Колку што жената треба да се труди околу мажот, толку и тој треба да се труди за да ја задржи. Ако двајцата подеднакво допринесуваат за врската, посветени се еден на друг, постои љубов и разбирање и се поддржуваат безусловно тогаш никој не се труди да задржи никого туку едноставно врската си функционира нормално. Познавам пар во кој искрено и двајцата ги жалам поради паметот што го носат. Да напоменам дека станува збор за возрасни личности со по 30+ години. Пред да се фатат типот зборуваше се најлошо за неа, дека не му се допаѓа, дека не му е воопшто убава, дека не е паметна и не знам уште што не. Потоа се фати со неа демек ради пополнување на време додека да си најде друга а таа пак ептен се затреска во него. Две години се во врска и тој до ден денес пред сите тврди дека сеуште стои на првобитното мислење за неа. На прашањето што воопшто прави со неа тој вели дека таа се му угодува, дека сите негови желби ги исполнува, дека се е како што сака тој и дека таква женска каде и да бара нема да најде. Тоа е еден пример каде женската нашла начин да го задржи ама да и се плукнам на таквата врска поради која се откажала од своето јас и е во состојба нозе да бакнува само за да биде со него. Секој човек во себе треба да има барем малку достоинство и самопочит.
Здраво, не знам каде да се обратам за ова следново што ќе го кажам и што ќе барам совет,вака: Како да му го привлечам вниманието на машко? Ми треба совет за што да му зборувам или што да правам. Јас сум од оние кои се борат да ги задржат машките, наместо тие на женските па затоа кажете ми како да се однесувам за да не мисли дека сум лесна женска , само за мување и за да ме фаќа секаде по тело. Како да му кажам дека сакам озбилно да одам со него, во јавност. Од машките барам совет и од некој што е искусен за оваа работа. Ова истово го напишав и во друга тема, и овде ќе го напишам дека сакам да добијам мислење од тие што би можеле да ми дадете совет, значи јас сакам да го задржам и да го придобијам повеќе и некој да ми кажи совети како да го постигнам тоа, бидејќи стварно ми треба некој учител за оваа работа.
„Секогаш кога ќе го видиш твојот човек изгледај среќно, дури и ако не си. Направи тој да се чувствува како крал и ќе се однесува со тебе како кралица“ некој писател имаше така пишано, ама не му верувам баш...
Ич да не му веруваш. Ако некој се фатил со тебе само од разонода, ако сакаш и круна стави му, пак ќе се тргне штом најде боља прилика. Ваквите ако ги третираш како гомно, повеќе ќе ги задржиш, само што нема поента да задржиш некој што има посран карактер така? Имам еден другар што идеше со една, и нонстоп ја правеше љубоморна, и праеше топло ладно, пасив агресив, ја манипулираше, се со цел она да трча по него и да биде окупирана со него, а тоа му беше као финта да ја задржи пошто физички многу му беше привлечна, ама не можеше така вечно, и оваа прва прилика го извара, па овој и прости, па оваа у втора прилика се фати со еден, а овој кризираше по неа, па после таа и со трет... не едноставно некои луѓе што побрзо си отидат од нас, тоа боље за нас
Поглупа тема,здравје. Кога почне да се размислува за задржување на некого или нешто,рачунај дека е почеток на крајот.Општо за се важи ова. Кој се има решено да иде, нити една тактика, игра , ма ни војска цела нема да го сопре.
точно Нема тактика за да задржиш некој до тебе,едноставно биди тоа што си ако му се допаднеш арно ако не сигурно ќе има некој на кого ќе му се допаднеш.
Јеп. Јас како "полу" феминистка го сматрам прашањево за деградирачко за нас. Би го обрнала, што да прават мажите за да не задржат нас
Еве ке ви кажам за бивши ми и неговата дроља . Значи со бившиот додека бевме во врска , дрољава одеше со сите другари од бившиов . Се додека еден ден бившими ми раскина бидејки дрољата била трудна "од него" . Препоставувате за која финта зборувам з бременоста.... И така да .... После некое време ке го читаме дрољичето во темиве како се жали од бракот , а вие ке ја жалите и тешите ..... Според мене не постои маж што треба да се трудиме да го задржиме , едноставно еден си оди друг си доага ...
