Како да ги задржиме мажите во животoт?

Дискусија во 'Сингл' започната од Interrogative, 19 март 2012.

  1. Interrogative

    Interrogative Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Во почетокот на врската сите знеме дека за да го придобиеме „пленот“ треба да го разгалиме, да го опсипеме со грижливост и љубов и да клекнеме на колена, но дали тоа функционира и после првиот состанок, и искрено дали сме спремни да бидеме толку дарежливи и во остатокот од врската? Мажите се чудни творби, воглавно се исти како и жените, само што тоа што за нас е купуванјето, за нив е фудбал, тоа што за нас се коктелите, за нив се пиво и тоа што за нас е чоколадата за нив е скара. После многубројните пропаднати проекти, сватив дека во секоја врска доагам до точка во која на мажот почнува да ја свака реалноста на врската и добива желба да се однесува арогантно и наводно да се гуши, кога нему ќе му помине кризата, се префрлува кај мене. Континуирано некому нешто му пречи или некој некаде бега, а кога се е на свое место, е тогас ни е досадно. Па која е целта?
     
  2. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Точно. Лесно е да се заведе, тешко е да се задржи. Е сега натпревар или уметност, јас би рекла- способност. :D Може многу да се пишува на оваа тема, ама не е зор да растрзаме баници сега, ќе се потрудам да бидам кратка. :lol: Сакам само да те прашам бидејќи една од речениците не можам да ти ја разберам. Можда сум глупа, можда немам текнувалце ама...си пишала дека доаѓа до точка кога мажот ја сфаќа реалноста! А зарем врската не била реална претходно, па тој подоцна ја сфаќа реалноста. Си глумите љубов со партнерот или што?! Стварно не разбирам :?: :^)
    Според мене една врска опстанува ако партнерите имаат меѓусебна доверба и разбирање. Дали сме спремни да бидеме дарежливи?- Па ако се работи за вистинска љубов и ако партнерот заслужува секако дека сме спремни. :D Сега не знам точно што те натерало да ја отвориш темата, дали има некој посебен проблем, па затоа и не знам што точно да пишувам. Кризи и караници има во секоја врска, никаде не е идеално. Ама според мене кризите треба заедно со партнерот да се пребродат па така може и љубовта да се зголеми и зацврсти. Меѓусебна подршка, да го подржуваш партнерот во она што го сака како и тој тебе. Да му оставаш простор и за други работи, за други луѓе, семејство, пријатели, а не да го вржеш за себе и да бидете заедно 24/7. Ако случајно некаде побегне: "каде беше, со кого беше, зошто, како, па како си смеел"- е ова мене не ми е ич интересно. Искрено, јас лично би се загушила во ваква врска. Искреноста исто така ми е важна за една врска, ама добро мене тоа ми спаѓа во доверба. :D Мислам дека со вакво однесување една врска би можела да успее. Барем ако сум ја сфатила темата и не сум избегала од неа, а ако сум ја промашила, џабе пишување беше.... :D
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Однесувајте се како он да треба да ве задржи вас, не вие него и проблемот е решен :D
     
    На piksooki, pikolino, crazylady и 10 други им се допаѓа ова.
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    единствен начин ...

    Од почеток до крај да останеме свои, а не да глумиме лудила и слични ствари. Понатаму на него останува дали ке не сака такви какви што сме всушност или не ... Така да не чини да се менуваме за некој и да се преправаме, затоа и брзо ко шо кажа ја сфаќаат “реалноста“. А реалноста е таа, почнуваат да не гледаат во вистинското лице ...

    Единствен начин Свои До Крај !
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    1. Дајте му.
    2. Дајте му и кога не сака.
    3. Дајте му.
    ----------------------------------------------------------
    Кога е добар и послушен, згответе му нешто по мерак.
    Не го замарајте додека има фудбал или НБА (исто како што не сакате да ве замараат вас за време на шопинг или омилени серии).
    Никогаш не се ставајте во улога на негова мајка.
    Не се обидувајте суштински да го смените и не дозволувајте да ве обликува по негов ќејф.

    Овие и уште мал милион други реченички можеби имаат смисла, но не се универзални, бидејќи секој е различен и кај секого е индивидуално (освен горенаведените под бр. 1,2,3, тие важат за сите). ;)

    Едноставно, ќе го опипате пулсот, ќе се запознаете и ќе откриете како ќе го задржите избраниот.

