Треба време, но некои препорачуваат апчиња со пивски квасец. Ефикасно е можеби, но многу дебелее. Јас во бременоста сега од витамините што ги пијам имам многу подолги нокти, побрзо растат. Порано кога имав проблем со слаби и кршливи нокти никако не успеав да ги пораснам се додека не ставив гел на нив. Со тек на време растеа без да се скршат. Не верувам и јас во магични лакови и такви производи кои “гарантираат” брз раст на нокти. Веројатно треба време како што велиш ти..
Јас едно време ги пиев апчињата пивски квасец за накачување на тежината, па приметив дека од нив и ноктите почнаа побрзо да ми растат и ми се зацврстија повеќе, исто така и косата ми беше посјајна. Можете да пробате доколку сакате, не се воопшто штетни. Е сега прочитав дека не делувале кај секого па не знам, кај кого како.
Мене не ми е проблем да пораснат за 2-3-4дена,туку премногу ми се лупат и кршат. Користам лак од евелин, 8во1 за кршливи нокти ама не ми помага. Друга алтернатива за да добијам здрави и цврсти нокти? Ми се крши на пола нокт, а не се ни долги.
Би ти го препорачала оној на Revuelle 9 in 1 како алтернатива за евелин. Поевтин е од евелин а со квалитетот се доста слични. Мене и двата ми помагаат ноктите да ми бидат поцврсти ама за растење немам никаков бенефит ни од едните ни од другите. Внимавам на исхрана колку можам, земам мултивитамин и Омега-3 ама џабе. И коса и нокти многу споро ми растат и го немам најдено лекот се уште.
Мислам дека тогаш би ти помогнал овој на Revuelle. Го има во ДМ, цената му е околу 140 ако не грешам. Од линијава имаат и лак специфично за кршливи нокти, но го немам користено и не знам колку е ефективен. А го фалат и оној на Farmasi со калциум, исто околу 100 и нешто денари, но ниту тој го немам испробано.
Кај мене гелот Eveline немаше никаков ефект. Го користам веќе 3 недели ама ништо. Дури и мислам дека ми се успори растот на ноктите, па претходно за еден месец ми стигаа до посакуваната должина, сега ни до половина не имаат пораснато.
Мораш да бидеш поупорна, треба време ама после се ептен цврсти.Јас имав нокти што можев контра да ги свиткам и се лупеа,а сега веке 6 /7 години ми се долги и цврсти од Евелинот. На почетокот мачкав секој ден,сега еден слој пред лакирање на 7 до 10 дена.
Мислам дека брзината на растење, квалитетот на ноктите и цврстината во голема мера е генетски одредена. На пример, јас никогаш не сум користела ништо посебно за побрз раст ниту пак некакви суплементи, а растат како луди и се многу цврсти. Моите родители имаат таков квалитет на ноктите.
На ногата, ми испаднаа ноктот на палецот и уште помина, 1 недела и уште нема ни малку пораснато, дали има шанса да порасне илии имам габа иначе.
Не знам што е проблемот, изгледа од средствата за дезинфекција. И претходно ми се лупеа и кршеа ама како досега никогаш. Лом ми се ноктите, и со зацврстувач и со витамини, немам нормален нокт и морам до крај да ги сечам а е излупен пола нокт. Има ли некое решение, зацврстувач со формалдехид не доага во предвид, некоја друга опција?
Знам дека малку ќе сум оф топик ама не знам каде да го поставам прашањево. Во последно време ноктиве ептен ми се кршат, не знам што да му правам за да ги зајакнам. Предлог што да правам?
Неделава го нанесов овој третман за нокти првпат, но ноктите наместо да се поцврсти(што вообичаено имам цврсти нокти), ми станаа помеки од вообичаено, дури и ме се излупија на палците. Му се има случено на ова некој, од овој третман за нокти??
Многу убави! Како успеа? Јас во средно кога одев на пракса морав да ги сечам прекратки, сега не можам да ги опоравам, а ми беа многу цврсти и убава форма. (Да не спамовам во другата тема).