Не знам како вие гледате на прашањево, но мене ме излудува. Баш поради овој проблем и не излегувам од дома преку лето, 300 креми ставам, мачкам пустам, а башкаи сакам да сум по бела во тенот, бидејќи мојот пигмент и не е баш бел. Помагајте, зошто иде сезона на сончање, иначе ќе мора пак дома да си седам, само да не поцрнам.
^^^ Види, колку и да се криеш од сонце и да го преседуваш дома летото, аристократка нема да бидеш. Мислам дека си премногу опседната со неважна работа. Велиш дека и онака немаш баш светол тен.Убаво! Јас секогаш сум сакала да имам потемен тен.Верувам и многу други како мене.Ама, тоа не значи дека треба секој ден да се печам како гуштер или да дремам во солариум! Мислам дека бојата на тенот не е мерило за нечија убавина,елеганција или префинетост... Пролетта само што не дошла.Уживај во сонцето и убавите денови!
Немој да ставаш кремови зошто тие дополнително ги привлекуваат сончевите зраци. Ставај си очила за сонце, капа... ако ти е бел тенот, не може да потемнеш со едно излегување на сонце. Јас имам аристоркатски тен, дури и бледа сум понекогаш и ако сакам да се исунчам си ставам лосион или масло во помала количина
Јас сум МНОГУ, ама МНОГУ бела. Ко некој дух сум, бледа дури. И имам проблем кога излегувам на сонце од аспект дека кожата ненормално бргу ми гори, после ме боли и ме пече. И така ќе си се помачам два-три дена, некогаш и повеќе, ќе се излупи и никому ништо, пак бела ко сиренце.
Јас постојано се мачкам со млеко за сончање и седам под сенка ама ко циганка станувам. Полека, полека со тек на годиниве почнувам да се навикнувам дека ме фаќа боја и тоа е. Само ме збуни сега некој погоре што имаше пишано дека млекото за сончање повеќе привлекува. Па што советувате? Да се мачкам или не? Пошто јас природно имам темен тен (кој си го сакам) ама летно време премногу поцрнувам. И уште нешто, пошто јас се лупам само како прашина (се надевам ме разбирате како) ама одма после туширање си ставам крема за после сончање што уствари го спречува лупењето, па што мислите да се мачкам или не? Се мислам и да пробам повеќе пилинг да правам додека се туширам така може повеќе ќе испадне бојата, или може не Што мислите?
Ауу јас неможам воопшто да се исончам не ме фаќа боја воопшто со секакви креми се имам мачкано, а многу сум бела и тоа ме нервира
Ќе бегате од сонце. Како мене. Никако не можам да поцрнам. Само горам. Па поарно ми е под чадор да си седам.
хахахаха Самерче и ја сум бела на тен,и додека сите уживаат на плажа јас се кријам зошто одма се нафрлам.Ми рекоа дека било алергија од сонце,и тешко можам да добијам боја освен ако користам креми со заштитен фактор 50 или евентуално 30. И не сончање подолго од 40 мин.
Потребно е посебно да се внимава на сонце, да се користи средство за заштита со висок спф, а за лице задолжително 50 спф.