Абе не мора да те сакаат,знаеш како викаат,ако некој не е сакан и не е почитуван од многу луѓе,тогаш мора да е добар човек!Имај си го тоа во глава... Јас порано имав (фала му на господ што повеќе немам таква личност во животов) другарка која дури откако престанавме да се дружиме разбрав што се ми зборела и правела зад грб,ми станаа јасни сите нејзни нејасни постапки од претходно,сите нејзини комплекси ми испливаа на површина,не ми беше јасно се до моментот кога се прели чашата.Секогаш ми завидувала дека сум била во центарот на вниманието,секогаш мене ме сметаа за лидер помеѓу другарките (не сум се наметнувала,ама ете гласна сум,секогаш филозофирам и секогаш љубопитно прашувам за се),а и плус ми било допуштено од нив затоа што ниедна не била во состојба да организира излегување,било какво случување,секогаш ми било препуштано мене,па така и се наметна самото да ете јас имам некоја таква позиција,што искрено,по природа не ми е,можеби кога се работи за учење,проекти и слично,сакам да се наметнам и да ги земам работите во свои раце,но во приватни дружби никако,дури избегнувам,а сум адаптабилна на се што другите сакаат.Имам прифатлива физичка појава која неа и создавала постојано главоболки,па така друшкава забега по други води и сега слушам дека води -бурен- живот каде што себе си се дава на извлоте сметајќи дека е поволен начин за освојување на љубовта на машките,а што се однесува до женските лице-пице... Ич не му ја мисли дали те сакаат или не,ама немој ни да си се вообразуваш себе си дека си многу нешто повеќе од нив затоа што ќе видиш како што ќе растеш ќе си создадеш систем и мерило на вредности кои ќе бидат далеку пореални од овие сега кога е време во кое си се бараш себе си.Ова е и малце она детското кое си го носиш,а знаеш малите деца се себични и вообразени,но е минлива фаза,така да...едниствено што ти е останува е да внимаваш да не се изгубиш себе во туѓите желби,а да ти остане само вообразеноста,е тогаш е многу лошо.Знај дека секогаш ќе има многу подобри и поубави од тебе,но и многу полоши и понеубави од тебе...
Лилит стварно многу убаво го кажа ова ! алал да ти е ! потполно се согласувам со тебе . поззз пипито само прочитај го моето корисничко име и ќе знаеш што сакам да ти кажам
Грижи се за срцата и мислењето на важните личности во твојот живот, не на тие што џаболебарат по ходници. А зошто тие коментираат? -Болдирав.
Со самото тоа што си средношколка ,значи дека имаш една долга животна патека пред себе , во која со тек на време ќе научиш што ти е приоритет ,а што не . И како што кажа Лилит ,зошто кога гледаш само за себе ти е толку важно што другите те проценуваат погрешно? Нели ,штом си толкав егоист ,сопственото мислење би ти било најважно ,а туѓото ирелевантно . Некако ми си збунето ,тие работи не одат заедно. Пробај да го најдеш коренот на твојата ситуација ,размисли и согледај ја реалноста . Слободно излези од својот свет на крената глава ,некогаш треба да го спуштиш погледот пред нозе за да видиш до каде си стигнала . Јас несакајќи ја добивам наклоноста на луѓето ,зашто знам добро да ги прочитам ,да ги ислушам и да им помогнам ако има потреба . Искористи ја харизмата ,добриот збор и достоинството и ќе видиш како ќе им се промени мислењето на оние околу тебе .
Имам јас една ваква другарка..ако моѓе да се нарече така и не поминува баш најубаво... Со ова НЕ сакам да те навредам! значи ако знаеш дека си себична , сакаш да го наметнеш авторитетот знај дека тоа им смета на луѓето и ги иритира... понатака во животот ако не се промениш ќе ти биде уште потешко !!! Значи-како да ги освоиш срцата на другите? Одговор: Сигурно во твојата околина има некој на кој му се восхитуваш,кој може да се вклопи во секое друштво и да го освои секое срце. Епа внимателно набљудувај го како се однесува спрема другите -Не ! Не велам да почнеш да го копираш или имитираш,или да станеш BFF со него, туку само пробај да ги присвоиш неговите добри особини и да ги примениш ! со Среќа !
Човек треба да живее за себе, а не за другите. Не треба претерано да мисли на тоа, еј сега што ќе кажат за ова што го направив, па што мислат за мене... Тоа е погрешно. Не зборувам за себичност, секако дека човек треба да е тука за своите најблиски, за пријателите, да помогне кога ќе може. Но ако нешто сакаш-направи го. Не жали за она што си го направила, туку за тоа што си пропуштила да го направиш, ретко се добива втора шанса... Биди своја, гради го својот стил и имај свое мислење за работите. Кога си во друштво, биди расположена, па колку и да не ти е дојдено до тоа, биди вклучена во темата на разговор и внимателно слушај. Сето тоа ти носи позитивни поени. Не очекувај дека ќе им се допаѓаш на сите, секогаш ќе ги има тие што те озборуваат, што ти мислат лошо, што навредуваат позади грб... Таквите луѓе немаат свој живот и се мешаат во туѓите. Важно е твоите пријатели да имаат добро мислење за тебе, со нив да бидеш во добри односи, а злобните луѓе секогаш ќе ги има, твое е да не им обрнуваш внимание. Сакај се себеси, биди свесна за твоите квалитети, но немој секогаш по секоја цена да се истакнуваш.
Сака нека ме сакаат сака не мораат не мебрига иич иич не ми е гајле, јас си имам подобри другарки од тие трите ако воопшто можам да ги наречам другарки
Не се трудам да им се допаднам на другите, само сум она што сум, кој сака ми се доближува кој не сака не ми е ни потребен.
Не се трудам и не сакам да освојувам Кики е ладнокрвна и дрска личност што стварно не и е јасно како луѓето ја засакуваат и цел живот е магнет за дебилизам
Ич не ми е гајле дали на некој му се допаѓам или не. Ни јас ги сакам сите, ни очекувам сите мене да ме сакаат. Факт е дека тие што глумат дека сите им се океј се најлицемерни суштества. Искрена сум, своја сум, кој ме сака океј, кој не не мора. Не се обидувам да им се допаднам на луѓето.
Како помлада можеби да ,сум сакала да им се допаднам на луѓето со коректен некој однос од моја страна ама сега воопшто не се трудам ама баш на никој да му се допаднам . Таква сум ,каква што сум