Луѓе дај помош дајте ми! Неодамна со дечко ми имавме односи (иначе ми е прв) и сега не знам како да продолжам натаму. Ми вика дека сум била премногу здрвена дека се сум оставала на него да работел де кажете некоја страна да читнам видам нешто да се подобрам
девојко ти немаш никаков ама баш никаков проблем.Нормално е дека ќе бидеп здрвена кога си пробала секс само еднаш два пати или три пати,си видела машки полов орган у живо веројатно прв пат.Има време треба да помине одреден период додека се адаптираш на новиот период од животот,да се навикнеш и ти и телото нормално.а и психички да се прилагодиш.За тоа не треба да читаш ништо посебно....едноставно е потребно да помине време.А дечко ти колку год има?? Мислам што може да очекува од девојка на која и е прв пат ова???Нормално дека нема да бидеш како некоја секс машина. Далеку од тоа дека не си добра во кревет.... Само си сеуште неискусна и се ова ти е ново затоа стрпи се малку,ништо не бива преку ноќ.
А што очекува дечко ти од тебе ако си ти на самио почеток од сексуалниот живот ... Relax малце,пред се и он треба малце да подразмисле,дека никој не се родил ''перфектен во се''со текот на времето ќе се повеќе опушташ и со тоа ќе се внесеш повеќе во сексот,и се ќе си дојде само по себе ...
Хм, а тој учен и искусен ли се родил или? Не ми се допаѓа што ти рекол дека си здрвена на самиот почеток. Јас мислам дека секоја девојка е добра во сексот доколку сака да прави се, и со задоволство а не затоа што мора. Постепено и ти ќе стекнеш искуство, ќе се ослободиш, ќе почнеш да експериментираш, ќе ја преземеш главната улога итн. Не може он да очекува веднаш да си порно глумица. Читкај еротски сајтови, гледај срамотни филмчиња, забележувај што ти се допаѓа и што би правела и ете ти го дечко ти за пракса и вежбање. И ако ти каже пак нешто вакво, речи му фино - злато, па ајде покажи ми што треба да правам и како. И нека те води. Нема поубаво учење од ваквото со ментор плус Под услов менторот да не се прави крал на светот и само да се туфка дека тебе не те бива а тој да не ти покаже ништо. Така не! Инсистирај да те води
Е стварно безобразан дечко! Наместо да ти помогне да `запливаш` во сексуалните пози, тој те осудува. Па нормално е, не може да очекува да бидеш порно-ѕвезда! Ти треба време најпрво додека се опуштиш, додека се навикниш така гола со него, па разни пози....да не кажувам некој редослед...ама СЕ` се учи. Само дури се подослободиш. Нешто како возење велосипед. Така на дечко ти речи му, дека треба да те учи со убаво, а не да ти набива комплекси итн.
Аааа, тоа не се учи од книги Со време ќе се опуштиш, па после ти ќе му викаш на дечко ти дека е премногу здрвен. Можеби и он нема искуство или имал ама само со искусни, па си мисли дека од прва треба се да правиш. Малку трпение и добра воља од двете страни ( мислам на дечкото и девојката, не на напред-назад да не се разбереме погрешно ) и се ќе биде во ред. Ајт сега на практична настава, викенд е може и на настава во природа ( ама ладно е ), затоа што ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО
добро сега да не го ''осудуваме '' дечко и,ама чим ти е прв ,не треба да очекува професионолно првите патишта,треба повеќе да ти помогне за да се опуштеш ... Еве пример јас кога имав прв пат(а воедно и нему му беше прв пат)секако дека јас ко женско бев по повлечена ''здрвена'' ама од него само нежно слушав ОПУШТИ СЕ ...
Не се секирај,ќе се опуштиш На почеток си нормално.А после ќе ти треба и бааги кондиција,се разбира ако и ти сакаш да работиш Сепак,ме загрижува зошто така ти рекол,а знае дека ти е прв. Во ред е да ти каже,ако по подолг период си да речам здрвена и ништо не правиш,нормално ќе му смета и ќе ти каже за да се реши тоа и да се подобриш.И јас би му кажала на мојов ако само чека од мене ,а он не работи,ама после прв секс,втор,трет-нема логика А он нека не се прави фраер,демек искусен е.Знае дека ти е прв,па ќе се прави сега.Ти кажувам пак ,ова воопшто не ми се допаѓа,разговарај со него. Убаво кажа Пирамидка-никој не се родил искусен
Искуството си доаѓа со тек на времето, опушти се и се ќе биде во ред. Само мислам дека тоа што ти го кажам дечко ти не е во ред. Треба и двајцата да се потрудите. Нормално е затоа што уште не си доволно искусна, ама ќе видиш дека ќе ти биде прекрасно понатаму.
