Честит Божик на сите кои го прославија во изминатите денови! Честит и на сите кои ќе го дочекаат за неполни две недели. Да ви даде Бог на сите од радоста што ја чувствувам во пресрет на Неговото рождество. Да не се повторувам во одговорот, и јас ќе го прославам празникот многу слично на она што го пишува брат @Orthophill.
Рождеството Христово е вистинска радост. Спротивно на модерната индоктринација со која нè убедуваат дека верата во Христа е некаков непотребен и архаичен додаток на човештвото, кој разделува наместо да сплотува, ние цврсто стоиме во радоста на Рождеството и пееме за Неговата Слава. Уверени сме дека нашите срца и животи се створени за синергичен соживот со Бога и дека полнотата на животот произлегува токму од заедичарењето во Христа. Митрополит американско - канадски Методиј, извадок од божикното послание за 2017 http://mistagogia.mk/vladika-metodij-bozikno-poslanie-2016-17/
Ова е мојата Божиќна химна без која Божиќ не може да ми помине Многу светски музичари ја имаат препеано во свој стил, меѓу кои и нашата Каролина на македонски Еве ја на пример од Mariah Carey и тоа со црковен хор. Не е многу познато дека во 1719 година кога прв пат била објавена, не била песна за Исусовото раѓање, туку за Исусовото враќање, инспирирана од Псалм 98(97). Сепак сосема соодветна е и како Божиќна песна.
Нешто шо само јас го имам во фамилијата е празнично расположение. Татко ми редовно сака да готви за Божиќ, јас и мама прајме благо, ама јас прам колку да бидам со нив да славам, тие зошто после пост им се јади. Брат ми е апсолутно незаинтересиран. Сакам кога гледам и по некој филм, Божиќните ги знам на памет ама пак ќе речам, само јас сум во празнично расположение секоја година веќе 20 години, па немаме некои традиции освен ручек и вечера заедно и општо цел ден лежерно дома.
Мене единствено не ми е јасно што во некои краеви од земјава одат на гробишта за Божиќ... Зошто? Тоа е среќен и весел ден, треба да се радуваат луѓето (Христијаните) што се родил синот божји, а не на гробишта да се растажат. Да им го најавеле Христовото раѓање? кому? Исто и на Велигден се оди по гробишта... И за тоа нема логика, ама за Божиќ (тој најубав и највесел празник) ми нема па ИЧ ИЧ логика. Бадникова вечера и Божиќен ручек цело семејство собрани, многу посно јадење за вечерата, пиење (кој колку има, се се вади на трпеза)... За бадниковата вечера само најблиското семејство заедно вечера, а следниот ден за ручек може и поширока фамилија да се собере... После може да се изгледа добро филмче, еден опуштен и добар разговор, да се појде на гости до кај баби/дедовци... Па уште и снег да има мх мх... Најубав христијански празник!
Видете, ние Христијаните веруваме дека во Христа сите се живи! Нема зошто да се растажуваме. Впрочем, на гробишта, барем во мојот крај ретко да сум видел луѓе кои се растажени. Во првите векови, светата литургија се служела на гробиштата, односно над моштите на Христијаните. Па затоа и до ден денешен, светата литургија се служи над моштите на светиите(пред се` мачениците), чии честици има во секој осветен храм(ако не е осветен храмот, литургијата се служи на свет антиминс, на кој има потпис од надлежниот епископ-владика и сошиени мошти на маченик). Како што славиме ние - црквата од овој свет и век слави, така слави и торжествува и црквата од светот на оние чии тела и души се разделиле. Христос дојде да го спаси целиот човечки род и откако умре на Крстот, слезе во адот и спасоносната наука им ја проповедаше и на умрените... Ама ние во тоа не веруваме, си имаме наш замислен празник со дедомразовци, елки, скапи поклони, ако сме потрадиционални и со бадникови гранчиња и пченица, костени и слично, ама место за Христа и за спасоносната наука немаме. Е сега ако ние не сме Христијани и ако не веруваме во бесмртноста на душите и не го очекуваме Второто Христово доаѓање, воскресението на мртвите и животот во идниот век, тогаш нема зошто и да одиме в црква, па и на гробишта, туку ќе си славиме дома пеејќи: „Ѕвончиња, ѕвончиња“, „Минатиот Божик“ и најнабожната тралалајка „Среќно Рождество“. Сепак, дури и славењето со холивудски филмови, тралалајки и семејни трпези е нешто и подобро е и така да се слави отколку никако.
