1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го научам кучето на синџирче?

Дискусија во 'Дом' започната од Elichka, 28 мај 2012.

  1. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Баба ми земаа куче, искрено не знам што раса е, нешто мешанче од пудла, искрено не знам, појма неам. :?: Го чуваат тие, кај нив седи, ама јас ептен го сакам и кога сум таму цел ден заедно.. Има 3-4 месеци. Проблемот е што не го научиа од малечко на каиш, па сега е проблем да му се стави и неможам да го шетам. :worried: Иначе кучево во природа е многу живо, штом види некој веднаш трча за да си игра, ако не го погалиш се лути и лае. :D Ама кога ќе го види тој пуст каиш, одма се трга, и се крие.. Не знам како да му пријдам и да го научам. Совет? :)
     
  2. DogHelp

    DogHelp Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    измисли нешто позитивно за каишчето
     
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    го имав истиот проблем но и затоа има лек земи мартаделка тоа ке седне мирно и ке чека да јаде на секое добро однесување наградувај го со убави зборови и малку мартаделичка ;) ,ако е кученце и ако е мало тоа повеќе умее да сака :toivo: да цени и да возвраќа за разлика од нас луѓето.И секако додека го учиш на каифче тоа прави во двор не веднаш на улица оти ќе умее да летне па потоа ќе треба да трчаш по него :hai:
     
  4. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Земај од оние со се целокупно за цело тело нез како се викаат и цел ден нека му седи на нејзе/ него.Можеш да го научиш и моето не сакаше ама сега ужива.Земај малце храна и ако не ти идет покажуваја храната и викајму да иде хД
     
  5. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Пробав така, ама грев ми е да го гледам, не мрда, седне на една место и се гали, и се измочка од страв :worried: ;( Жал ми е... И го вратив во тоа кај што спие, му го извадив синџирчето, и како ново куче да дојде, почна да скока, да игра.. :|
     
  6. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Нека си игра со каифчето и давај му храна и ставај ја под каифчето,ке свати дека каифчето не му е непријател,ако ти е грев нема да ти успее ништо :!:
     
  7. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    И јас го имав истиот проблем.Не сакаше воопшто да тргне,на почеток и збеснуваше кога ќе му го ставев ленчето,ама полека полека,се навикна некако.
    Е сега јас,незнам какво е ланчето со кое сакаш да го шеташ,ама гледај да му е удобно,и да не го стега.Јас му зедов од оние поводниците,ама го стегаше и не тргаше на него,па потоа му зедов ремче за околу врат и сега му е полабаво и трга,на ремчето може да го приклучиш и поводникот,или било какво друго ланче.
    Ако ова е во ред,а кучето пак не тргнува,не се откажувај.Може ќе те нервира и ќе ти биде жал,ама незнам што има да го жалиш.Не го разгалувај и влечи го,ќе виде не виде,сигурно ќе тргне.И да не сака влечи го,секако не да го удавиш,ама се до оној степен до каде може да се дозволи.
    Или пак,некој период шетај го така,без ланче,па пополека може ќе се навикне.Мене ми успае, сигурно и на тебе ќе ти успее.
     
  8. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Почетници, никогаш да не ги користите поводниците со огрлица. :!:
    Тоа на кучето може да му нанесе болка на вратот и да му остане како лош впечаток. Затоа користете
    појас. Тоа изгледа вака:
    [​IMG]
    Не нанесува болка доколку го влечете или тоа самото се влече.
    Ги има и како џемперчиња за малите кучиња и обични. :)
    Еве ви како да го ставите појасот, случајно да не го ставате наопаку. :D
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... iPMj2qAl1Q
     