    Сепак мислам дека за да задржиш (добар и квалитетен) маж, е уметност.
    Натпревар секако не е, освен ако бившата не ви закаже бокс меч, а вие се согласите на истиот.
     
    На crazylady, ELIDavor, Purelove92 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    38
    За да го задржиш е уметност треба да научиш што сака а што не..не се сите исто мора да признаеме

    Trendafilka ме изнасмеа но тотално е во право..3 правила кои секогаш палат.:D
    1. Дајте му.
    2. Дајте му и кога не сака.
    3. Дајте му.
    ----------------------------------------------------------
     
  7. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    . :^) ....мислам дека нема некое правило....како прво за се треба двајца..и за љубов и за кавга...да се задржи некој покрај тебе не треба да е ни уметност(значи не може ни со убавина) а ни натпревар(кој ќе победи,значи со игра а тоа не ефер).....според мене некој ако искрено те сака немаме потреба од задржување,во него постои оној внатрешен терач што ќе го прави секогаш да стреми да ја надогради таа љубов..е сега тој го можи тоа само ако и жената го посакува нормално...ако сака само едната страна се е џабе........убаво е кога е заедничко..несебично давање и земање.. :^) и долга љубов...
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Интересни одговори,а она правило дајте му,што го напиша Трендафилка ако е за сите машки,тогаш за да задржиш девојка купувај и скапи подароци,парфеми итн и ке ја задржиш. :)
     
    На ELIDavor, Yipman2 и Ella.313 им се допаѓа ова.
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Бидејќи девојката праша како да го задржи "ПЛЕНОТ" (не се важи ако ставиш "") , Ќе го занемариме фактот дека го опиша машкиот род како плен , јас така да го опишам женскиот род ќе идам у затвор ....

    еве една анимација како да го задржиш пленот , па ти импровизирај од истата :D
    [​IMG]
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Ќе ги задржиме ако :
    1.Се натпреваруваме со љубомората и посесивноста.
    2.Имаме уметничка способност да се почитуваме,да ја вреднуваме љубовта и така и да ја третираме другата страна.
    3.Во целата таа слика на пар не се заборавиме себе,сопствените потреби и желби и нешта кои не прават среќни..Правејќи се себе среќни,ќе бидеме мотивирани да ги правиме среќни и другите околу себе.

    ВИСТИНСКИТЕ КВАЛИТЕТИ НА КАРАКТЕРОТ И ДУШАТА ЗАДРЖУВААТ,ТИЕ СЕ МАГНЕТОТ КОЈ ЗАДРЖУВА А ФИЗИКУСОТ САМО ПРИВЛЕКУВА.
     
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Само мене ли ми звучи ова глупаво? Па уште натпревар.

    Никогаш не сум го сфаќала тоа така. ОК да, постои ајде ќе се натпреваруваме па вака па онака. Па ние треба да ги задржиме, значи ние уствари треба да ја држиме врската на нозе, па да трпиме, па да внимаваме дали играме правилно само него да не му се смачи. Абе ајде.

    Не размислувам така. Не ја сфаќам љубовта како игра, како натпревар. И после некој ќе ми збори: Па тоа ти се правила на животот. Ајде бе? Е па одбивам да играм според тие моронски правила. Не ми е целта да изманипулирам со него и да ме засака, па фала богу дека ако така правам после ќе ни биде досадно зошто така не може цел живот. Љубовта, врските не се тоа. Во една врска многу поважно е да ме прифати како човек, па како пријател, па на крај како љубовник.

    И каде отиде искреноста, што му фали на еден искрен збор, да видите кај е дупката во врската? Ако очекувате да ви растат цвеќиња и да грее сонце цел живот, епа не оди тоа така бе милички. Па ќе клекнувам на колена и ќе се молам да успее. До кога?

    А тоа дајте му, згответе му нешто итн. па мене ќеф ми е бре тоа да го правам, сфаќате? И доаѓа природно, зошто не знам за вас, јас тие што ги љубам сакам да ги правам среќни. Знае дека сакам лалиња, па ќе ми донесе и уште толку ќе процветам, ќе сме среќни. Ете тоа е тоа. Што и фали на таа општочовечка љубов?

