Како да го усреќам?

Дискусија во 'Канта' започната од Данделион, 30 август 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Данделион

    Данделион Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ќе ве замолам за совет. Мојата ситуација е следна...Имам 17 години и има едно момче кое го знам подолг период, се знаеме од школо и ми се бендиса тоа кај него што сме скроз исти во карактер и се. И така со тек на време како што се запознавме сфативме дека сме исти, и самиот тој ми го има кажано тоа. Во многу работи се пронајдуваме, исти карактери и се. И така уз муабет еднаш си ги кажувавме проблемите јас му кажував тоа дека сум страшен баксуз во љубовта а и тој исто така ми кажа дека воопшто нема среќа. И така ми се отвори порано дека бил во долга врска и само еднаш во животот сакал многу и бил премногу повреден од нејзина страна. И тогаш ми кажа дека чуствува нешто кон мене, дека ме свиѓа, ама дека неможи да си дозволи да бидиме заедно оти тој неможел да си дозволи да ме повреди и тврди дека не ме заслужува. Ми кажувале порано дека единствениот маж што те заслужува е оној кој мисли дека не те заслужува. Што мислите вие дали е така? Но сепак ние решивме да си останиме само другарчиња. И јас како другарка што да правам, иако јас го сакав му давав совети и му предложив да се проба и тој упорно ми велеше дека не бил спремен за љубов и врска повторно, не сакал да биди пак повреден. И така помина време и јас си најдов еден идиот што полека почнував да се заљубувам во него и да го заборавам "другарми" да речам, па се запоставивме и си останавме на едно здраво. Но сега брзо повторно стапивме повторно во контакт одкако се скарав со дечкото. и еден ден двајцата баксузи во љубовта се решивме да се пробаме и да излезиме и мене ми беше искрено како од соништата. Но сепак да не се препуштаме одма решивме да не бидиме ништо сериозно но сепак се понашавме како некој пар и си љубоморевме еден на друг, неговите другари ме знаеја мене, моите него. Не ме криеше од светот да речите, излегувавме пред сите само не излегувавме многу често. И сега пред некоја ден конечно му кажав како се чуствувам кога сум со него и дека баш ми годи и тој неочекувано ми кажа дека не бил среќен. Но се закаравме и во нервоза му реков да престаниме со ова што го правиме веќе да не се мачиме еден со друг но ова го кажав безмислено. Тој ми рече дека сакал да се гледа со мене, дека единствена сум јас во долго време што се пробал но не е среќен и ми рече да не престануваме не го сакал тоа, само да не ја форсираме многу и да му дадам малце време за да почниме да се врзуваме. И сега ве молам помогнетеми како да постапам? Искрено несакам да се откажам од него и да го изгубам повторно пошто му ја знам целата ситуација и го потполно го разбирам. Срепмна сум се да направам. Кажетеми како да постапувам со него да го направам среќен? Кои совети можете да ми ги дадете? Како вие би постапиле? Сакам да бидиме нешто посериозно ако треба и ќе чекам само прашањето ми е во меѓувреме што да направам за да го усреќам додека излегуваме, како да се понашам? Како да му дадам до знаење дека може да ми верува, да биди со мене и дека никогаш нема да го повредам како бившата? Вемолам помогнетеми :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.