Како да добијам инспирација за да почнам да вежбам ??

Дискусија во 'Фитнес' започната од Zaspana, 9 март 2011.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    И дисцплина и инспирација, ама за да ти стане навика мораш да имаш инспирација, еднаш се навлечеш на вежбање не би требало да прекинеш.
    [​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG]
     
  2. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Почнав пак од денес, извежбав 30 мин на орбитрек и намалив на храната како за почеток.
    Планирам да зголемувам минути на орбитрекот со тек на време, а некогаш да разбивам монотонија со Зумба и тие видеата за Бразил Бат Лифтинг. А кога ќе се подзатопли времево и со пешачење, минатата година неколку месеци пешачев секој 2-3 ден и ослабев, а и не ми беше досадно дека пешачев со другарки.
    Брзо ми здосадува едно исто.
    Ќе видиме што ќе бидне овој пат :wasntme:
     
  3. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Mногу е важно да издржите првите неколку денови/недели/месеци.
    Потоа станува навика, нешто слично како миењето на заби ;)
     
  4. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Вчера немав време да вежбам, касно станав а после тоа имав работа. Нема врска, денес продолжувам со орбитрекот, може и ќе извежбам некоја минута плус :) И на храната си внимавам, намалив со леб за почеток.
     
  5. momceee

    momceee Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    инспирацијата нема да ти ја даде никој дриг освен ако сам/а не се потрудиш за тоа. Јас посетувам теретана и јога 5 години по ред, сега ми е некако рутински тоа што го правам бидејќи се навикнав на тој стил на живот. Внимателноста во исхраната игра клучна улога во одржувањето на фит изгледот, од искраната исфрли го чоколадото, секаквита мрсна храна, газирани сокови, а конзумирај повеќе овошје и житарици, фак е дека првите неколку дена,недели или месеци ке почувствуваш тешкотии во тоа што си го избрала да го применувач како твој лајф стил, но потоа станува навика, ете од мене тоа се надевам дека инспирацијата ке премине во навика, а немањето слободно време за тренин е понекогаш и добро со оглед на тоа дека на нашето тело му треба и малку одмор
     
    На Hopeful и Lux им се допаѓа ова.
  6. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    ^ За благото не ми е проблем, не јадам многу, може да ми се случи и цела недела да не каснам ништо благо. Мене проблем ми е лебот, последниве неколку месеци многу леб јадев, едноставно не ми е јадењето убаво без леб :$
    Еве сега се трудам да намалам неколку дена веќе, го преполовив :)
    А што се однесува до вежбањето, во понеделник, вторник и четврток време имам ама немам сила да вежбам, изморена сум кога ќе си дојдам од работа, ама затоа можам во среда, петок, сабота и недела и мислам дека е доволно.
    И да точно е и тоа дека треба некој ден одмор, не е убаво да се вежба буквално секој ден, се преоптоваруваат мускулите.
     
  7. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Всушност јас не добив инспирација, туку се шокирав кога се качив на вагата. :o Имав 7-8 килограми повеќе од она што треба да имам за мојата висина и конструкција. И сето тоа како резултат на калоричната и нездрава храна и мрзата. А бе да можев и до продавницата што е на 100 метри од зграда со кола ќе отидев. :fubar: Фармерките не ме собираа, стомачето се прелеваше од сите страни. Страшно!
    Пред месец дена почнав 3 пати неделно да одам во теретана, се качувам по скали (не користам лифт), пешачам колку што можам секојдневно и се ставив на режим на исхрана. Јадам 3 здрави оброци дневно и ужинка. Нема веќе грицки, благи работи,леб, фаст фуд и газирани пијалоци. Ништо од тоа.
    На почетокот, првите десетина дена ми беше многу тешко. И вежбањето и одрекувањето од нездрава храна. Но, сепак кога има повод знам да си се опуштам, да си каснам и парче пица или роденденска торта.
    Сега веќе имам 5 килограми помалку, полека се враќам во форма.
    И да, можам комотно да си ги облечам омилените фармерки :rock:

    Поголема инспирација од тоа дека ќе имам убаво обликувано тело летово НЕМА ;)
     
