најдобар начин да се мотивираш е едноставно да гледаш слики како што е спомнато претходно. Јас веќе 4 месеци вежбам и најубаво ми е, но околу половина година ми требаше да се подготвам психички. Сега ова го пишувам испотена и исцрпена бидејќи само што вежбав на отрбитрек, а вечерва и ќе ја правам мојата доза стомачни вежби.... се надевам дека ќе почеш и ти ..многу поздрав и успех
Според мене најдобра мотивација е да вежбаш пред огледало, полугол по гајки маичка и да го набљудуваш телото.И ке видиш што сакаш да смениш на своето тело.Подобра мотивација од самиот себе нема
Мене отсекогаш ме мотивирале ваквите слики, особено на десктоп. Секогаш кога стигнам до десктоп ме фаќа шубе дека цел ден сум на компјутер (скоро де ) и си го кревам мрзливиот газ од фотелјата да се размрдам малку, а некогаш богами и малку повеќе.
Не барам слики за да се инспирирам, се гледам во огледало, гледам каква сум, а каква сакам да бидам. Посебно сега имам голема мотивација бидејќи не ми треба премногу напор за резултатите што сакам да ги постигнам. Досега не вежбав, ама сега како што се топли времето, повеќе се разголуваме нели, па зошто да не вежбам кога со малку труд секој ден, можам да изгледам подобро. Само се надевам дека оваа мисла ќе ме држи и понатаму, и нема да се откажам наскоро.
a kim kim значи мотивација да добиете за вежбање е спас ако имате друштво а ако вежбате сами богами ке немате желба за такво нешто
Штета што овде немам големо огледало Ама ќе си најдам фармерки од порано,што се помали и ќе гледам да дојдам до степен да можам пак да ги облечам Еве,почнав да не јадам благо и многу леб,а и останато,поќе вода,е сега уште со вежбите да почнам ко шо треба... А да,и вага немам Ама ако,ќе се познава I have to do this! П.С.Кими,навечер нема да збораме за јадење
Се канам две недели да почнам да вежбам и никако да се кандисам Страм ме било ама читајќи ве вас ме мотивиравте и од утре почнувам go baby
и записи се на аеробик, или теретана.. кога ке поЧнес да одес .. едноставно.. станува дел од твојот живот а кога дома вежбам., кога трЧам.. брзо ми минува, и немам инспирација па ајде можам подоца па утре и така а ова нема си имас термин.. и има луге се дружите.. и мегутоа и веж бас преубаво е ..
Е кај мене проблемот е што има мотивација, ама се нема ред и дисциплина. Еден период ќе се засилам и ќе вежбам скоро секојдневно, а нареден само лежам со лаптопов во кревет и ме мрзи што дишам, а камоли да го поместам задников. Мотивацијата ја пронаоѓам во самата себе, односно огледалото ми е и најдобар пријател и најлош непријател. Од таму црпам инспирација и добивам позитивен фидбек доколку сум постигнала некакви резултати, ако не, вртам грб и колку можам избегнувам секаква средба со него. Друга работа што ме инспирира е кога читам успешни приказни за луѓе кои успеале од ништо да направат нешто и да добијат тело на кое многумина може да им завидуваат. Е баш ми е кеф кога гледам слики од трансформации и се лутам себе си што не сум истрајна барем во оваа работа - вежбањето.
Јас од 2 места добив инспирација за вежбање-од себе и од дечко ми. Прво си се навратив на периодот кога имав стомачни какви што сега само посакувам (сеуште, ама нема уште долго, ќе ги имам пак ), рамни ми беа, струкот беше одличен.....А од дечко ми добив инспирација гледајќи го и фаќајќи го неговиот задник (не се смејте за ова ), каков е тврд и оформен....ух Од кога почнав да вежбам почнаа полека но сигурно да се намалуваат стомачните, а сплесканиов мој задник почна да се оформува. Се надевам за некој месец ќе можам да му парирам на дечко ми Само што....како и Artemission-и мене ми фали дисциплина и истрајност Таман ќе видам некој резултат-оп ќе се опуштам и не вежбам некој период. За среќа, не траат периодиве долго, па се враќам брзо во форма за вежбање.
Во каква флегма сум се претворила не ми се верува, конечно си ја достигнав посакуваната тежина а стомакот расте ли расте и омекнува... По 50 стомачни правев во ден а денес една не успеав да направам Немаше кој да ми ги држе нозете и ајде под кревет ама мал простор е ... и напнав да се кренам ама требаше да одберам дали да си го шинам стапалото или дали да се треснам од паркет со главата и треснав ,се засмеав и од падот и смеењето мислам дека стомакот ми се тресеше 1 минута И така не почнав ни денес , ајде од утре ќе биде
Јас одма си помислувам дека ако не вежбам и не се стегам сега, на мои 20 години..како ќе изгледам за 10 години ? Целулити сала, дупки кожи и размафтани раци... И за неколку секунди сум со тегот в рака
Најдобро е да имаш друштво. Имам другарка со која си имаме поставено цел и секојдневно вежбаме заедно, значи трчаме на игралиште или на фитнес одиме заедно. Кога се натпреваруваш со некого многу поголема мотивација имаш, али не го ни оспорувам тоа што и ние самите сме си мотивација, изгледот на нашето тело. Спојлер И можеби сум офтопик ама да прашам. Значи трчам навечер накај 8/9 часот, дали вечерата која ми се состои од протеини и салати да ми биде пред трчањето или после трчањето?
Отприлика пола саат до саат после трчањето, со полн стомак и онака не би можела да трчаш а и сакаш енергијата да ја трошиш на вежбата а не на варењето храна. Во принцип се трча на празен стомак.
Си наоѓам било каква мотивација, сега на пример здравјето ми е мотивација, и дечко ми што ме поддржува. И да во друштво е многу полесно, нема да забушаваш, има кој да те подбутне ако успориш и така. Моментално сум на возење ролери и правење вежби низ дома цела недела. Барем еден ден си паузирам во неделата. П.С. Типкава ми е моментално една од најголемите инспирации! Значи неможам да и се изнагледам, и си ги практикувам вежбиве за почетници, плус на официјалниот сајт има некоја триесет дневна програма за вежбање, комбинирани вежби за торешње маснотии, обликување мускули, и истегнување, ми се виде интересно, се токмам да почнам. Еве може ќе и се најде во пресрет на некоја феминка http://www.youtube.com/watch?v=--pj4OvqbV0