Како може да се освои некој што тотално е фокусиран на работата и се чини дека нема време за љубов? Згора на тоа изгледа дека и социјалните мрежи за него се само губење на време затоа што ретко ги користи
Секој има време за љубов. Хормоните си го бараат тоа. Зафатен сум, у моментов не ми е до врска и сл. се само изговори.
Ваквата ситуација бара многу трпение и енергија. Ако типот те привлекува и си заинтересирана, вреди да се обидеш. Повремено пројавувај иницијатива, но не настојувај премногу за да не оставиш впечаток на наметлива личност. Различни карактери има, а некој треба да биде иницијатор. Можеби упорноста ќе вроди успех. Никогаш не може да знаеш доколку не се потрудиш.