    На кој му се игра тој натпревар или усовршувајте се во таа ваша уметност, слободно. Just leave me out of it.
     
    На crazylady, glosipgirl, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Да, да. Натпревар за прво место. Подобро е кога двајцата водат натпревар па едниот сака другиот да го освои, нели како прво место со златна медаља :D
     
  13. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Натпревар не е никако.
    Уметност, не знам. Можеби некоја девојка е се нај нај и одлично и одела уметноста со останатите, ама со сегашниот никако. Пример велам.
    Мислам, ако му одговараш на некој-му одговараш и нема да има потреба ни од натпревар ни од уметност, бидејќи секако ќе сака да биде со тебе.
    Ако баш морам да бирам меѓу натпревар и уметност, тогаш уметност, а умешноста е во тоа „да го прочиташ“ партнерот што сака и да не му правиш за инает нешто што го мрази.
    И секако мора да се биди свој, инаку ќе треба цел живот да се преправаш, што мене ми изгледа како многу тешка работа.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Никогаш не сум сакала да се натпреварувам со некој и за некој,а посебно за неговата љубов.Што е тој? Човечко суштество или некоја играчка па ајде ќе се натпреварувам сега.Искреноста од секогаш била најдоброто нешто за да се биде со некого.Па и уметноста ми е некако како лажен начин да се приближиме кон некого,а истиот да го задржиме.Се е минливо,се еден ден што сме правеле ќе се открие,ќе помине и што после?Натпреварот и уметноста џабе сме ги употребувале кога ќе останиме со празни раце.За да се задржи онај кој го сакате потребно е само да се биде свој,да сте природни и да го сакате искрено.Доволна е само љубовта која што ќе му се пружи за да тој секогаш остане крај нас.Доколку тој не сака да е со вас,што и да направите нема да е доволно за да го задржите бидејќи никој не можеме со сила да го натераме да остане.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Не е ниту уметност ниту натпревар.
    Треба само да се негува љубовта, да не дозволиме страста да се претвори во навика. Да, во многу врски доаѓа до еден момент каде се менува текот на настаните и многу работи се земаат здраво за готово.
    Не може секој да одржува здрава врска.
    Едноставно е иако некои мислат дека треба некоја филозофија тука.
     
    На glosipgirl, Evaaa11, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не може да задржиш никој кој не сака да е со тебе и кој не се труди да е со тебе.
    Пробав со убаво да ја задржам врската, ама не може ништо со сила.
    Не вреди девојки ! Две разочарувања имав и веќе не ни сакам да сум со некој. Зошто би сакала ? Да не се труди или да не мисли нешто што ќе вети ?
    Смачено ми е од врски, од мажи што не се мажи и од преправање.
     
    На lost123, CoCoGiiiRL, DraganFem и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.778
    Допаѓања:
    12.307
    Точно со сила убавина не бива. Една за друга другарка искоментира „таа сега штом го фатила, треба држи и не пуштај“. Какво размислување.. На крај ја остави сосе дете. Ако некој не те сака нема начин да го задржиш.
     
    На ELIDavor, bubi75, Evaaa11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. The QueenD

    The QueenD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Единствена работа што задржува маж е маж што сака да биде задржан. Толку!
     
    На Justicija, k.frosina, Nausicaa и 19 други им се допаѓа ова.
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Маж кој сака да си оди ќе си оди од вас, а вие давајте му и гответе му до задутре.
    А маж кој сака да остане со вас ќе остане. Нема тука натпревари и уметности и задржувања и пуштања. Исто како што и нас никој не може да не задржи ако сакаме да си одиме.
     
    На Asistentkа, hermosa, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... и колку да признае машкото дека цени интелект, душа, убавина, однесување, неговото либидо е генератор на све...т.е. и колку да има љубов, убавина, интелкт кон жената, се е минлива категорија за разлика од сексот кој е вечен! мажот воден од тој нагон, дури и да ја мрази жената ако со неа имал добар секс пак ќе се врати кај неа.... значи тоа е тоа- на жалост, добар секс значи и маж во раце ! 8)
    п.с.
    да се разбереме велам добар секс, не велам интимен однос, таков однос како пишувате „да му се даде“ може секоја, ама добар секс не може било која ! (hollest)
     
    На crazylady, ELIDavor, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.