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Појас или градник,како што викаат,е нејлошото нешто што може да му го направите на кучето,поконкретно мало куче.
    Тоа,повеќе ќе се плаши од појасот,за разлика од околувратникот или огрлицата.
    Само ви треба добар околувратник,да не е премек,нити прецврст,и добар поводник,никогаш не земајте од оние што се долгометражните со автоматски пречник.
    Пробајте со игра или храна,на смирен начин да му покажете на кучето дека нема од што да се плаши.
    Оставете го до кучето најпрво околувратникот да го спознае,потоа залажете го со храна да му го ставите и оставете го некој период да го носи и да се навикне прво на околувратникот,како би заборавил на него.
    Само не го оставајте 24/7 затоа што се оштетува крзното на тој предел,првите денови нека го носи постојано,но по некој период кога целосно ќе се навикне вадете го кога не е потребно.
    Исто така може околувратникот да се користи како казна,кога нема да послуша команда или еве најчесто при вршење на нужда на погрешно место.
    Кога веќе сте го навикнале на околувратникот,прејдете на следен чекор-поводник.
    Само прикачете го и оставете го малку кучето со поводникот.Појдете пред него и со храна залажувајте го да ве следи,додека постепено се навикне и на поводникот.
    Сега,нормално дека секоја раса,или еве неколку раси со приближна големина и карактер се категоризирани во одредени групи и според тоа поводниците(милченце,не мислам на ФЦИ,туку според големината),ама пример овој околувратник и поводник,за малите кучиња,до 7-8 месеци би одговарал скоро на сите раси,а нормално дека учењето на поводник е на помлада возраст,околу 2-3 месеци најчесто.-добар околувратник.
    -добар поводник.
    Никогаш не земајте,особено на мало кутре,вакво нешто-
     

    Прикачени фајлови:

  10. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    ^ Добро, мислев на оние раси кои тегнат како старфордот и питбулот.
    Тие и да им ставаш ланчиња со боцки нема да престанат да тегнат, а камо ли со обично синџирче.
    Затоа се препорачува да се користат појаси со алка за врзување од напред, така да ќе можете да го потегнете и да го свртите на другата страна за да се фокусира на вас. :)
    И баш знам со Астор како се влечевме... Незнаев дали јас го шетав или тој мене ме шеташе, но во главно му посинуваше јазикот од што се тегнеше и затоа не преферирам да ставам околувратници. Мислам дека со нив само се дават кучињата. :(
    Астор не е пит бул или старфорд, бретонец е, а кога нешто ќе намириса ништо неможе да го спречи, па затоа и повеќе пати се губеше.
    [​IMG]
    Еве го.
     
  11. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Па вака сега милченце.
    Не е до расата,не е важно дали е амстаф,доберман или чивава.Куче најчесто се зема мало и се воспитува додека е мало.Ако ти го научиш да не те влече и да не оди кај ќе му текне,туку да реагира на твоите команди,нема да имаш проблем и тибетcки мастиф да шеташ.Додека ако се работи за улично куче,тие се помирни и се плашливи кучиња и се воспитуваат лесно.И грешка си во расите.
    Старфорд не постои,имаш Американ Старфорд Териер или АМСТАФ(АСТ-кратенка),и е исто што и народски кажано питбул.
    Не постои раса питбул,исто како што непостои раса-малтешка пудлица и волчјак или вучјак како што го викаат.Пибулот ти е амстаф,а амсфаф е исто што и американски старфордски териер(AST).
     
  12. Lucy2003

    Lucy2003 Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ве молам не се расправајте. Вака само ја закочувате темата, а за кучето дали ќе биде врзано на лаче или на појас ќе си одлучат газдите. :!:
     
