Што да направам за да го зголемам растот на моите нокти ? Воопшто не си во право. Мене лакот многу ми помага и не држи вода тоа дека лакот се нанесува надворешно бидејќи со самото тоа што се нанесува врз ноктите ги потхранува. Додека пак пивскиот квасец отвара апетит и дуе.
Што да направам за да го зголемам растот на моите нокти ? Душица ќе може да ставиш сликиче од тој на Флормар или Аура. Мене минатиот пат во Космо ме зезнаа. Побарав таков ама ми дале некоја глупост, вака со слика одам на сигурно(да знам што барам)
Што да направам за да го зголемам растот на моите нокти ? Да да , може Еве вака изгледа тој на Флормар , ако го земаш земи го во Рамстор горе кај што им е тезгата . А еве го тоа од Аура
Што да направам за да го зголемам растот на моите нокти ? Јас користам една маст од Хемел за раст и зајакнување на нокти,пробај ја мене многу ми помогна.црвено паковање е,ја има по аптеки и во Космо.
Што да направам за да го зголемам растот на моите нокти ? Мерц специјал дражеите пробајте,мене ми помогнаа! во секоја аптека ги има
Што да направам за да го зголемам растот на моите нокти ? Феминки, ајде едно прашање и од мене...Вчера купив еден лак-стимулатор кој треба да направи да ми пораснат ноктите побрзо.Ме интересира дали некоја од вас го користела и какви ефекти има?Еве слика:
Што да направам за да го зголемам растот на моите нокти ? Ја поддржувам Феминката која ги спомнала Мерц таблетките, делуваат, дури и косата од нив станува поубава, значи имате 2 во едно. А мене ми растат како луди кога ги лакирам со обичен, безбоен лак. Пишав и во претходната тема за делењето на ноктите - и тоа го средува. Ма не само овој пат, ова го приметив уште минатото лето кога интензивно се лакирав и почна ноктокршот. За 2-3 дена од кратки, никакви нокти, добивав долгички. А гледав на лепенката на лакот никаде не пишува додатоци во него, ниту пак дали помага во растот - само nail care и толку. Мене ми е доволно, само да растат. А и не е некоја позната марка лакот - некој си Orride, за 30-40 денари од парфимерија. Страшно.
Што да направам за да го зголемам растот на моите нокти ? http://www.google.com/imgres?q=jordana+ ... 29,r:3,s:0 значи нокитите ми се појаки не ми се кршат и многу брзо ми пораснаа
Што да направам за да го зголемам растот на моите нокти ? 100 ден. Струга во Цома и ги има лаковите за цртање на Арт Деко.
Што да направам за да го зголемам растот на моите нокти ? Јас немам проблем со ноктите си растат како лудиии.....Ако ги исечам заа неколку дена ми се супер и си обожавам француски маникир...Имам големи природни нокти и прекрасно ми е за разлика од моите другаркии......Инаку има едни витамини(мислам ОЛИГОВИТ се викаа) тие ти даваат апетит го подобруваат влакното на косата и ги зацврстуваат ноктите(но не ми земајте на збор) ги немам пробано зошто немам таков проблеммм...
Што да направам за да го зголемам растот на моите нокти ? Да ги држиш во лимон така се зацврстуваат и се забрзува нивниот раст
Феминки ве молам кажете нешто за побрзо растење на ноктите. Ептен бавно ми растат, па сакам и јас да имам поголеми нокти Ако знаете нешто ве молам пишувајте. Поздрав П.С: Се извинувам ако е копирана темава не најдов друга со ваков наслов.
Па нема ваква тема И јас го имам истиов проблем, али мене не што ми растат споро. Туку и кога ќе ми пораснат ми се листаат. Ептен малку ми пораснале и од вчера им се радувам. Иначе тие лакови што се за растење на нокти, се безвезе. Чарето би требало да е нешто домашно, нема трето
belieber ист случај сум и јас. И мене ми се листат така. Дај некој нека кажи некое решение оти ми се смачи вака да си ги гледам мали сакам еднаш барем да си ги пораснам.
на тв серијата „Will and Grace“, Грејс кога беше трудна пиеше витамини за трудници, од кои ноктите и косата наводно побрзо и растеле. Дали некој знае какви се тие витамини и кај може да се набават? ПС: Не сум трудница.
Па ако не си трудница мислам дека би било штетно да ги пиеш? Иначе викаат од пивски квасец апчиња и од б-комплекс станувала сјајна косата и растела побрзо исто така и ноктите, али ја пиев пивски квасец и само косата ми беше сјајна друго ништо
^ Лакирај ги постојано. Тоа им е лекот. Мислам, не буквално, ама барем не се гледа кога ќе почнат да се листаат и не се кршат толку лесно. Јас моите така ги пораснав за две недели, постојано имам лак на ноктите. Е сега, за жолтење не знам бидејќи моите многу тешко пожолтуваат. Ама ете, ти кажувам искуство дека пребрзо пораснаа, а и не им се пулам толку кога ми се лакирани, не им барам пукнатинки па да ги лупам разлистаните делчиња и се сосема океј, се надевам ќе ги задржам вакви барем уште месец-два.