Веќе една година се допишувам на фб со едно момче кое ми се допаѓа многу. Двапати имаме излезено двајцата. Не знам дали и јас го интересирам, некогаш кога се гуни на извесно време мислам дека воопшто не му значам а кога најмалце се надевам тој пак на некој начин ми дава надеж. Некогаш ми доаѓа дури воопшто да не му прозборам Ве молам за совет...
Па што се допишувате веке една година сигурно има нешто.Кога излеговте имаше нешто помегу вас или само другарски излеговте?Ако е страмежлив сугурно му се допаѓаш но не знае како да ти каже(ако е овој случај предземи го ти првиот чекор.Ако пак не е страмежлив значи не му се допаѓаш и отргнај се од него.
Епа колку што го познавам. а го знам доволно не е срамежлив туку ПРЕсрамежлив, но јас веќе не можам да продолжам вака сакам да знам на што сум, а не знам како да му го изјаснам тоа за да не ме разбере погрешно. А ако чекам на него ќе се изначекам, навистина е срамежлив
Тогаш предземи го ти првиот чекор.Почни да зборуваш за љубота.Така кажи му ми се допаѓа многу едно дете , но нз дали и јас на него .Прашај го ти како машко како и ја искажуваш љубовта на женско.Такви некој муабетчиња прави му.И кажи што направии
Фала на советот PinkGirl, од некои причини мислам дека тој знае дека ми се допаѓа,. Еднаш дури му пратив една смс која му даде до знаење какви намери имам, но не добив одговор туку извинување од негова страна дека не ја видел пораката на време,... но сепак ќе се обидам. Фала
А Портман да го оставиш детево и да си глеаш за др момци наоколу. Очигледно не е заинтересиран. па колку сака нека е срамежлив чим после 1год не презел ништо . Така да ослободи си го патот и не се мачи самата ... Поздрав
Се соглесувам. Треба да се свртиш наоколу и да си најдеш друга мета Гледам имаш 19 а и тој е сигурно e тука негде ако не и постар. Значи проблемот срамежливост со девојки треба да му е надминат плус цела година имал шанса. Си му дала до знаење дека ти се свиѓа така да неговата шанса поминала...
Јас сум се нашол во потполно иста ситуација пред неколку години, само ние контактиравме многу подолго и излегувавме заедно многу повеќе од вас и на крајот остана само разочарувањето. Не ми е жал за потрошеното време посветено на неа, тоа е едно големо искуство преку кое целосно созреав, но би те замолил да не негуваш лажна надеж дека нешто ќе се случи. Едноставно, тоа се таков тип на луѓе со кои не можеш да се надеваш на никаква иднина. Заборави го што побрзо (прекини секаков контакт со него, дури и пријателски) и продолжи натаму со животот.
дечкото е постар 6 години од мене инструктор по тенис многу е убав има женска која не е тука ретко си доаѓа и сега како да му пријдам да го шармирам помош за негово освојување
Смешкај се, фрцкај се, пријди му да го прашаш нешто за тенисот и опуштено, ако и он така те прифати, зафрканции, ова, она, флерт малце, и после е он на ред, ако му се допаѓаш.
ИМА ЖЕНСКА! - Во ред е да се дружиш со него и нема ништо погрешно во тоа што го свиѓаш но немој да правиш нешто со него додека е тој во врска...
Постојат прирачници како да го освоите ,на улица,на игралиште,во кафиќ,во театар,на пазар,во продавница... Аман жени наместо да губите време овде пишувајќи како....??пријдете му со отворено срце..ако има хемија ќе биде ваш гарантирано....
штом има женска не се чепкај таму, гледај си го, сакај си го, ама не го задевај, јас барем така мислам, оти после може ке се заљубиш уште повеке во него, може ке почните да се гледате и ред други работи, и кога ке си дојди женската ти нема да бидиш повеке прв план, туку таа, можи ке го засакаш толку многу што ке ти биде уште потешко кога ке го видиш со неа како се гушка, бакнува. Уште на почеток среди си ги мислите и потезите за после да нема плачки и коси кубење. Зошто да немаш некоја нормална врска, триаголниците се опасна работа, а позицијата како втора девојка се баш најнепосакуваната во оваа ситуација.
е сеа ми се свига еден збориме со него на фб моб му имам се имаме видено во град ама никако да ми пријде на со друг однос никогаш ме нема викнато на кафе што да правам ?може не ме свиѓа само е фин
хД го боцнав.. не ми врати -.- знајт дека го сакам..реагират мн глупаво-.- (му немам кажано но преку др. дознал) ии што понатака??????? кажете нешто за освојување
Како бе не изреагирал? Направи уште еден профил и боцни го пак. Што понатака? Слушај, ако знае дека го сакаш и не реагира, не ти кажува тоа можеби дека не е заинтересиран за тебе?
здраво, ми треба мислење. веке подолго време ми се допага едно момче , веке два месеци. пред недела време додека бевме излезни тој дојде да се запознаеме и јас го викнав на кафе да идеме, ми рече дека ке ми пише на фб а уште не ми пишал ... како да го освојам??