Пред сите ритуали, доаѓа здравата исхрана. Oбратeте внимение на храна богата со Витамини А, Б-комплекс, Ц, Д, Е и железо, калциум, цинк, сулфур.
Освен тоа би ти препорачала ако ти се дава пари да ставиш гел на ноктите. Зборувам само еден пат да ставиш гел, јас ставив на ноктите гел со неколку витамини е и плус зацврстувач, кога почна да се лупи за некои 2 недели ноктите повеќе се зацврстија од претходно и беа за разлика од обично, повеќе потпораснати. Сега немам проблем со листење на ноктите и си растат нормално
Јас истиов го купив 35 денари. Ама воопшто не ми помогна, иако му давав шанса 3 недели. Со сегашниов на Rimmel имам многу поголем напредок во растот, а и цврстината на ноктите.
Mishela откако ќе го нанесеш овој лак, ставаш друг лак во боја врз него? Јас го земав тој што е за 14 дена третман, пишува дека првиот ден треба да ставиш еден слој, вториот ден уште еден слој, па да го повториш истиот процес за 7 дена, но не пишува дали да ставиш друг лак врз него.. јас не можев да трпам да ми бидат така само со овој лак, па ставив и во боја, не знам дали ќе има ефект
Не ставам никаков друг лак одозгора, освен овој на Риммел. Ноктите ми беа во ужасна состојба и не смеев ниту да замислам да ставам ете да речеме црвен или било каков лак. Мислам дека штом се става одоздола веднаш на ноктот, би требало да има ефект, ама сепак јас кога сум во фаза на растење на ноктиве практикувам да имам само зацврстувач. Така се покажало најефективно. Сум правела како тебе - зацврстувач па одозгора друг лак, ама ноктите побрзо ми пукаа. Затоа реков дека со овој ќе пробам да им одолеам на другиве лакчиња.
Јас веќе долг период практикувам да ставам зацрвстувач како base coat (на Флормар) па лак во боја, но нешто се случи со моиве нокти, наеднаш ми се испокршија и разлистаа па го земав на Римел да видам дали ќе има разлика, но ете, не издржав да не ставам лак Ајде ќе видиме, може ќе успее
Ова е нешто перфектно, околу 130 денари во Зегин Ноктите ми се кршеа, разделуваа, а сега ми се премногу зацврстени Само треба упорност, веќе 2 месеци секоја недела го ставам под лакот. Прво тоа и така е безбоен па нормален лак. Плус имав и белки по ноктите , и тоа ми се изгуби. Сеа си имам природни долги
И јас мака си мачам со моиве нокти. Многу се кршливи и се лупат. Не можат ни да се истурпираат, како што треба. Затоа од време на време ставав вештачки нокти. Можеби и уште полошо им направив, вакви ми беа. Никакви. Спојлер Сега ги одмарам од вештачки нокти. Не им лепам, па што сака нека биде. Малку ми се вратија во нормала. Ама работата е што, јас кога се нервирав, сама си ги корнев. И не ми се горе рамни, ќе навлезе внатре лак и после со ништо не се вади. А друга работа, е што сите се различна големина. А иначе, вакви ми се нормални. Поголеми не можам да ги израснам. Сега ме убеди Офболи, утре изгледа ќе си купам од тој на Аура. И ќе ги мачкам. Спојлер
Добри витамини за ноктите се Мерц само скапи се малку мислам дека се околу 500-600 ден, чекам да дојдам при пари па да си земам
имам прочитано дека можеш да ги зацврстиш ноктите и со масло имам пробано еднач, чисто од љубопитност, но ме нервираше и го избришав
https://www.google.com/search?hl=en&sit ... B300%3B300 Женски јас го имам ова и е премногу ефикасно, и ми се зацрстени ноктите и ми растат побрзо. И ја го имав тој проблем, ги грицкав многу ноктите премногу и сега коа ми пораснаа им се чудам, секој ден си ги гледам си ги лакирам многу се радувам хаха
Јас сега земав една четкичка од исушен лак и добро ја измив и исчистив....после исцедив малце лимон во тањирче и си ги мачкав ноктите како со лак,и така два пати и ми се исуши лимонот на ноктите па го оставив да поседи и уште го држам......А да прашам дали ке делува или да не се мачам за џабе?
На мене летоска ноктите најмногу ми растат, бидејќи почесто се бањам, а сега зедов еден лак за нокти од Орифлејм ми помогна малце, ама пак раснат бавно.
Toa e folna kiselina, stimulira rast na kosa i nokti ama se pie poradi planiranje bremenist 12 nedeli i 12 nedeli otkako ke zabremenis
Јас порано ги грицкав ноктите и незнам како, ама сум ги направила нееднакви .. на едната рака ноктот поголем, на другата рака на истиот прст ноктот помал .. и некако не ми се еднакво зараснати на месото .. не знам дали баш добро објаснив .. се надевам дека ќе ме сфатите .. и сега ноктите ги пуштам .. тие се разбира растат подеднакво и на двете раце .. како да ги изедначам ноктите да ми бидат еднакви ??