ајдееееееее помош ..повеке од два дена по ред немам вежбано...добро летото издржав две недели трчање и толку...ајде каже те ми како се инспирирате..премногу сакам да ослабам и да вежбам ама сепак ми недостига инспирација..
Ма и јас ги оставив вежбите за грбот. Немам ич инспирација. Пушти некои вежби на јутуб или ако си имаш некои вежби што постојано ги вежбаш, пушти си музика и нека ти врти. Времето ќе ти лета додека вежбаш
И мене ми требаше 2 месеци да се наканам и да почнам да вежбам и успеав. Па како прво кога ке се погледнам у огледало веднаш ке ме фатеше паника за тоа дека секој ден се повеќе си ја губам линијата и отидов на пилатес и аеробик кај мене има и откако почнав секој ден ми е се поинтересно и премногу забавно и така си одам секој термин ,3 ,4 пати неделно зависно од тоа како имам време. И секако дека се осекам полесна ,попозитивна и поенергична и си ветив кога ке затопли ке трчам после вежбањето. Може и да викнам некоја другарка или па ке си слушам музика на слушалки и така ке ми е поинтересно . пробај и ти така ,немора ведаш со трчање да почнеш, зашто дружењето е и поттик
Прво и основно, треба да си најдеш вежби, спорт, или било што друго, но битно е да сакаш да го правиш тоа...Значи, можеш да трчаш, да танцуваш, да правиш вежби за зацврстување на тело, да скокаш на јаже (или ластик ), хулахоп....Да одиш на некој спорт кој што го сакаш!!! Е сега, втора битна работа е да гледаш да вежбаш максимум саат време по станување, затоа што по мене знам дека ако не вежбам сабајлето, колку повеќе го одложувам тоа, толку се помали шансите дека ќе вежбам! И едноставно зацртај си во глава дека само месец дена ти е потребно за да забележиш резултати...Ама, ако не сакаш да правиш нешто-тогаш не го прави....Јас многу сакам да одам на кик бокс, ама немам услови за тоа, па секое сабајле (напоменувам, ова не само што може, туку и Е смешно) ама пола саат си играм, верувале или не, пајдушка Но, тоа е она што ми се допаѓа и многу ми е интересно А после тоа правам стомачни, грбни, вежби за струк, за нозе, и т.н. Се надевам дека погоре ти дадов некоја идеа или барем појдовна точка Ах, ќе заборавев Ако си филмоман, пушти си некое добро филмче, е тек тогаш нема да сетиш кога ќе ти помине времето
ооооофффф јас една недела се си викам ај од утре ке вежбам секое утро и вечер, но не е така... станувам сабајле натака навака и заборавам, навечер исто... и никако да се наканам.... A може ли да постирате и некои слики или клипчиња или чекори од некои вежби???
Ех ве читам а пред мене Орбитрекот ме повикува ајде качисе а јас го штедам греота да не го прегорам оф и јас од утре ветувам од сабајле 10 мин да се загреам
Ехеее јас да имав Орбитрек сега ќе бев скоцкана. И мене ми недостасува волја за вежбање, но сакам да почнам, се угоив многу Чекам да се стопли, па ќе почнам со трчање, а потоа аеробик дома. Pump it up
Е и јас така викав кога го немав ама секојпат кога некој ке ми го побара за по дома да вежба незнам зошто секгаш викам па и јас се спремам од утре да вежбам,дојди укради ми го за да се освестам дека редно време е па имаме само 2 месеци за топ форма
Инспирација ? НАјмногу функционира она кога ќе погледнеш некоја јака женска ама онака баш да е топ кога ќе видиш какво тело има и како стои облеката на неа погледни се во огледало спореди се .... малку ќе се јави љубомора па ќе се депрмимираш и после ...... Гарантирам утредента почнуваш а основен мотив нека ти биде телото кое го посакуваш за тебе за одреден период така ќе се мотивираш
Се согласувам. Стави си на десктоп слика од некоја ЕПТЕН згодна женска и секогаш кога ќе ја видиш ќе добиваш инспирација за вежбање Друг начин...
