеќе луѓе на маса. И секако моите одат во црква да запалат свеќа. Ништо посебно...
Син ми многу се радуваше кога правевме пештера. Обично некоја кутија или под столот обвиткано со ќебе, на средина икона од Рождество, лампион закачувавме, остававме портокали и чоколада, шишарка, сѐ што ќе ни се најде при рака или сметаме дека е убав декор. Така еднаш ставивме полицаец кукла да ја чува Богородица според мудрувањето на син ми. Радосни мигови.
За Бадник денот се надевам дека ќе Пречекам коледари кој ќе ја пејат оваа песна Вечерта наспроти Божик би сакал да идам за Бигорски бидејки има вечерна служба (бдение) која е торжествена молитвена прослава на Божик и трае до раните утрински часови. После тоа Божикна трпеза заедно со најблиските. Рождестовото Христово е цел на ова празнување и убаво е да се сетиме на фамилијата, убавите вредности, добрите дела и Љубовта како круна на се за овој празник. И дека поради таа а Љубов, Христос се Роди од Дева. Семејството е голем подарок што по број толку по радосно Ви Посакува убав БОЖИЌ на сите. http://bigorski.org.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=379 http://bigorski.org.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=378
Да си поминеш убаво.. Јас бев лани, бадник и Божик, со син ми, преубаво, да ги поздравиш отците, од струмичанката со синот прекрасни луѓе, а оваа година, со Господ напред, ќе правиме и бадникови колачи според нивниот рецепт http://bigorski.org.mk/index.php?content_type=recepti&action=details&record_id=2
Јас на Божиќ сум кралица. Сите желби ми се исполнуваат и царувам кај ќе стигнам. Хахах роденден ми е на Божиќ и секогаш е весело. Морално е некој богат ручек, па торта за десерт. Утрото може до црква и кафе, a навечер си славам роденден.