Ова никако не е добра стратегија и функционира само до одреден период. Ги позиционира жените во субмисивна улога, да мора да "даваат" за да задржат некој кому приоритет му се нагонските потреби, наспроти партнерските и семејните вредности. И јебеш таква трампа, во која сексот се користи како оружје за манипулација или задршка во врска или брак...
Има некој натпревар во кој добива награда оној кој ќе успее да си го задржи мажот? Касно е да се пријавам? Шала на страна, некако насловов многу ми боде во очи. Доколку се мислиш и прашуваш како да го задржиш мажот во твојот живот, тоа е знак дека треба да го пуштиш да си оди. Доколку е решен дека сака да те остави, уште 3 пара гради порасни, џабе е. Навистина не мислам дека треба да се фокусираме на задржување на мажите. Врската и бракот изгледаат многу форсирани тогаш. И зошто би сакале со сила да задржиме некого кој сака да си оди? Против туѓата среќа е и е малку себично. Исто така, доколку некој не го гледа вредното во нас и треба да му се докажуваме колку вредиме и што би пропуштил доколку си заминал, тогаш сигурна сум дека следниот партнер нема да биде толку слеп. На крај краева, се е до вкусот. Но, ценете се луѓе! Можеме и сами! Поубаво да се фокусираме на селф лав и на тоа колку вредиме. А примерите како „многу секс! направете нешто за него! купете му ова! згответе му!“ ми звучат како нормални актови доколку сакаш и се грижиш за некој. Тоа не го правите бидејќи се плашите да не ве остави. Го правите за да ја негувате врската и љубовта, обострано. Бидејќи сакате да му покажете дека ви значи и дека го сакате. Има разлика.
Ако некој сака да си замини, шо и да се прави џабе е. Зошто да задржиш некој кој сака да си оди? Едноставно пушти го, ако тој решил порано или покасно пак ќе замини.
Види Доја... Во принцип повеќе постари генерации размислуваат како Cka и не можеме да ги обвиниме бидејќи така им пренеле нивните родители, а поради вaквите обрасци, функционира цел вредносен систем. За ова што го пишувам сега доказ се вашите мајки и баби кои, ако ги прашате како го одржале бракот толку долго, ќе ви одговорат дека правеле компромиси, и дека во тие компромиси неретко влегува и она добро познатото за кое пишуваме сега, ,,да му се направи ќефот". Дури и тогаш кога на жената не и е по волја да има секс. Значи, овде не пишуваме за взаемен реципроцитет, туку чиста нагонска објективизирачка потреба која во нашите општества се рачуна како скроз океј трампа за "мир во куќа" иако НИКАД не треба и не смее да биде! Патем, овде го исклучувам чинот на физичко силување во случаи кога мажот сака а жената не, (иако едното го повлекува другото), туку за психолошки жртви кои жената ги принесува за поголемо добро, а притоа несвесно се повредува себе сѝ.
Најмногу сакам "незадржани" мажи. Да знае дека никој со сила не го држи, ем пак да сака да остане, а да не е чиста инерција во прашање.
Не го задржувам никако, слободен е. Ама сакал да остане. Будала. Шала на страна, шо има ја да се мачам да го задржам, нека се мачи он мене да ме задржи. Немам време у животот за да мислам како некој да задржам, ни па сакам. Ако сака нека остане, ако не не мора. Simple as that.
Колку полуда, толку поарно. Ќе ти се плаши, нема да ти писне, не па да си замине, одма закани по живот. Шала на страна. Ако сака, широко му поле. ТолкО од мене. Нема што да се држиме, ако еден не сака. На крајот, како да ги задржат и тие жените што ги сакаат?! Животот е едноставен, и после следат емоциите што зезнуваат се.
Мислам дека најлесно може да привлечеш маж со ставот што го имаш. Општо за се. Имаш став, знаеш што сакаш во животот, а што не сакаш и го кажуваш тоа. Испитуваш ситуација дали те поддржува со ставовите за да знаеш дали понатаму ќе имаш нервози. Ако гледаш дека прво те прашува тебе за нешто па после носи одлуки значи тој е твој. Исто многу битно, да не играш по негови правила, да не дозволиш да те смени.Бидејќи тој се заљубил во личноста која што си, а не таа што ќе станеш.
Само сечење вени како Хурем Султан ,друго не помага .Ќе му кажеш каква е оваа љубов штом одиш со други и крв да капе .Се шегувам,ако некој те цени и сака вистински твој е,ако не џабе е што и да направиш
Секој е слободен да си оди од мојот живот кога ќе посака. За секој има замена и личност која ќе одговара. Но за љубовта нема присила.
Морав да се навратам на првото мислење на темава, за да сфатам што точно сакал авторот да каже кога ја отворил и што подразбира под тоа како да го ,,задржиме” партнерот. Сега читајќи го, сфаќам дека погрешно ја толкуваме темава - не е како да му удоволите на партнерот, туку прашањето е како да се одржи живост во врската, да биде интересна и за двајцата, без периоди на монотонија. Мене лично тоа ми е главен фокус, барем во сегашната врска. Во претходните правев голема грешка - во првиот момент кога ќе ми станеше досадно во врската, или раскинував или варав. Многу погрешно! Тоа понашање не води никаде и сфатив дека ако сакам подолга врска, не може да си ги соберам парталите на првата препрека или на првиот монотон период. Стојам зад тоа дека начинот на кој се трудиме на почетокот на врската, треба да се задржи и понатаму и му го кажувам тоа и на партнерот. Не го правам тоа за да го ,,задржам” - некогаш и претерано може да се трудите па тоа да го гуши па на крај сепак да забега по некоја друга. Го правам тоа заради себе - да знам дека сум дала се од себе за оваа врска, да знам дека не исчезнала страста меѓу нас и мојата желба да се трудам за нас. А мажите во добар дел се реципрочни суштества - ние ако се потрудиме, и тие ќе сакаат да се потрудат, или во најмала рака ќе се толку среќни од тоа, што нема да прават проблем за ништо во блиска иднина. Така да, мислам дека важни се малите гестови во врската и се додека се трудите, нема да има монотони периоди. А како да се мотивирате? Тргнете од следниот став: никој нема да остане засекогаш во вашиот живот. Па ако многу многу го сакате партнерот, а ако ви кажам дека утре ќе го нема (не зборувам само за смрт, може да се исели во друга држава, може да ви раскине, може да има друга девојка, едноставно веќе да не е присутен во вашиот живот од Х причини), дали ќе се потрудите да го задржите? И таа мисла ќе ве натера да се потрудите повеќе.