според мене орбитрекот непомага многу, више 3 години го иам и се на се дали 10 пати имам вежбано (џабе е ) најубав начин на слабење е припазување со храната и редовно движење... а тоа шо не ти се вежба и не е голем проблем и со танцување може некое килце да симнеш на јутуб направи плејлиста од омилени ппесни и играј цел ден (со појас или фолија околу стомакот) и ке видеш која е разлиата рипај скокај при играње и ете ти ги вежбите
од орбитрекот има резултати само треба на него да се вежба 3-4 пати неделно, а не во рок од 3 години 10 пати.....
за кој како али мн другари и другарки и некој познаници ми имаат кажувано дека дома им стои за украс и само прашина бришат од него ....
Се согласувам за музиката барем според мене инспирација ми е музиката,меѓутоа треба и упорност за да се има успех,треба подолго време да се вежба постојано за да се видат резултати
Инспирација за вежбање? Инспирација веднаш ке добиеш ако видиш некоја скоцкана, спицкана цурица со тврдо газе и без грамче целулит, особено од тие што се мотаат на порничите, нема промашај кај нив. Јас инспирација имам, ама волја немам да си го мрднам мојов секси ес... Дома не доаѓа предвид, немам дисциплина за тие работи... сум почнала ден-два, до три максимум и сум ја откачила свечено желбата. Најдобро во друштво. И тоа не по дома со дада или мама, туку негде кај што се плаќа за вежбањето, кај што би трошела пари, да те болат парите па да мора да одиш да вежбаш. Инаку ке си викаш, аааа денес не, ме мрзи, серијава ми почна, дојде комшиката на лаф-муабет, не ми се крева прашина дома, дај место вежби ке се иссексам со мојот (а на крај ке останеш ти да лежиш, тој врз тебе - ке троши калории, а ти пак ке си останеш на салдо нула )... и ред други слични изговори.
Еве ја мојата инспирација: Кога ќе ја видам сликава, рипнувам на вежбање Исто може и ова: Зарем има некоја што уште е на столче????
Па нормално дека ќе нема резултати од еднаш неделно бришење прашина на орбитрејкот. Оди вежбај секој ден на него мрдај го газот па да видиш дали нема да имаш резултати. Ги мрзи да вежбаат, а сакаат резултат, Е НЕМА! Инспирации има многу. Само треба желба. Замисли си летоска во бикини ти, секси, згодна. И секој ден со истата цел ќе почнуваш да вежбаш. Првите минути се најтешки од вежбањето, потоа е лесно. Додуше најтешко е да станеш од кревет или од пред ПЦ и да облечеш тренерки Ама во денешново време лесно е да најдеш инспирација, освен твоето тело во бикини Сакаш музика? Оди на танц, уфф колку се слабее само од танцување. Сакаш спорт, трчај на кеј, ролај. Оди на фитнес. Оди на аеробик. Имаш пилатес. Јас имам ооооогромна желба за кит фитнес, тоа е комбинација на кигбокс и фитнес, ама има само на 2 места во градов кои ми се далеку и не ми се исплати да одам. Имаш јога, и тоа имам желба голема јас Имаш пливање. И секако внимавање на исхрана. Не оние диети наши ригорозони, туку намалување на дневното внесување на храна и малку поздрава. Сепак ако се вежба лошо е ако воедно се држат диети со премало внесување на храна.. Резултати и тоа како ќе има. За времето додека безделничиш и дремеш на чет на ФБ, одвои 1 час за спорт. Телото и тоа како ќе ти врати за твојот труд
Инспирација ми беше вагата Кога ќе застанев на неа, тие две бројчиња, толку многу ме инспирираа, што на моменти ми доаѓаше да ја искршам вагата од преголем напад на инспирација. Шала на страна, арно пиша росоњерка Е ќе нема резултат така. Погледни се во огледало и ако имаш делови што не ти се допаѓаат на телото (да ти виси од некаде салце), фаќај се за работа.