Мишела, кај мене проблемот е и ацетонот, јас мислам дека и од ацетонот ми се листаат купив еден скап демек ги зацрврстува, немаше везе, сеа иам еден ефтин исто е. Кој ацетон е добар за ноктите?
јас користам Dahlia маслен отстранувач за нокти без ацетон. Па добар е. Моментално розевиот го користам, а ги имам сите користено. )
Ќе си бараш маслен ацетон, ете овој на Далиа е одличен. Јас користам еден друг моментално и не е лош ама е апла ацетон, што не ми се допаѓа воопшто. Добро е за сега, не се разлистале тетраткиве од нокти што ги имам, ама мислам дека е баш поради тоа што ми се лакирани сеогаш и немам можност да најдам некое ливче да подлупам и да го отерам ноктот у триста лепе.
Луѓе прочитав сеа дека 2 пати неделно требало во смеса од жолчка од јајце и маслиново масло по 10 минути да ги држиш ноктите и така станувале поцрврсти и повеќе растеле. Првпат слушам али сега ќе пробам
Интересно, ќе пробам и јас . Феминки тие што сте го користеле ацетонот Далиа кажете ми од каде да го купам?
Јас го имам земено од Космо За зацврстување: ставете ги ноктите во кора од лимон и држете ги така неколку минути
Да се надоврзам на мислењето. Ова стварно успева. Поздраво ми изгледаат ноктите па и малку ми пораснале. Ма не 2 пати неделно 100 пати дневно ќе ставам само нека ми пораснат здрави и живи
Има гелови за нокти кои се посебни за растот на ноктите јас ги користев овие од Oriflame и сум задоволна од нив http://mk.oriflame.com/products/product ... Code=23447 http://mk.oriflame.com/products/product ... Code=13617
Се сложувам за постојаното лакирање. Во последно време сакам да ги пуштам пак подолги а почнаа да ми се листаат, меки беа па го земав ова од Авон и сум супер задоволна. Го нанесувам во 2-3 слоја, се суши па ако сакам си ставам лак во боја одозгора. Вака дури и лакот подолго ми издржува. Инаку, сокот од лимон и триењето на ноктите со лимон само ги избелува, нема никакво дејство за зацврстување. И турпајте ги почесто!
Може ќе бидам малку оф топик, ама не знаев каде да прашам, па ајде тука. Значи, пред некој ден имав ставено дреч жолт лак (два слоја) и по 3-4 дена, откако го извадив, жолтата боја остана. Се уморив чистејќи ги со ацетон, но не помага. Еве една недела помина и морам со друг лак одозгора да ја прикривам жолтата боја. Не знам како може да ја извадам. Помош?
Dulceee ако не ти успее со паста, пробај со сода бикарбона, измешај ја со малце вода и исто со четка триј. И друпат прво стави безбоен па после жолт