Не знам зашто се исмејуваш на нешто што секој просечен психолог ќе ти го објасни во три збора, дека луѓето се инспирираат од околината и туѓите постигнувања, нема ништо чудно тука . Top Gun еден од првите филмови со Том Круз (тука му почна пробивот во Холивуд) беше за американската авијација и веднаш после филмот бројот на новопријавени регрути во авијацијата неколку пати се зголемил. После години се дозна дека дел од филмот бил финансиран оа војската баш за да си зголемат шанса да добијат квалитетни пилоти. Нивните психолози многу добро процениле дека огромен број тинејџери ќе се инспирираат од филмот и ќе посакаат да станат пилоти што и се случи. Јас лично многу пати сум се инспирирал од филмови за борбени вештини и секогаш после тоа сум имал многу квалитетни и јаки тренинзи, едноставно имаш воља и инспирација до максимум. Квалитетен тренер исто е често пати одличен мотиватор и те инспирира затоа и некои имаат послаби резултати а некои подобри, така да зависи и колку тренерот ќе те инспирира односно мотивира да тренираш. Ако немаш тренер се мотивираш сам како знаеш и умееш. За еден боксер се врвните шампиони инспирација, за една девојка некоја друга која направила супер тело со тренинг, секој си наоѓа мотив за инспирација кој него го мотивира да тренира. Зборење и фалење зашто ви треба инспирација (у стил мене не ми треба) е сосема контрапродуктивен и погрешен пристап кон работите .
Зошто па јас секогаш кога ќе видам девојка со моја проценка за совршено тело одма се инспирирам? :geek: Си викам кога може таа зошто да не и јас. Секојдневно сум опкружена со такви девојки и ме инспирираат, онака кога ќе ги видиш им се восхитуваш на нозете или задникот и посакуваш да имаш такви и НЕ ИМ љубомориш туку правиш се за и ти да постигнеш такво нешто, тебе да ти се восхитуваат. Ова ми е доволна мотивација, а плус и кога ќе ја отворам темава петка :up: , дополнителна мотивација и поддршка имам на фемина за што ми е многу драго. Убаво е кога знаеш дека има луѓе кои те подржуваат и имате иста окупација т.е имате исти гледишта за работите. Темава е одлична за кој сака да црпи мотивација и истата ја пренасочи за лични цели. На кој не му дава мотивација слободно може да не ја отвара. Кип ап гуд ворк.
Се согласувам со XMaN, и мене инспирација ми се луѓето со убаво тело и мускули покрај мене. Еве баш сега завршив со тренингот и сум си презадоволна. А и секогаш кога не ми се вежба ке ми текне дека утре ке се каам зашто сум пропуштила тренинг и одма се фаќам за работа И нема поубаво чувство после добар тренингггггг
Јас кога ќе ги погледнам сликиве ми се нарушува желбата за вежбање.Ни една не ми се допаѓа.Само таа со стомакот.. Како и да е,секој си има различен вкус. Мене ме мотивираат згодните женски тела.
Мотивациски цитати кои ќе ве охрабрат да започнете со вежбање „Од утре почнувам со вежбање,“ „Неделава ќе врне, ќе почекам подобро време,“ „Ми се јави другар/ка ми за на кафе, нема да имам време за вежбање денес…“ – ова се само неколку од секојдневните оправдувања со кои се „вадат“ поголемиот дел од оние кои се убедуваат себеси да почнат со вежбање. Не е тајна дека вежбањето не ни е секогаш омилениот дел од минатото. Но, сепак сите ние знаеме дека од него имаме само придобивки. Најтешкиот дел е одлуката да се започне од почеток. Пронајдете ја вашата внатрешна сила и решителност преку овие мотивациски цитати кои се наменети да ви помогнат при одлуката конечно да започнете со вежбање. „Вчера рече утре.“ - Најк „Без разлика колку споро се движиш, сепак си побрз од оние кои седат на каучот.“ - непознат автор „Човекот сам си ги поставува ограничувањата, не прави го тоа.“ – Ентони Бејли „Болката е привремена. Откажувањето трае цел живот.“ - Ланс Армстронг „Линијата на финишот е само почеток на нова трка.“ – непознат автор „Трчањето е најголемата метафора за животот, бидејќи од него го добиваш она што во него си го вложил.“ – Опра Винфри „Единствениот хендикеп во животот е лошиот став.“ – Скот Хамилтон „Не станува збор за дали ќе те соборат, туку за тоа дали потоа ќе станеш.“ – Винс Ломбарди „Не постои такво нешто како лошо време, само слаби луѓе.“ - Бил Бауермен „Страст е кога нема никој околу мене, кога сме само јас и патот и самиот се бодрам себеси да продолжам.“ – Рајан Шеј „Вежбај! Немаш време да НЕ го правиш тоа.“ – непознат автор „Трчањето е 80% психичка работа.“ – Џоан Беноа Семјуелсон „Никој, никогаш не се удавил во пот.“ – непознат автор „Опседнатост е само збор кој мрзливите го употребуваат за да ги опишат посветените.“ – Расел Ворен
Мене инспирација ми е аватарот на Вајлд Чајлд, секогаш кога ќе ја приметам на форумов подзастанувам и си викам дека мора да извежбам троа.
Јас одам на фитнес веќе 3 месеци има ефекти..а ко ќе нема да ми се вежба помислувам на оние познато личности што имаа убаво тело...и се кандисувам така секој ден вежбаам по 1ч саат
Мотивацијата бргу се губи ако се вежба сам/ сама. Најдобро е да се почне со некој спорт, така имаш физичка активност и мислиш на натпреварот, не се оптоваруваш со тоа колку километри имаш истрчно.
Најди си добро друштво што нема да ескивира и да ти откажува, запиши се некаде на аеробик или фитнес (поголеми се шансите да вежбаш ако се имаш претплатено некаде, отколку дома), добар инструктор, добра музика и тоа е тоа. Ако можеш додај и возење ролери или точак на кеј.. и треба да има резултати. Со среќа!