Јас го користев првиот и многу е добар. Ги зацврстува ноктите и растат побрзо, барем мене. Само треба да се следи постапката три недели редовно.
Нанесуваш на чисти нокти. Првиот ден нанесуваш еден слој, вториот ден нанесуваш уште еден слој, а третиот ден ги бришеш со ацетон и ставаш нов слој и така се повторува постапката. На самата кутија има детално упаство.
И мене првиот лак многу ми помогна. Пред да почнам да го користам не знаев какво е чувството *долги природни нокти*, цело време пари за вештачки фрлав. Исто како @buba4e89 забележав дека побрзо ми растат кога ставам од него. Земи си го, вреди, на сите им го препорачувам. Околу начинот на употреба, има позади декларација и убаво е објаснето, нема ништо комплицирано Само не ставај повеќе од еден слој дневно или пак дебел слој затоа што ќе осетиш болка во ноктите. Јас си го користам и како основа за лак во боја, па така малку подолго ми издржува лакот.
Пааа јас не ставав зашто кога ја прекинав постапката ставав само еден слој и ми траеше една недела после се излупи само, а кога пробав со лак како основа ми се излупи лакот за два дена. А ако ти се премногу тенки ноктите може да те пече и боли ама издржливо е, тогаш дувај малку на ноктите ќе помине болката.
Да да, ставаш од овој лак еден слој па врз него друг лак (во боја). Исто така предност на овој лак е што многу брзо се суши
Јас го земав овој и од вчера почнав да го ставам се надевам има ист ефект како и обичниот Еveline 8 in 1 и дека ќе ми пораснат ноктите зошто многу бавно ми растат, а и ми се лупат
Дали после 2-3 недели користење како што пишува во упатството се зацврстуваат ноктите или потребно е подолг период за да се видат првите ефекти?
Кој е подобар?[/QUOTE] Јас ги имам пробано и двата и искрено од првиот забележав подобри резултати ама никако поврзани со побрз раст на нокти (моите, патем, растат премногу споро, ми требаат околу месец и пол, два додека да ми пораснат со некоја забележителна големина) ама има промени во смисол на - поцврсти нокти кои не се лушат и тешко се кршат, имаат сјај и се изгледаат здраво. Вториот не можам да кажам дека ги постигна истите резултати, или можеби јас не сум била доволно упорна тогаш, не знам Имам читано за побрз раст на нокти да ги потопуваш во лимонов сок ама колку пати неделно и колку долго немам поим, треба да се истражи
Почнете да ги пиете мерц специјал дражеите 570 ден се во зегин.Еве јас ги пијам веќе 3 месеци презадоволна сум.
Јас веќе некое време го користам овој розевиот од Авон на сликата. Нема формалдехид, ноктите ми се во одлична состојба, па верувам дека е поради него. Не е ни скап, често може да се начека по 99/119 денари.
Zdravo zenski ve molam za sovet kako da mi porasnat noktive mnogu bavno mi rastat skoro ic stavam gel dzabe si gi rasipav veke od nadgradbi i gel ve molam za pomos fala odnapred