Со турпија, ќе гледаш да ги доведеш сите на слична или иста должина, без разлика дали ноктите на палците се исти по должина без белото (пораснатото) од ноктот и тоа е тоа. Ако ти се изгрицкани ептен до месото, освен да престанеш да ги грицкаш и да почекаш некое време малку да потпораснат врвовите па да ги истурпираш, не знам што друго би можела да направиш.
Ја пробувам ама пробувам да ги пораснам сега Проблемот е што ја не ги грицкам,туку ги сечам,а за грицкање треба заби да искршам,многу цврсти нокти имам де Иначе ја за да ми пораснат,еднаш више ги имав пораснато па ги испосеков,некои ми се скршија и така,ги држев рацете околу 5 минути во вода со лимон,топла вода,па после со крпа ги бришев само колку да се впие водата,па ставав една крема како и да се викаше околу ноктите (најобчна беше,не некоја специјална) па со нивеа рацете ги мачкав и за околу 1 месец ми пораснаа и тоа доста за разлика од тоа какви ми беа
Повеќе калциум, од што расти косата, од тоа и ноктите по моја логика. Пивскиот квасец помага исто така, а пиењето млеко му е мајката за бели и цврсти нокти. Моите ќе пораснат околу 1цм. и повеќе не растат, ама доста е и толку. Понекогаш се кршат, па тогаш сите ги сечам. За белоќата немам гајле
о па тоа не е проблем растат како луди,земаш сабаје миеш садови после кафе и доручек,потоа спремаш ручек па пак миеш садови па ај успат нешто о д понови алишта ке испереш на рака и на крај садови ке измиеш од вечера резултат загарантиран,за една недела имаш нокти долги како за француски маникир
Оо и тоа како ми растат.Порано си имав проблем со грицкањето и лупењето на лакот(не го трпев) ама сега кога ќе ги погледнам СОВРШЕНСТВО. Ги лакирам и бришам речиси секој ден,што мислам дека го потикнува растот,а исто така како што кажа skenco од миење садови,перење растат, барем така ми имаат кажано и мене. Ајде сите на работа
^Според мене не треба да бидат секогаш со лак, мислам дека би требало малку да одморат од лак барем ден-два во неделата
Да точно е ова,јас лани кога бев на одмор од вода не излагав и многу ми пораснаа, тогаш имав долги нокти сега не
Порано ноктите ми пораснуваа за 3 дена и ми беа долги потоа почнав да ги грицкам и сега престанав и треба да чекам 3 или 4 недели за да ми пораснат а многу сакам долги накти а кога ке ми пораснат за неколку дена веднаш ми се кршат Ај феминки помогнете ми што да правам како да ми бидат повеќе цврсти и да ми растат побрзоо
Јас имам слушано дека од вода омекнуваат и се кршат, инаку порано имав една крема од зегин и лак од авон, делумно бев задоволна но тоа беше само моментално..:/ Инаку и мене порано брзо ми растеа поготово во лето а сега едвај и само се кршат..Сакам пак да имам како порано ама незнам што да правам..совет?
Од ДМ да си купите лак за зацврстување Евелине 8 ин 1 прекрасен е има нацин на употреба.Или погледнете во темата слаби,крсливи нокти сите се задоволни од овој продукт Јас за 1 месец ги средив ноктите,и сега сум најсреќна telo/mi-se-delat-noktite-t840/130.html последново на сликата само со 8 ин 1
јас го користам тој лак и мн е добар се мачка 3 дена по еден слој четвртиот ден се брише и пак се мачка има ефекти и не мн. скап 135ден. и има изглед на мат боја
Ете, ова ме мачи. Ќе ги пораснам малку, околу 1 цм, и потоа ќе почнат да се кршат. А, баш сакам да имам големи и убави нокти.
Од кај можам да купам пивски квасец, и како да го користам истиот.. Инакуу да не е штетен.. Ај некој ако се разбирааа нека ми каже шо како.. Поздрав
Јас цел живот ги грицкам единствен лек ми е надградба а потоа со гел на природните кога ќе пораснат.Па едноставно одма престанувам изгледа пластиката и гелот не ми се вкусни. Еднаш си реков да ги одморам малце од стружење и чуда ги имам откажано до сега сигурно.....и пак в уста
Имав многу слаби нокти,како ливчиња,сега мии се цврсти ептен.Користев евелине 8во1.треба само да бидете упорни едно два месеци.Ставив слика и во вашите нокти,еве и тука.Немам потреба веке од гелови,природно е друго.