    На Hopeful, m2m2m2 и Lux им се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Мораме да се вратиме во нормала У П.М., ен, два, три, ен, два, три, за месец дена чуда правам, хел јеаа.
    :muscle:
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
    На Serafima и Hopeful им се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    според мојата висина имам 7 кила повеќе од што треба, и тоа е само спојлерчиња и малце стомаче...а нозе и рачиња исушенки.
    Сега си велам ако немам поубава инспирација за налето да не се мислам дали ова од куклата во излог ќе стои на мене, и дали кога ќе идам со дечко ми на одмор ќе се срамам од своето тело...? епа МОРАМ и МОЖАМ...се надевам дека со 60-80 стомачни дневно ќе имам видлив ефект, и со внимание на храна.
    Девојки со ова темпо на стомачни, дали некоја од вас имам приметено ефекти-после колку време.Јас почнав пред околу недела дена.
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Стомачните не го топат салото директно туку повеќе ќе ти ги зајакнат стомачните мускули. Кардио тренинг во комбинација со правилна исхрана ќе направи стомачните да се познаваат (ако ги тренираш) и спојлерите да исчезнат. Ама малку салце по цело тело е здраво зашто некои од девојкиве што ги ставате на фотки имаат однос сало мускул како машко што баш и не е здраво ниту убаво :).

    Стави акцент на кардио и исхрана а стомачните вежби само ќе те дообликуваат и ќе ти направат плочки.

    Не гледај на време туку на секој месец направи фотка да си споредиш со почетокот и ќе видиш ќе има разлика. Сега на почеток напрви фотка па следните март и април :).
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас само да ве известам, сеуште не се откажав, вежбам по 30 мин на Орбитрек.
    Е сега не вежбам буквално секој ден, ама секој 2-3 вежбам. Мислам дека е време за покачување на минутите.
    И диетата на Ирена ја почнав од понеделникот :)
     
  12. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Па за инспирација и јас немав до некна :D Кога ги облеков омилените фармерки и видов дека не ме копчат, добив огромна инспирација да вежбам и да држам диета. Веќе намалив на лебот, не јадам благо, не пијам сокови вежбам на орбитрек и мислам дека ќе имам резултати :)
     
  13. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Оваа ми е на десктоп, ѕирни еднаш-двапати случајно :smirk: и одма желба за вежбање... :muscle: :muscle:
     

    Прикачени фајлови:

    • vg.jpg
      vg.jpg
      Големина на фајлот:
      39,8 KB
      Прегледи:
      427
    На I.love.your.lips му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Гледај некоја песна која има играјне повеке..па така поцни да играс како нив и потоа обидисе убаво да ги науцис цекорите,а тоа ке треба со везбајне :)
     
  15. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.054
    Пол:
    Женски
    Поголема инспирација од помислата на твоето идно затегнато, цврсто и здраво тело нема :)
    Инаку мотивација за секојдневно напорно вежбање и здрава исхрана, што ако не слики од некои кои тоа го сториле пред тебе :lol:

    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
  17. supergirl22

    supergirl22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    11
    ооооофффф јас една недела се си викам ај од утре ке вежбам секое утро и вечер, но не е така... станувам сабајле натака навака и заборавам, навечер исто... и никако да се наканам....

    A може ли да постирате и некои слики или клипчиња или чекори од некои вежби???

    ahahahaha isto i jas ajde pomos!!!!! plisss mnogu vi blagodaram!!!
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Мојата инспирација:
    [​IMG]
    Ба дум тссс. :D Шалим се, наравно. :D

    Инспирацијата не ја црпам гледајќи слики по интернет од згодни жени од проста причина што толку затегната и витка нема никогаш да бидам, туку едноставно почнав да вежбам бидејќи сакам да намалам тежина и да се чувствувам поудобно во својата кожа. :) Инаку од денеска тргнав во теретана. Не вежбам мускули, туку само вежбам на орбитрек и на трака. Во пубертет сум и не сакам да имам мускули уште сега, т.е. и да сакам, дур стигнам до мускулите треба да се потстопам малце. :wasntme:
     
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Од април почнувам со орбитрек бидејќи сакам од моето рамно газенце да направам вакво:
     

    Прикачени фајлови:

  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.191
    Пол:
    Женски
    Инспирација од слики не добивам, затоа што има фотошоп. Инспирација си добивам од девојките низ градов. :wasntme:

    Мене докторката ме инспирираше- Марамке, а ти да почнеш да вежбаш? И јас оп по 10 минути на ден :rofl:
     
    На anabel-a, Gordana10 и starfish им се допаѓа ова.