  13. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Па ајде ко така да не пишуваме воопшто.Мене ова воопшто не ми личи на расправајне,туку на најнормална дискусија.За тоа е темата,значи за да споделиме искуства,совети и да дискутираме.
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Македонски ги викаме пит бул, стрфорд и тн.
    Amastaff е алтернативно име на Страфордски териер, а APBT e алтернативно име за Американскиот пит бул териер.
    Како што на кинг чарлс шпаниел му е English toy spaniel, на Мексиканското голокожо куче му е Xolointzcuintlie или Xolointzquintlie, на акитата е Аkita inu или Japanese Akita, итн.
    Дечкото на братучедка ми имаше едно време ирски сетер и многу тегнеше, а го носеа на секави тренинзи со секакви шепкачи се нашепка и не престана да тегне. Значи не е до тренингот туку до карактерот е.
    Ти неможеш да ме истренираш да престанам да бидам каква што треба да сум ако не сум таква.
    Кога и да го воспитуваш, неможе да му се сменикарактерот на кучето. Такво е и такво ќе си остане.
    И јас мислам да земам појас. Ако знаеш што правиш тогаш знаеш како да правиш.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Добро,така нека биде.Само сакам да кажам дека сеуште си стојам на горе напишаното,дека куче може да се научи на се.
    Сигурно нешто грешеле,со сетерот.
    Значи,може да се научи кучето на сите комадни да речеме,за година кучето знае се.
    Ама што кога после обуката сопственикот на кучето незнае како да постапи понатаму?
    Сигурна сум дека некаде грешите.
    Кога може една од најтврдоглавите раси на кучиња да се воспита,може и еден ирски сетер.
    Сум имала јас лично искуство со сетер,и знам дека се доста послушни кучиња,иако се една од поретките раси во Македонија.
    Ако сте се поставиле добро спрема кучето,и сте станале алфа во неговите очи,и силна личност со изграден став која треба да ја почитува,не би требало да имате проблем со влечење.
    Ако пак сеуште имате,и ако досега сте оделе секаде каде што кучето ќе ве одведе и секаде каде што ќе сака тоа,престанете да го правите тоа.
    Секојпат кога ќе ве повлече,повлечете го и вие него и продолжете каде што сакате вие.
    Ако упорно влече,искарајте го со НЕ.Не бо требало повеќе да инсистрира,ако сте се поставиле добро.
    За старфорскиот териер,сакав само да и укажам на милечнце дека греши,зошто таја напиша во иста реченица и питбул и старфордски териер,а тоа е исто како да напишеш волчјак и германски овчар.
    Тука сум за да помогнам зошто знам и сум имала искуство,за да споделам и некому му бидам корисна,а не за да се докажувам и препукувам.
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Не, сетерот си ги извршуваше сите команди седи, лежи, врти се итн...
    Но на ланец да оди тој не шеташе... Многу беше каран... Кажувам во минато зошто сега умре.
    Страфорд и пит бул не се исти. Кај старфордот несмее да преовладува една боја а пит булот може да ги има сите бои. Тоа го прочитав во повеќето кучешки книги кои ги имам.
    Не ме разбирај како да сакам да се карам.
    Едит:
    Еве нешто што извадив од интернет:
    Ако сликите на линковите не испаднат еве линк од страната:
    http://answers.yahoo.com/question/index ... 315AAcrhi6
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Таков појас мислам да земам.
     

    Прикачени фајлови:

  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Ајде,еве ќе објаснам за сите и да не ја полниме темава со дискусија за американски стафорд териер,зошто целта на темата е сосема друга,ама кога веќе започнавме да разјаснам барем.
    Значи американски стафор териер или американски питбул териер се исти раси,само заради името,се најчесто мешани и луѓето не знаат која е која и ги споменуваат како различни раси.
    Во суштина,ентериерски се потопоно исти,само разликата е во тоа што пибулот е нели за борби најчесто користен,и не постои раса која се води под името питбул.
    Тоа е иста раса,само во минатото тие кои ја користеле за борби ја нарекле питбул териер,а оние кои ја гледале за ентериерско унапредување на расата,односно за здравјето и изгледот на расата,ја воделе под името американски стафорд териер.
    Кај американскиот стафорд териер,постои педигре и е прифатена како раса,и се носи по изложби и се оценува исто како останатите раси,и може да оди во прирлод.А питбулот,значи пак ќе кажам да не ве буни,тоа е иста раса,ама нема педигре и неможе да се носи на изложби и да се оценува,туку се користи за борби.
    Да разграничам.
    -Питбул териер се користи за борби,нема педигре и не се носи на изложби и не се оценува.
    -Стафорд териер се насочува кон екстериерот,има педигре,и се носи на изложби и се оценува и е дозволен приплодот.
    Додека бул териерот е нешто сосема трето.Таа раса,нема никаква сличност или блиска поврзаност со стафордот,за да се меша.За понатамошна дискусија,сите кои не разбрале добро,молам ПП,за да не ја полниме темава,или пак предлог да отвориме тема за дискусија за расите,па таму да дообјаснуваме и дискутираме.
     
  19. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Сакам да Ве замолам за помош. Имам кученце од расата Германски овчар, мало е, има само еден месец. Читам овде дека најдобро е кога е помало да се учи на каишче. Проблемот е што незнам каков треба да биде каишот, дали да земеме поводник со огрлица или појас? Ве молам помогнете ми во изборот и колку се движат цените?
     
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Ако кажам со појас, верувај, многу побунувања ќе има тука. Јас моето ќе го шетам со појас, мислам дека е најдобро, и знам дека нема да се плаши од појасот ако му го ставам дискретно, а однапред да го запознаам со него.