Па вака... дали знаете некоја крема или било што за да смирам црвенило на лицето по депилација на влакненцата над устата.. пред 3 дена ги депилирав уште имам црвено и кожата ми е потемна над устата во однос на другите делови на лицето. срам ми е да излезам од дома. ве молам помошш.. ме мрзеше да барам може има ваква друга тема
И јас го имам истиот проблем црвенило и плус мозолчиња ми се прават и морам да ставам пудра секој ден
Види по каталозите од Avon или Oriflame има коректори така зелени се, го смируваат црвенилото, но врз нив треба и пудра да ставиш.Тоа кога ке излегуваш за да не ти се познава многу, иначе побарај нешто во аптека.
нешто погрешно праите додека ги вадите влакната или премногу влечете или нешто др е во прашање како и да е јас еднаш така се зезнав и одев 3-4 недели со црвенило на мустаќи. коа ќе приметите дека ви се прави црвенило веднаш ставете помага по можност бекутан пошо е на природна база и веднаш смирува или стави облога од камилица. а за бубуличките тоа се внатрешни влакненца така да ги препорачувам да смениш начин на депилирање..или стави паста минт..ви ги кажувам овие како домашни лекови без препарати а вие сепак прашајте си во аптека
Таква ти е кожата затоа што си ја одрала, па сега ќе ти фати коричка, па ќе се лупи....да не користиш веет ленти или премногу агресивно влечеш ?!?! Не ти требаат никакви скапи препарати туку бадемово или маслиново масло. Го има во сите аптеки за 80-100ден. Едноставно, после депилација намачкај се убаво за да ја смириш кожата. Испробано
Темава е малку стара ама советите се секогаш во мода и секогаш корисни. По депилација за да се избегне црвенило најдобро ти е да користиш чист гел од алое вера. Одлично смирува. Или пак масло од невен. Важи за депилација на било кое место, нозе, лице, раце.