Здраво женски, дали некоја го има испробано овој рецепт и дали е ефикасен? Регенераторот за јакнење и побрз раст на ноктите од лук Исецекјате на ситни парчиња едно чешне лук и ставете го во безбоен лак. Оставете го да отстои 48 часа. Секој втор ден премачкувајте ги ноктите. Не бришете ги слоевите 4-5 пати. После петтиот пат, избришете ги и премачкајте ги повторно. За краток временски период (2-3 недели) ќе бидете воодушевени. Ќе имате цврсти нокти кои повеќе нема да се листаат.
Мислам дека за да ти пораснат ноктите треба трпение, јас кога ги пуштам ги пуштам со месеци. Детергенти, сјаеви, средства за чистење многу ги уништуваат ноктите, држи се подалеку од нив или користи нараквици. Јас практикувам да користам отстранувач на лак без ацетон. Исто така препорачувам ноктите редовно да се мачкаат со кокосово масло, ги потхранува. Имам пробано и секакви лакови за зацвртување ама немам видено никаков ефект. Сфатив дека што поприродно тоа подобро.
Не знам зошто но ноктите последниве 6 месеци ми растат криво, ми ги примети другарка и ми предложи да одам на Дерматолог демек да не ми недостигал некој витамин Дали сум единствена или има некоја сличен проблем?
Јас користев гел од Евелине за зацврстување 8во1 и од истата марка за растење, мн сум задоволна. Околу 130ден. се.
Да дадам еден добронамерен совет никако немојте да го користите лакот на евелине... На почеток навистина делува и навидум ги зацврстува ноктите меѓутоа после подолга употреба ноктите никогаш нема да ви бидат во полоша состојба. Значи буквално ноктите не престануваат да пукаат дури и на средината од плочката. А и да не зборуваме за тоа што содржи формалдехид. Сега пробувам да ги подобрам ноктите со редовно мачкање на кокосово масло и слободно можам да кажам дела изгледаат мн подобро од претходно иако потребно му е уште време.
Jaс на повеќе наврати сум го користела лакот од евелин по месец-два затоа што ноктите ептен споро ми растат и за да дојдат до некоја убава должина толку време им е потребно. Ама никогаш не сум имала вакво искуство како тебе искрено. И неколку другарки го имаат користено, всушност една од нив и ми го препорача во прво време затоа и толку ме изненадува ова што го читам од тебе :/
Доста читав за неговото штетно дејство и јас како тебе не сакав да верувам се додека не ми се случи и мене истото.. Баш следам и еден профил на инстаграм кој пишува за природна козметика и има многу девојки со истото искуство како мене. Но морам да напоменам дека го користев подолг период пред да ми се случи ова околу година дена.
Мене од почеток на самото користење ми ги уништи ноктите. Одма го фрлив. Почнаа уште повеќе да се кршат и лупат, башка што осеќав и болка кога го нанесував. Никому не го препорачувам.
Od lakot 8 vo 1, veke 6dena go koristam i gledam nekoja minimalna promema, za kolku vreme ke vidam vidliva promena?? Moze da go sliknes toj za rastenje so e ja se mackam so toj 8vo1 eve veke 2nedeli i tek sea pocnaa malku, ama veke dobivam kriza za grickanje ama srce ne mi dava
Здраво Сакам да прашам, имав вештачки нокти и многу ги чепкав и ми се скршија неколку нокти на пола па морав сама да ги извадам сите. Е сега горниот слој од моите нокти е излуштен. Сакам да прашам дали можам да одам да си ставам пак вештачки нокти или морам да чекам да ми се оправат ?
За ноктите (цврстина, квалитет) како и за косата, има два важни момента: 1. Генетика. Што и да правам, ноктите ми се цврсти. Буквално исти како на мајка ми, дури и формата ни е иста. 2. Здравствена состојба, добра исхрана, баланс во организмот. Ако генетиката не ве надарила со цврсти нокти, подобро да се концентрирате на она што го внесувате од аспект на храна (многу млечни прозиводи, квалитетно месо, риба, јајца) отколку на она што го ставате НА ноктите.
Здраво девојки, јас го користев тој 8 во 1 на evelin, и после одредено време се кршеа ноктите. Нормално после ставање гел ми беа многу меки и воопшто неможев да ги израснам. Освен мене никој во семејството немал долги нокти, така да растење генетски се многу мали шансите кај мене. Ви го препорачувам Maxiumum nails growth ( evelin), кој стварно имаше резултати.