јас мислам никој неможе да те мотивира се додека сак човек не одлучи дека ке вежба...само силна желба и нетреба никаква мотивација
Јас добивам инспирација од убаво време. Не можам да бидам активна кога времето е лигаво, тмурно и ладно. Штознам, таков ми е организмот. Погон ми е сончева енергија. Вака штом затопли, стандард си почнувам со аеробик, за да до лето си ги затегнам масните наслаги од сармите што ги јадам цела зима. Сега сакам да пробам комбинација на аеробик и пилатес, интересно ми изгледа. Како и да е, после колоквиумска почнувам. Кога знаеш дека можеш да изгледаш поубаво, и да се чувствуваш поздраво, друга мотивација не ти треба.
Јас добивам инспирација од самата себе. Си застанувам пред огледало, и замислувам како убаво би ми стоеле стомачни, без целулит. И кога ке ми текне дека со малку труд може да се оствари тоа, ми доага да се скршам од вежбање.
Дефинитивно купувањето на гардероба помал број е најголемата мотивација и најголемо задоволство е кога тоа парче гардероба ќе ти биде точно....
Го знаете она чувство кога сте заспале пред тв, а треба да се преселите во спалната соба?????? Е, исто така, со сила, ќе се влечите и извлечкате од каучот, ќе пуштите музика, ќе ставите простирка и започнувате да вежбате и вежбате....и така секој ден додека не ви стане навика.... Потоа, исто како цигарите, не ќе можете да се откажете од вежбање. А, кога ќе добиете видна разлика на телото, тогаш мотивацијата уште толку ќе ви порасне. Спојлер Пс. Не пушам иначе, таков пример кажав само.
Пред два, три месеци случајно најдов некои слики во компјутер од мене пред три години. Леле мајко! Ако не сум била некои 6,7 кила послаба еве на! Раце прекрасни,тело страшно.. ЕТЕ ТОА ми стана мотивација! Почнав да вежбам од вежби од Сидни Крафорд и од оние на Мелита,пешачам многу,каде што можам сум физички активна,го скратив лебот од мојата исхрана веќе повеќе од месец.. Гледајте некои слики од вас помлади сигурно ќе заврши работа! Резултатите ќе дојдат,само не треба брзање кај слабеењето,КАЈ ЗДРАВОТО СЛАБЕЕЊЕ! И плус,ако сте биле претходно многу физички активни,но заради некои икс причини сте прекинале,мускулите паметат и нема да ви треба многу барем нив да ги вратите,а потоа и да ослабните!
Сакате да имате инспирација за вежбање? еве ви: кој не би сакал вакво тело? Најдобро е,сликава да си ја испринтате или да си ја ставите на мобилен..Секој ден да ја гледате и да ве потсеќа дека треба да станете такви! без откажување,со малце напор и мотивација се ќе се постигне!
Малце да ве инспирирам да го мрднете задникот од столчето и да се фатите за вежбање. Тешко е дур да се почне, ама кога ќе почнеш не можеш да престанеш - ствара зависност. Ако не направите промена, нема да забележите никаква промена - изборот е ваш.
Со оглед на тоа дека доаѓа лето замислете се во некое прекрасно припиено фустанче или некои ептен јаки шорцеви каде вашето стегнато тело доаѓа до израз Колку и да звучи лошо застанете пред огледало,најдете си ги сопствените маани и решете се дека тоа мора да се санира во најбрз можен рок.Па која од нас не сака убаво,стегнато тело без целулит?И не е се во физичкиот изглед.Да не заборавиме дека со вежбањето си го подобруваме и здравјето,а има ли денеска нешто повредно и посвето од сопственото здравје?
насловов ми е многу смешен,па кој нас не инспирирал???,едноставно одлучуваш дека деф ти треба вежбање и почнуваш...не очекувајте дека некој ќе ве моли да одие да вежбате ц ц ц
па незнам колку ти е јасно ама молење и инспирација се 2 различни работи. Овде за инспирација пишуваме. Ете има денови кога ме мрзи да станам и да одам да вежбам, се мотивирам со некои од сликиве погоре и одма рипам кога ќе видам стегнато стомаче. Не е ова некоја тешка психологија, само во момент на слабот забораваш на приоритети. Незнам каде е молењето.
Фала на исцрпниот одговор и појаснување! За да почнеш да вежбаш е едно а да те примрзува да одис некој ден а веќе си поцнала да одис , тоа е друго тоа и мене ми се случува,доволна ти е сликата од самата себе кога ке се видис во огледало и ке сватис дека не си задоволна самаа од себе,зосто воопшто да гледам слики од други??? секој за себе ...а на тие сто им треба да гледаат слики од други болје и да не се мацат да одат А за молењето повеќе мисам некој да ти збори и со тоа да те убедува дека треба да одис тоа е добро , поубаво ке изгледас бла бла..ова го казувам дека знам КУП лугје околу мене што им се случува ова,а не молење буквалноооо
Жити јас, зошто воопшто го спомнуваш во секој твој пост тоа терање за вежбање од некој друг, кога целта на темава е да се добие инспирација да се започне да се вежба?!
Да во секој мој пост(дууури2 поста имам) Ви посакувам да си ја пронајдете инспирацијата,се надевам ја барате на вистинското место
Повели и друг пат. Ако е секој за себе, тогаш кажи си за себе, не ц-цкај за другите. Инспирацијата од околината не е нова работа, така се пишуваат песни, книги...Никој не ти збори и те убедува, едноставно во случајов си инспирирана од туѓите резултати и со слики од други добиваш визуелна слика до каде можеш да стасаш. Ако твојата инспирација е огледалото, туѓата е нешто друго. Simple as that. Немаше потреба од мравка да правиш слон со "????" или "ц ц ц"