Како да ги дознаам неговите намери спрема мене?

Дискусија во 'Канта' започната од shaa, 9 ноември 2010.

  1. shaa

    shaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    7
    Kako mozam da gi doznaam negovite nameri sprema mene...dali me saka za ozbilno ili sum mu samo avantura...jas bev taa sto go dade prviot cekor toj e 26 a jas 20 godini dali e normalno bez da se poznavame da bara nesto od mene a da ima ozbilni nameri...pisuvame poveke od mesec dena a pred nekoj den bevme i na samo...ne mi e jasno dali e normalno deka e zdrel veke i ne moze bez "onie" nesta a da bide vo moe drustvo....pomos.... ;(
    [mod-kirilica:2vnt620u][/mod-kirilica:2vnt620u]
     
  2. s.k.r.s.e.n.a

    s.k.r.s.e.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Kako mozam da gi doznaam negovite nameri sprema mene??

    сигурно му влегла некоја мушичка во глава па може решил да задржи и нешто за себе сигурно сватил дека не е само авантурата важна но тоа што има сериозни намери со тебе е твое дали ќе се одлучиш да прифаниш и да продолжиш со него конците се во твои раце за тоа оптегни ги правилно
     
  3. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    846
    Најдобар начин за да дознаеш дали има сериозни намери со тебе е да видеш како ќе реагира доколку му кажеш дека сметаш дека е рано да се впуштате во интимни односи. Ако тој навистина сака да биде со тебе и ако не те гледа само како авантура,ќе се согласи со твоите услови, макар што нема да му биде сеедно, ако сепак остани со тебе најверојатно мисли дека вреди да те чека. А тоа што тој уште сега настојува на интимност е нормална појава, верувај ми. Тој е возрасен, односно како што кажа ти зрел и има потреби, а особено ако пред тебе имал некоја сериозна врска и бил навикнат на редовен секс. Но, како што ти кажав, мораш да му дадеш на знаење дека тебе ти е прерано за тоа и, следи ја неговата реакција и неговата желба да биде со тебе. Се надевам дека ќе ти помогнам :)
     
  4. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    не мора да значи некои се такви лисици што тебе те чекат а со други се .... прати му го однесувањето дали често те бара внимателно те слуша и слицно год немаат врска со сериозност
     
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    Работава е турни ме да кинисам вака отворено да ти кажам. Еден месец се допишувате,(најверојатно на фејсбук),еднаш сте се виделе и почнаа да се коваат теми за брак,уште фалеше да прочитам дали размислува во кој ресторан стек и кременадла даваат за 8 евра :tmi: :tmi: Епа аман веќе,мене стварно не ми е јасно како уште на старт влевате во мување/врска со однапред замислени сцени како го фрлаш бидермаерот.Не може така,нештата идат спонтано.

    Што ако ти се разочараш од него?Едноставно сфатиш дека не сакаш да бидеш во врска со него од некои икс причини :!:

    Дај си време да уживате заедно,да се запознавате,нема потреба од брзање,па што ќе биде ќе биде,колку што имам информации не е единствено машко на светот.И башка да ти кажам сексот е многу добра ствар,немаш потреба да си кратиш таков мерак -веруј ми на крајот од денот фала нема никој да ти каже,а ти губиш врвно задоволство ;)
     
  6. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    928
    Па си излегла само еднаш со дечкото и си пишувате само еден месец, нормално е дека не можеш да ги знаеш неговите намери. Ако воопшто тој има намери... :^)

    Мислам летс фејс ит ние женските секогаш правиме од мува слон. Едвај сме се виделе со дечкото, а веќе триста филмови не акаат. Машките не размислуваат така, т.е машките воопшто не размислуваат. Имам еден другар вели абе не знам како може по цееееел ден да мислите на дечковците, јас вика сум бил со неа си идам и нема повеќе што да мислам. Во глобала сите машки вака прават.

    Така да запознај се со дечкото, па потоа ќе можеш сама да си го одговориш ова прашање.... :)