и јас се согласувам. Јас сум многу инспирирана ама чекам да дојде распустов и секој ден почнувам оти вака немам време.ке почнам и фитнес и здрава исхрана
ги гледав сликите што сте ги постиралееееееее! ОДАМ ДА ВЕЖБАМ! http://www.youtube.com/watch?v=d19eBjpP2Aw иначе типкава ми е инспирација, бомба е баш сакам да имам тело како неааа... Посебно оваа сликааа!
http://www.youtube.com/watch?v=qX9FSZJu448 Ми иде да рипнам на Орбитрекот и да го раскостам. Ако може типов да изгуби повеќе од 50кг додека оди со штаки, јас здрава и права можам повеќе.
Има ли поголема мотивација од помислата на убаво тело со кое ќе се гордеете и со задоволство ќе го покажете летово по плажите?! Вежбајте кога најмногу ве мрзи, кога сте најнерасположени и кога ви е најтешко. Ако ги поминете тие кризни периоди кои се јавуваат на почетокот нема да можете да си го замислите животот без вежбање. Според мене луѓето кои спортуваат освен што живеат поздрав живот и изгледаат подобро се и посреќни, порасположени и посоцијализирани. Не чекајте - ПОЧНЕТЕ ОД ДЕНЕС!!!
Ми дојдоја солзи на очи бе Многу ми е мило што се нашол еден човек со доволно голема трпеливост, упорност и човечност за да му помогне на овој човек. Најмногу ради подвижноста ми е мило. Ех што ти прави довербата и упорноста... ова уште толку го потрврдува тоа дека се е можно ако веруваш. Јогава ме фасцинира одамна ради вакви примери, најстарите луѓе што вежбаат најчесто јога вежбаат и се поздрави и од нас младиве. Што и прави јогата на телото...
Jас со дечко ми на камера вежбам, прво јас 20 стомачни и 5 склека, тој ме гледа, после тој прави јас го гледам Hа сабајле и навечер. тој ми даде идеа да вежбаме малце, инаку јас сама нема шанса па другата недела ќе почнеме со 30 стомачни
Алал да му е на човеков, може да успее човек само ако сака и има преголема желба за тоа, некогаш и туѓите животни проблеми можат да бидат доволна мотивација за човек да успее во некои работи Ах, јогата, едно време вежбав, па прекинав, а сега имам тенденција да продолжам пак со неа, здравје, отом потом, се занимавам со вежбиве, а добра ми е за релаксација.Иначе нонстоп имам инспирација за вежбање, една музика за играње и ете ми ја инспирацијата ем играм, ем вежбам и тело - ремек дело
Ова го најдов вчера http://www.kafepauza.mk/zivot/motivacis ... vezhbanje/ Eте некои мои омилени цитати: „Не постои такво нешто како лошо време, само слаби луѓе.“ - Бил Бауермен „Не станува збор за тоа дали ќе те соборат, туку за тоа дали потоа ќе станеш.“ – Винс Ломбарди „Болката е привремена. Откажувањето трае цел живот.“ - Ланс Армстронг
Ова беше мојата мотивација во текот на месец март, а богами и уште, иако искрено пак ми згаснува желбата за вежбање, ама тоа е. Ќе се ставам во нормала после државната матура, чесен матурантски збор!
Се изнагледав, се изнаиграв, се изнавежбав на песнава... Mотивација музиката, а и женската во неа, лудница. http://www.youtube.com/watch?v=wzqdVJK5rCY&feature=related
луѓе јас не знам што ми се дешава ама решена сум задникот...да го стегнам дури може......и вежбам како луда па ќе ви казам дали ќе има резултати....инаку секој дел од него и нозете ме болат ненормално...зачи има ефект...
Aaaa луѓе ова е страшно! 3 месеца назад се убедувам да вежбам и демек здрава исхрана,ама никако! Сеа ги гледам овие од Survivor за 30 дена колку ослабнаа. Е така сега јас секој ден ќе си јадам ориз,ама плус овошје и зеленчук,воедно и вежби па ќе видиме. Тоа ми е некако како испробано затоа што тие многу кг изгубија само за 1 месец,па тоа ми е мотивација.
^Ќе има ефикасност така да, ама не е ок долго време на едноврсна храна да си само, во случајов ориз. Особено ако имаш поосетлив организам или желудник, па по диетата ако почниш на стара исхрана, лошо е. Подобро почни полека но сигурно, крати по малку од јадењето, овошје и зеленчук секојдневно задолжително и почни вежбај. Имам слабеено со диети а и со вежбање и добро ја знам разликата. Успех е ако го доведиш телото во добра физичка и кондициона форма со вежбање за да ти троши повеќе енергија, со самото и повеќе калории. Во меѓувреме да внимаваш на храната, а не ослаби екстремно со диета, па по месец дена по старо и само шокови за телото. Се надевам ќе сфатиш некогаш сама дека овој е единствениот начин за цел живот, да не е моментално слабеењето...
Погледни се во огледало, и ке ти стане се јасно, ако несакаш да имаш стомаце спојлер и растресени бутови, онда ке си ветиш дека ке го средиш тоа, ... на почеток е тешко и кондиционо и дека немаш навика, кога ке ги видиш резултатите од вежбањето, вон часовите кои ги посетуваш и дома ке вежбаш за поголем ефект ... и после на плажа таквите како тебе сега, ке те гледаат и ке си речат што ме мрзеше да вежбам, намето да го фрлаш пешкирот на плажа кога си веке пола во вода и наместо да те чекаат во плитко со истиот(за да искочиш а да не ти биде срам, ке си шеташ по гакички најзгодна на свет и ИЧ нема да ти чуе!
Нема веке. Искрено ветувам дека почнувам од понеделник. Секој ден теретана после работа и еднаш неделно на базен.
Најмногу инспирација добивам хм... кога ќе видам некоја слика со ептен згодна девојка особено кај Адриана Лима кога ќе и гледам слики и одма ми иди да го земам јажето и одеднаш да направам 1000 скока,исто така ме мотивира и некој секси спот со ептен секси девојки посебно оние на pussicat dolls кога ќе и го видам телото на Никол ми иди некоја супериорна сила инаку не е воопшто лоша идеата да си ставам на дескоп таква слика
јас добивам инспирација од девојките на моите бивши.....ептен јако тело имаат и вежбам за да бидам појака од нив хахахахаха