Ја се опуштив максимално дури по една година водење љубов. се си доаѓа само по себе само треба време, можеби дечко ти е научен на поискусни и заради тоа приметува разлика. Мислам дека треба да поразговарате а и почесто да водите љубов зашо само на тој начин ти ќе стекнеш искуство ( малце глупо звучи али така е)
cudna rabota e sto maskite sakaat nevini devojki a vo krevet ocekuvaat sex masini ili porno zvezda..go pametam mojot prv pat,deckomi znese deka ke mi bide prv pat,...otkako me skina sakase da ima sex normalen,on kako sto saka,,,mi rece AJDEEEE STO E OVA,BOZE,TI NE SI NORMALNA,SO TEBE SEXNE MOZE DA Se ima...HEHEH.......sega koga se sekavame na ova se smeeme,,sto nemase nikakva logika,,i ja mu rekov fino lepo,,SLUSAJ TI,,JA NE SUM ISKUSNA PA DA SUM KAKO PORNO ZVEZDA.TREBA DA UCAM,MI TREBA VREME,I DA NAVKINAM,SETO OVA ENESTO NOVO ZA MENE.PRV PAT GO PRAVAM,,SAMO STO PRIMETIV DEKA TI NIKOGAS NE SI BIL SO NEVINA DEVOJKA,BIDEJKI NE ZNAES DA SE ODNESUVAs SO MENE.!!!!!!!DZABE VIKASE SI IMAL DVE NEVINI KOGA SI NEMA NI EDNA!!!!!!I taka se pribra,,i se smena,,pocna da me uci da mi pokazuva kkao st9o)se dodeka ja se opustiv i znaev sto saka da pravamm,,,i kako da pravam..
Подобра во кревет. Како? Партнерот индиректно ми кажа дека не сум 'добра' во кревет.. - свесна бев за тоа. Имам долго време секс, но воопшто не ме бива Секогаш сум стегната, незнам што да правам.. Незнам ни како да ви објаснам зошто не сум добра.. До партнерот не е, за него немам коментар , јас сум проблемот. Не само што ми е глупаво што неможам него да му пружам поголемо задоволство, туку и за самата себе.. На почетокот мислев дека со тек на време, поголемо искуство, ке се сментат работите, но не.. Сум пробала и со алкохол и без алкохол- исто! Има ли некој спас за ова? Стварно незнам што да правам за да се подобрам.. ХЕЛП
Подобра во кревет. Како? Не можам јас нешто да те советувам затоа што и немам некое искуство на тоа поле но има некои работи што не ми се јасни: 1. Како индиректно ти го кажал тоа?Што точно? И каков сељак е па дали директно или индиректно тоа да ти го посочи? Ако не му се допаѓа нека каже крај и нека иде кај некоја која ќе го задоволи 2.Девојче, имаш 18год, а велиш дека долго време имаш односи. Штом е тоа така а и + сама кажуваш не те бива може треба да подразмислиш дека може рано си почнала и дека твоите години се за нешто друго наменети. Немој да се нервираш за вакви глупости, може па тој е навикнат на некои „ку*ви“ (со извинување), но не сметам дека едно 18 годишно девојче може да пружи некој жежок и бомбастичен секс. Знам дека може е офф тема и не ме сфаќај погрешно ... целта ми е дека не треба да се замараш, се се учи во животов, а може па и он не се потрудил доволно за да те опушти нека ти укаже на тоа што не му се допаѓа, нека те опушти, нека ти помогне за да можеш и ти и он да уживате
Подобра во кревет. Како? Преземи ја некогаш ти контролата во кревет, бакнувај го низ целото тело, пружи му добар орален, гледај го право во очи додека го правиш тоа, полна со самодоверба,биди ти таа што ќе ја води играта и што ќе ги поставува правилата,тој нека биде „твој роб“...
Подобра во кревет. Како? off ^^ти тоа сериозно имаш 17 год. А бе јас кога ја прочитав се замислив што да ја поучам и немав идеја, па не напишав ништо. Си помислив ај ќе научи со тек на време, малечка е....ама дете бе па... Не знам дали да се срамам што немав коментар или да се чудам што ти имаш ваков коментар. Ај ем соу конфјузд.
Подобра во кревет. Како? Прво нетреба да се обвинуваш себе. Секое машко прво што сака да напаи да и ја сруши самодовербата на девојката за да потоа може лесно да манипулира со неа. Кога велам манипулира мислам пред се на тоа многу, многу да не дигаш џева, и треба да бидеш благодарна што си со него бидејки не те бива во кревет а ете он е со тебе и тоа треба да ти биде доволно. Она што треба да го промениш кај тебе да се опуштиш и да не мислиш дали него ќе го воодушевиш туку треба да не мислиш на ништо кога ќе имаш секс едноставно да се опуштиш и да уживаш во тој миг. Како фторо он треба да чувствува вина затоа што ти не уживаш бидејки тој како машко треба да те "натера" ти да бидеш опуштена и да уживаш а не уште толку да ти набива комплекси дека не те бива во кревет, бидејки тоа може да ти остане како сериозен комплекс кој ќе ти создава проблеми и во понатамошните врски што ќе ги остваруваш со други партнери.
Подобра во кревет. Како? Ова ми падна во очи како прво поконструктивно е да се седне и да се каже што не штима во сексот, бидејќи тоа е една од главните алки за успешна врска и подоцна брак.Да не излезе после да се има нервози зошто оди со други.Според мене тоа е позитивна работа што ти кажал индиректно дека нешто не е во ред со сексот.Тоа е показател дека сака да остане со тебе и да најдете некое заедничко решение, оти ако не си му важна ќе биде не ми правиш ќеиф чао, пријатно нема да се замара. Второ нешто не значи дека ако го задоволиш тоа значи дека си курва, или дека тој е навикнат на курви.Може некоја претходно(давам чист пример) да го задоволила сексуално, но не му одговарала карактерно или на друг начин и затоа ја откачил и тоа автоматски не го прави тоа девојче курва. И за крај разгледај некоја од порно страните можеби ќе научиш некој трик
Подобра во кревет. Како? На 18 баш за ова треба да си загрижена Подобра ќе бидеш, не само ти, двајцата со тек на време. Ќе научите што ви е убаво, што не. Па може и не си одговарате.