Според мене, оваа тема не треба ни да постои. Ало, КАКО ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ МАЖИТЕ?!?! Доколку со некој е вистинското нешто и те сака заради тебе, ќе го задржиш така што ќе си бидеш своја. Во спротивно, не ти ни треба. Партнерите треба да се надополнуваат, да си бидат подршка еден за друг, да се мотивираат, тешат и помагаат. Секој маж заради кој ќе промениш дел од својата личност, не те заслужува! Запомнете мажи има многу, но достоинството е едно. Единствена личност со која ќе живеете засекогаш сте самите вие.
Има вистина во ова, ама не е судбина. Плус, имај во предвид дека истото важи и за жените. Види, претпоставувам дека повеќето од нас доаѓаат од бракови што опстанале. Ако опстанале, дали стварно опстанале исклучиво заради тоа што сексот бил добар, или имало и други причини. Истово мислење го видов во неколку варијанти на темава и мислам дека е комплетен промашај. Комплетно ја промашува поентата на муабетот. Муабетот е како да не му падне на памет да си оди, или ако му падне, да размисли и да реши дека не сепак сака да остане. Или како да се мотивира да не изневерува итн... Ова звучи наивно и романтично ко да е кажано од девојка на 18 години. Да речеме дека си нашла некој што те сака заради тебе. И се е супер така? Ко од бајка. Но, со тек на време, да речеме после неколку години одење, не е она истото. Јас нема таа страст ко на почеток. Се имате изебано во сите могучи пози и сега ви е малку ко ради реда. Се знаете еден со друг перфектно и по малку сте си здосадени еден на друг. А башка, на работа имаш еден колега што е ептен згоден и смешен и интересно ти е со него... Те вика на кафиња ама ти го одбиваш пошто си нели во врска со „човекот од твоите соништа“. Помислата да се мажиш со стариот дечко те плаши по малку, зашто на хартија се е супер, ама чувствата ги нема. Што правиме тука? Како твојата филозофија на "be yourself" го решава овој проблем? Be yourself значи биди своја, не се менувај за него, не биди неискрена за да го привлечеш. Но како тоа ти помага да го задржиш. Јас го разбирам како седи си на гз и не прави ништо - ако те сака те сака, ако не здравје, има други. Дали е грев ако човек работи на врската и одржување на страста во врската? Истиот проблем го има и онаа друга идеја што беше спомната во темава: можеш само да привлекуваш. Ако само привлекуваш, ќе го привлечеш некое време. И после тој ќе си замине и ти ќе треба да привлекуваш некој друг. И така натака до едно друг време кога нема да можеш да привлечеш ниеден асален. И сеа што праиме? Ќе треба да фатиш некој што фактички поминал низ ситото, т.е. никој друг не го фатил/сакал, и сега ти останал тебе. По мене, начинот да го задржиш е, ко што пиша некој пред мене, „да најдеш маж што сака да биде задржан“. И истото важи и за женските. Има логика, зашто ако човек сака да гради семејство со некого, играта се менува. Ако на почеток се фатил со тебе зашто си го привлекувала, останал со тебе зашто сексот бил добар и добро друштво си била генерално, сега веќе други твои карактеристики се во игра... Па дури и да има проблеми во бракот и какви год потешкотии имате мотивација да седнете и да ги разрешите како возрасни, зошто сега имате деца и углед итн. Секако ништо не е гаранција, ама ова е најдоброто. Второто најдобро, поточно, после тоа да му се заканите дека ќе му ги пресечете мадињата ако ве остави.
За да го задржеш мажот треба да имаш доверба во него, да не чепкаш по негови работи како на пример телефон, пораки и т.н. И исто така не треба да вршиш притисок врз него на пример постојано да го бараш на тел. Да го досаѓаш каде си, кога ќе си дојдеш, дојдиси те бара малата, малиот и т.н . .Секој треба да има своја слобода малку и да излезе навечер се прибира дома
За да се оддржи брак, односно да се задржи маж или жена во среќна брачна зедница треба во конкретниот случај жената да биде др. по психологија. Таа треба да му ја познава психата на мажот. Таа треба да знае како да постапи и кога е весел, кога е тажен, кога е пијан и кога е трезен, кога е уморен или одморен, кога сака секс и кога не сака... Истото важи и за мажот. Тогаш ќе си помогнат еден на друг,ако не се знае што следува.