Ахмм.. Сега чекам да ми падне гелот, па се мислев дали да ставам пак, ама ако го набавам ова, ќе го употребувам па се надевам дека нема да ми се скршат не се мн големи, средни ми се па и да се скршат како шо велиш има ефект за месец дена ќе почекаааам, па ќе видеме..
од искуство те советувам се измачив доооолг период за да ги пораснам ,а лекот да ти бил баш ова пробај
Пробував од глупостине од Авон и Орифлеим се испотрошив пари за џабе. Пробував и со лимон и што се уште не. Поише пари дадов за џабе, ама лакот (или што и да е) од Евелине 8 во 1 значи страшно нешто. На пакетчето пишува 3 дена и следниот ден да се избрише ама јас го практикувам 5 дена и 6титот го бришам и пак од почеток. Инаку ноктите ги грицкав ко луда. Ме караа коа идев да праам нокти некаде . Пробајте стварно делува
Потполно се согласувам .. Кој ќе земе нема да згреши дефинитивно! За многу кратко време ќе имате ефект и на издолжување и на цврсти нокти. Го земав од аптека околу 135 денари мислам, го користев месец ипол така што на една недела по двапати лакирање со по еден слој ги израснав. Сега без проблем ми раснат нема повеќе зачекнување од страна и кршење. Не само што ми се издолжија туку и ми се поцврсти и сега без проблем и без него имам цврсти нокти и немам повеќе проблем !
Секогаш сум имала меки и кршливи нокти сега веќе може неколку години имам цврсти и долги.Мислам дека и голем удел во тоа има исхраната да се јаде повеќе зеленчук а помалку мрсни работи.Исто и со лицето кога ќе се воведе здрава храна лицето се чисти
Мислам дека ова е најдобро нешто што сум го ставила на ноктите во последно време. Долго време се трудам да ги средам ноктите, ова го купив одамна ама не го користев, уште кога го купив пробав еднаш и така го баталив, пред некоја недела решив да му дадам шанса и бев пријатни изненадена, уште во првите три дена покажа ефикасност, ама јас престанав да го користам затоа што си го купив Evelin 8in1, мислев подобро ќе е биде, ама изгледа пак ќе се вратам на ова, ќе го користам според упатството а после тоа ќе нанесувам од тоа 8во1. Спојлер: Упатство за употреба Три дена се нанесува по еден слој, на четвртиот ден се бриши со ацетон и се повторува постапката, се така 15 дена. После тоа може да се користи како база еднаш неделно
Девојки јас имам проблем го користам лаков и ноктите навистина ми растат. АМА и многу брзо ми се кршат а не ми се меки баш имам цврсти нокти. Го користев оној 8 во 1. Дали да го сменам сега во овој што е само за зацврстување и растење на нокти? Ако знаете некој лек ве молам кажувајте никако не можам да стигнам да ги израснам за да ги израмнам.
И јас го купив пред една недела, 3 дена поминаа и малку ми пораснаа стварно е добро.повеќе го препорачувам ова отколку 8во1.
Девојки кажете некој лак, било што за зацврстување на нокти? Брзо ми растат, меѓутоа уште кратки ми се кршат и лупат. Не можам никако да ги пораснам.
Ноктите ми се оправија откако почнав да користам турпија за да ги обликувам и полирам еднаш неделно, а ноктарицата целосно ја исфрлив од употреба. Многу ми помогна и Nail Nurse (stronger nail) подлакот на Rimmel што го користев како база пред секое лакирање, ми се зацврстија и лакот трае подолго. Како последно ќе кажам дека формата на ноктот влијае многу на издржливоста и колку повеќе слоеви лак, толку поцврсти ќе бидат. Знам дека ретко кој има 2-3 саати за да чека да се исушат 4 слоја (еден по еден: base, 2 х лак во боја и top coat) ама верувајте се исплати.
Луге мене многу брзо ми растат ноктите, еден период многу ми пукаа, и ми се кршеа, од кога почнав да ги правам со гел лак ми се супер до сега ни ми пукаа, ни ми се кршеа, но сега еве два ми пукнаа, не знам што да правам многу се нервирам, чаре некое