Тој обичај или таа навика да одат по гробишта и да раздаваат таму храна на луѓето им произлегува од задушниците. Според православието, на задушница се раздава храна за душата на покојните, се пали свеќи итн. Православните цркви имаат одредено четири такви задушници во годината од кои што една е пред самиот празник Велигден, па затоа си ги гледала како во Саботата пред Велигден одат по гробошта да раздаваат храна и да палат свеќи. И мене искрено овие ми се најморбидните адети и обичаи и целата таа дешаванка ми делува многу пагански, попагански дури и од пијанчењето и пеењето патриотски песни околу огништата за бадник. Според христијанството, според Библијата, душите на упокоените не се во гробиштата. Тие не можат да станат и да јадат. Иронично е што толку гладни луѓе постојат, а таму храната скапува и се расипува. У најдобар случај ромчињата доаѓаат навечер и ја крадат храната, ама и тоа е редок случај бидејќи и на нив им е морбидно да јадат од таа храна. И се согласувам со тебе дека нема логика, ама баш никаква. И Божиќ и Велигден се весели празници и не треба луѓето да се растажуваат. Нашиов народ е толку напатен и депримиран од состојбава во државава, па уште и во црно да го завиваме и да го праќаме по гробишта да виси. Греота е. Ама пусти адети и обичаи, на вратовите им висат како тешки окови и се плашат да не ги прекршат, демек Господ ќе ги казни за нешто што ни Тој не заповедал никаде во Светото Писмо (Библијата)
Кутриот ти. Тоа #paganstvo# го кажуваш као во негативна смисла? Паганството е дел од словенските и нордиските народи. Дел од нивната/нашата култура, традиција. Христијанството е адаптирано на паганската култура. Секоја година имаш пагански фестивал во тие краеви на Европа каде што се слави машкоста и силата. Колку е христијанството адаптирано на паганската митологија доволно зборува тоа што во Европа тој е претставен ако Ариеец, а реалноста е дека доколку постоел човек со Исус Христос тој би имал арабска физиономија.
Да, паганството јас го гледам во негативна смисла. И сосема си во право кога велиш дека христијанството се адаптирало на паганската култура прифаќајќи ги паганските елементи, а на сметка на тоа се оддалечувало од изворното христијанство т.е. од она што го поучувале Исус Христос и апостолите. Токму затоа се појавила протестантската реформација. Тоа бил покрет за отфрлање на тие пагански елементи од христијанството и навраќање кон изворот, кон Божјото Слово, кон учењето на Исус и апостолите. Впрочем и затоа главниот слоган на протестантската реформација е: Sola Scriptura - што во превод значи „Само Писмото“. А тоа значи дека само Библијата е Божјо Слово и боговдахновен извор за нашата вера, а не накалемените пагански традиции. Каде тоа Исус е претставен како Ариеец? На иконите и скулптурите? Тие се дел од православието и католицизмот. Протестнатите не користат икони и скулптури во обожавањето на Бог. Протестнатите се држат до историскиот факт дека не постои историски опис за изгледот на Исус. Да било тоа важно, апостолите први ќе го опишеле уште во воведот на нивните евангелија и писма.
И во американските филмови Евреите велеле дека Исус бил вонбрачно дете на римски војник. Ова чисто како занимливост го пишувам.
На гробишта одам на секој поголем празник ,не оти адетот налага туку оти душата ми налага,така сакам. Незнам дали имате некој стварно мн блиЗок кој починал?Ако немате затоа не ја разбирате оваа работа . Каква веселба на Велигден или Божик ако пред скоро време сте изгубиле родител,сопруг или дете?И не ,не е морбидно одењето на гробишта на празник. Утре ке одам,пошто Јас чувствувам дека на тој начин и се приближувам на мајка ми.Не носам црно ниту завивам жалопојки на гроб(ко што пишувате) едноставно на тој начин одавам почит на споменот нејзин. И каде да ги посетуваме мртвите ако не на гроб? Инаку што се однесува до самата тема божик секогаш го славиме дома само со најблиските.Јас мм децата,и попладнево одиме на ручек кај неговите.
