срценце е прав пример за немотивираност и мрза за вежбање пробував неколку пати, дечко ми дека е спортист ми направи и листи со специјални вежби само за мене и ги правев 2 дена и после тоа лежи на кревет, доформирај дупка у него срамота туфф слаба сум меѓутоа ептен малце да се затегнам ништо друго не ми треба инаку вака рамна сум
Минатото лето се договоривме со другарка ми да вежбаме со зумба. Не бев дебела но не бев задоволна со тоа како изгледав. Но мене баш и не ме бива за танци, играње, па се префрлив на кардио. Ме фати некоја еуфорија и мислев дека кратко ќе трае, но за среќа не се откажав. Цело лето ги вежбав вежбите на Rebecca Louise и навистина ослабев 5 кг и телото ми доби некоја форма и тоа уште ми дава инспирација за вежбање само што сега поретко практикувам, а понекогаш одам на трчање што не само физички туку и психички ме релаксира. Само не е само вежбањето. Не е работата да вежбаш , да се испотиш, да се истушираш и да јадеш како да не си видел јадење со денови. Веќе пола година полека полека ги откажувам некои намирници кои не се здрави како мајонез, паштети и сл. пијам многу зелен чај и вода, секое утро кога станувам пијам јаболков оцет со вода, и со тоа ја одржувам мојата телесна маса. Сепак сега е зима и внесуваме повеќе калории. И запаметете не добивате само добро обликувано тело и здрав дух, туку и зголемена самодоверба што мене многу ми помогна во изминативе неколку месеци.
Здраво на сите нова сум на форумов и ги разгледував темите и случајно налетав на оваа..Значи луге најголема мотивација е да си ставите слика пред вас како што сте сега со таа килажа и секој месец да се сликата од поново и да споредувате.Јас сум осмо оделение но во 6 значително се здебелив,но тогаш не ми беше гајле имав може 60кг ако не и повеќе.. Кога ми влегоа бубачките у глава сватив дека тоа е премногу и бев окупирана да ослабам и летово сакајте верувајте сакајте не секое сабајле станував во 6 и одев да трчам.Трчав најмалку 30мин и кога ќе дојдев дома се туширав и јадев една кришка леб со зеленчук било каков,за ручек јадев било што но без леб и за вечера исклучиво само овојше или салата..Цели три месеци со тоа темпо ослабев 15-17 кила и сега имам 43кг што е одлична килажа за моја висина 160-163.Секако од мојата исхрана го исфрлив хамбургерот,пицата,чипсот,чоколадото и одвратните пржени компири од по сендвичарине Да не бидеме престориги си дозволував 2-3 пати во месецот и пица да пробам и чоколадо..Све што ви треба е активност и здрава исхрана.Позз до тие што имаат ист проблем со мојот и не се одкажувајте дечки само упорност и упорност и све се може па и да се ослабе