Јас конечно добив.... еве си спуштив видеа од јутуб и има некои кои се супер,и така секој ден почнав да вежбам околу 40мин,мислам доволно е а? па се надевам на некој резултат,а + супер ми е како олеснато
Во последниве недели кај мене се јави голема желба и инспирација за вежбање, се трудам секојдневно да одвоам време за вежбање, барем 15мин ако не повеќе. Еве некои фотки кои сде надевам ќе ви послужат како инспирација. Спојлер
мојата инспирација беше да се замислам со рипнат стомак у бикини и тоа на плажа (не дај боже еден ден тоа да се деси)
моја инспирација беше тоа што кога ке се погледнев во огледало гледав слабо тело ,али не зацврстено,почнав да вежбам се уцврстив,и потоа се проппадна ради мојата двократна работа ,која ме исцрпи,е сега се спремам повторно со исто темпо,ке најдам јас време тоа сигурно
^Прво инспирација за добри стомачни...^Па добро стегнато тело... И за мене најсексапилната женска во комплет. Не знам дали побрзо да ја гледам во фацата или во телото. Абе згодноЌа
Имам инспирација ама кога ќе слушнам како тропат чиниите заборавам и на вежбање и на се. Што да правам таква сум си
Е ова е инспирација за да почнеш да вежбаш...какво тело леле... Сликава на дестоп,на телефон каде било и кога ке немате инспирација само погледајте ја ...
Убавицата сакав да те прашам во врска со латино аеробикот линк, контакт, на кои места може да се посети...Во секој случај секоја информација е добродојдена
Јас си залепив 2 слики на фрижидер. Едната е кога бев екстра буре од 83 кила. А другата е кога си бев најтаман, 60 кила. Слаба, а со облини, газ и бутки. и чички Е ајде сега не доби инспирација. Бегам од фрижидерот. Луѓе ич не ставајте слики од други девојки, гледајте си се себеси и најмногу се добива инспирација. А сега ми треба само 5 кила да скинам.
неколку песни за инспирација секогаш кога ги слушам добивам желба за размрдување немора да е вежбање и играњето помага http://www.youtube.com/watch?v=mYP4MgxDV2U http://www.youtube.com/watch?v=f55WWW6I ... re=related па уште кога ке го видема телото на J.Lo уфффффффффф
јас никoгаш не се инспирирам oд телата на ѕвездиве самo се oблекувам вo кoстим за капење и oткакo ќе ги видам тие ,,oблини,, вo oгледалoтo,oдма пуштам зумба и забавата запoчнува,еднo саат време играње и има супер резултати
Кој знае по кој пат велам дека мора да почнам со вежбање и да внимавам на храната и почнувам ама за брзо време прекинувам. И секогаш пак одново и одново истото И не само за вежбањето, и за се друго во животов не сум постојана, брзо губам мотивација и интерес. Незнам стварно како да го сменам тоа. Многу си ја мразам таа мана
^ m2m2m2, за тебе! Знам како ти е, мал милион пати сум почнувала од почеток! После 2-3 недели кога ќе се видат првите резултати оп пауза исто толку Најважна е таа willpower, дефинитивно се е до мозокот!
А цел живот се борам само со 3-4 килца, ги ослабувам, па ги враќам и така наизменично Сакам да стигнам до 60 кила и да се навикнам да вежбам редовно, да се затегнам. Ајде да видиме овој пат колку ќе издржам, се надевам дека ќе биде стварно дооолг период