Па која друга алтернатива им останувала да ја велат? Исто како што велеле дека и чудата што Исус ги прави се од ѓаволот или дека биле некакви магии... сигурно немало да речат дека тоа се Божји чуда и потоа да велат дека е еретик и да го распнат на крст
Јас како Православен сум свесен дека половина и повеќе од нашите обичаи се пагански но јас го прифаќам тоа и мене ми е убаво и интересно. Нашата крвна религија не е Христијанство туку Родноверје. Ги приваќам сите но незнам зошто толку се контрате и зошто толку Православието ви смета. Зошто на пример не си верувате во што сакате туку се мешате во нашата религија. Почитувај го тоа што го пишува во Библијата нели само вие се водите по неа..Незанам од каде ја добивте таа чест да кажувате која вера е слепа а која не е.
Содржината на следната радио емисија го одсликува моето доживување на Божиќ: http://hr.zdrava-televizija.com/play/24071/prakrscanski-bozic
Оваа нова година, што ја празнува најголемиот дел од светот, е поврзана со раѓањето на Исус. Сепак Исус не се родил на 1ви Јануари во 1-та година. Тоа се должи на грешката во пресметките што ја направил папата Дионис во 525 година пресметувајќи со некои претпоставки дека Исус се родил пред 525 години. Иако пресметките се малку погрешни, сепак денешното сметање на годините е според Исусовото раѓање. Со други зборови, денес празнуваме 2017 години од Христовото доаѓање на земјата. Доаѓањето на Исус ја преполови историјата на „пред Христос“ и „по Христос“. Треба навистина човек да има светски моќно влијание за да ја преполови историјата и годините да се бројат по него/неа. Такво моќно влијание и се очекуваше од некој како Божјиот Син. За оние што повеќе ги интересира кога точно се родил Исус, напишав еден поголем текст кој можете да го погледнете на следниов линк.
Божиќ секогаш го славиме дома само со најблиските. А попладнето најчесто доваѓаат сестра ми и внучињата.
Ги сакам празниците, но не и обичаите. За Божиќ и другите новогодишни празници обично станувам додека е сеуште ноќ, односно околу 6 часот, бидејќи одиме рано во црква. Студот е вообичаен за овој период, има снег и мраз, нема сонце и деновите се тмурни, па ни периодов не ми е нешто убав за славење. За време на празниците вообичаено се гледам со сите роднини и пријатели на моите родители. Како доста молчалива и срамежлива личност, разговорите со разни луѓе што поставуваат чудни прашања не ми претставуваат омилено нешто на светов. Јас прва не велам „Христос се роди“, па најчесто возвраќам со „Навистина се роди“. Домашниот телефон цел ден ѕвони. Се јавуваат подалечни роднини за да го честитаат празникот. Ако возрасните се зафатени, јас треба да се јавам. Најстрашното е што половина од тие луѓе што се јавуваат немаат поим која сум јас. Веројатно ме заборавиле, па мислат дека свртеле погрешен број. Имаме обичен ручек за Божиќ. Нема тука никаква традиција. Можеби малку повеќе избор на масата од вообичаено. А што се однесува на лепчето со париче, го јадам со родителите и брат ми. Се чувствувам нервозно со оглед на тоа што секој момент некој ќе најде монета во своето парче леб и останатите треба да му посакаат среќа. Сеедно ми е дали ќе го добијам или не, но понекогаш се плашам дека можеби изгледам разочарано, зашто обично така изгледам. Брат ми е помал и навистина изгледа разочарано кога не добива париче. Не е тоа никаква љубомора, тоа едноставно се случува. А кога еднаш моето помало глупаво братче доби париче, мислеше дека ние сме му го подметнале за да не биде тажен. Кога ние негиравме, тој скокаше од среќа. Сега е пораснат, но пак би се радувал. Кога јас би се прашувала, празниците би биле исполнети со поинакви обичаи. Но кога веќе не можам да ги сменам, ќе се обидам да го сменам погледот на нив. Па така можеби ќе се опуштам повеќе кога некое бабе ќе ме праша кое одделение сум. Или кога мајка ми ќе ми рече да ги послужам гостите со бомбони.
Голем поздрав и браво за МПЦ што конечно после 50тина години постоење се огласи јавно и официјално во име на синодот да апелира да не се палат бадниковите огнови и јасно да каже дека тоа се пагански обичаи. Е сеа уште народов да го послушаа тој совет, ама тешко, еве кај мене у маало уште од 6 саатот се спремаат дрвата во висина од 2 метри што ќе направат оган кој ќе се гледа до врв на Водно. Си ја препаркирав колата на другиот паркинг за да не ми се умириса и исцрни.