Нокти Нека ти бидат постојано налакинари со безбоен лак, во неколку слоеви. Така нема да ти се кршат толку многу.
Нокти Купи си лак за третман на ноктите (на пример на Флормар се добри), два слоја од тој лак, два слоја од лакот во посакуваната боја и на крај ќе ставиш безбоен лак... а кога ќе менуваш лак, ти препорачувам барем еден ден или преку ноќ да ги оставиш и да ги третираш со соодветна крема
Нокти И јас имам меки и кршливи и една година користев лак за зацврстување, и сега ми се ок, пробај , корисно е!
Нокти Пробај со кремот од орифлем што е 2 во 1 за раце и нокти,од коа почнав да го користам ми се нема скршено нокт.
Нокти Имам слушнато дека ако ти стојат во свеж исцеден лимон се зацврстувале и јас си имам проблем со меки нокти,ќе треба да почнам да применувам некои од советиве
Ги мачкам со лимон ама нема нешто разлика..стварно лом ми се направени ноктите па лимонот изгледа неможе толку да поправи. :roll: За пораснати, пораснати се. И за оние што прашуваат како: првата недела само со безбоен лак(во повеќе слоеви), втората недела без лак со премачкување со лимон и третата недела ќе бидат подпораснати па може да се лакираат со дизајни само над и под лакот во боја треба да се става безбоен лак за да се заштитат природните нокти.
Јас имам приметено дека ми растат од вода. Ми се случувало по цела недела јас да морам да мијам садови секој ден и забележав дека ми имаат доста пораснато. Или летно време кога сме повеќе во вода и тогаш ми растат. Ама ноктите на нозете ми растат многу бавно, особено на палците. Витамини и разни апчиња несакам да пијам оти ми го зголемуваат апетитот а забележително фајде нема.
Ставам бадемово масло наместо крем кога имам време и не треба да работам нешто со раце. Во него имам ставено неколку капсули витамин Е. Лимонот не ми помага баш. Инаку практикувам рацете да ми се намачкани со крем. Да не се заречам, ама година ипол нокт немам скршено, а порано не можев да ги пораснам никако. И кога ги обликувам со турпиjа, одам само во една насока, а не напред-назад, затоа што така ноктите се оштетуваат и се раслоjуваат.
Пијам Б-Комплекс,и ми растат,ама затоа и апетитот станува поголем,и се почесто јадам.Ако и онака сум слаба па и да имам придобивка и од ова заедно со се ноктите..Од секогаш сум сакала средени долги нокти,е сега им се сипав и ке ги пуштам
Премачкувате ги со домашно припремени масла за да бидат со целосно природни состојки. По интернетов може да се најдат многу такви рецепти. Што помалку хемикалии, а во нив се вклучени и лакчињата, светки, гелови и сите други глупости што се ставаат за ноктите да имаат поубав изглед. Ако не сакате да бидете цело време без лак, воздржете се барем 2-3 дена преку една недела без никакви „хемикалии“ и само со заштитни кремови и масла. И кога ќе успеете да ги сочувате долги, не покажувајте ги премногу. Има многу завидливи очи (си знам по мене и моите нокти од по 2cm, но и од претходно). И јас од тие завидливи очи не можев нокт да пораснам и во 3 дена сите ми се имаа скршено
Дечки, можно ли е ноктите да пукаат ако се третирани cо лоша ноктерка ? Не можам да најдам пологичен одговор, ама чинам тоа ќе да е причината за постојаното пукање на моиве. Цел месец не можам да ги пораснам, постојано пукаат. Чудни се кога ги сечам со ноктеркава, па си велам, да инвестирам во добра турпија и да се збогувам со гадната грицкалка.
Дефинитивно тоа е една од грешките при нега на нокти.. Не треба да се употребува ноктарка, само турпија и тоа исклучиво во еден правец да турпираш (турпијаш, како и да е) Патем, не знам што е со моиве нокти, премногу ми се уништија последниве неколку дена, премногу ми се кршат и листаат, ама буквално слоеви се вадат, ептен ми е криво
Decki moye li nekoj da mi dade nekakov sovet oti na noktive pochnuva da mi se pojavuva neshto ko beli tocki. Imam slushnato deka toa moze da bide od nedostataok na vitamini,ama jas voopshto ne gi zapostavuvam. Postojano redovno jadam i ovoshje i zelenchuk. Ako moze pomosh?
мене матичната ми ги препорача фитовал капсулите (бидејки ми опага косата) но во упатството пишува дека капсулите се добри и за ноктите ги зацврстуваат инаку јас се уверив косата почна побргу да ми расте и ноктите кои се виткаа повеке ги нема сега имам супер нокти а апетитот не ми се зголеми инаку се 250 ден не се на рецепта,поз
zdravo,od koga se sekavam na mene se sekavam i deka gi grickam noktite mislev deka nikogas vo zivotot nema da imam dolgi nokti a obozavav koga videv dolgi neguvani nokti i sega pred nekoe vreme nekako se osetiv ispolneto i poleka poleka so golemo trpenie gi iscuvav sega gi pazam non stop gi lakiram od strav da ne me fati nesto pa da gi izgrizam stavam poveke sloevi na lak za da mi se poveke cvrsti zatoa bidete uporni ako sakate da gi iscuvate se e vo glavata za celi tri meseci ke imate prekrasni nokti mojte bea katastrifa izgrizani ama ona epten sega i se cudam ama nekoi cuda i postojat pozdrav